Почина актерската легенда Мите Грозданов

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.497
Поени од реакции
80.564

Денеска во Скопје на 75 годишна возраст почина Мите Грозданов актерската легенда на македонскиот театар, филм и телевизија.

Роден на 14 декември 1943 во Струмица. Во пензија замина во 2008 година но и по пензионирањето беше активен во својата професија. Го нарекуваа мајстор на монодрамата.

„Си отиде еден од оние неколку луѓе заради кого занемено се вљубивме во театарот кога беше поумно да се вљубуваш во други работи! Си отиде човекот од кого научивме дека со театарот и сите оние други вљубувања имаат сила и страст за да траат засекогаш! Си отиде човекот чии реплики сме ги знаеле наизуст само од гледање! Си отиде човекот кој за нас беше човек кога за публиката беше Бог! Си отиде Мајсторот! Бог да го прости ..чич` Мите,, напиша во својот последен поздрав режисерот Јани Бојаџи.

Биографија

Веднаш по дипломирањето на Театарската академија во Белград во 1967 година, станал дел од Драмскиот театар Скопје, а една година подоцна, во 1968 година го добил највисокото театарско признание во Југославија „Златен ловоров венец“ за главната улога во претставата „Партитура за еден Мирон“ од Коле Чашуле.

Во својата театарска дејност се истакнал со мошне сензибилна фактура, залагајќи се секогаш со максимална лична креативност и сценска еластичност. Своевремено, своите режисерски амбиции ги остваруваше со драмските аматери на КУД „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија.

Од декември 2008 е пензионер, после деценискиот работен век во Драмскиот театар во Скопје. Еден од неговите најзначајни проекти е режирањето на претставата “Стрниште затвор за жени”, во која што главната улога ја игра актерката Николина Василевска а во неа се појавува и доајенот на македонското глумиште Соња Каранџуловска.

Награди

1968 година „Златен Ловорев венец“ на Фестивал на мали и експериментални сцени во Сараево (МЕСС) за насловната улога во претставата „Партитура за еден Мирон“ од Коле Чашуле

Награда „Млад Борец“

Награда на Театарски игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп за улогите Светозар во „Карамазови“ и Иљо М. во „Сенката“

Сребрена плакета на фестивалот на монодрамата за улогата во „Дрво на ридот“

1984 година бил прогласен за актер на годината според ревијата „Екран“

Ние ќе го паметиме по Црно Семе, Еурека, Опстанок, Случки од животот, Солунски Патрдии, Илинден, Курирот на Гоце, Смилевскиот Конгрес итн...







 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Редовно го гледав низ населбава, прилично беше посветен на чашката последниве години.

Имаше глумечка харизма, добар глумец беше. Слава му.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.278
Редовно го гледав низ населбава, прилично беше посветен на чашката последниве години.

Имаше глумечка харизма, добар глумец беше. Слава му.
У оноа скара Жар дремеше нон стоп, на Московска. Да, пијан постојано. Али то ти се уметници, по вокација мора декадентен живот да водат.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
У оноа скара Жар дремеше нон стоп, на Московска. Да, пијан постојано. Али то ти се уметници, по вокација мора декадентен живот да водат.
Да, да, у Тафталиџе.
Пак ќе кажам, еден од подобрите театарски глумци што сме ги имале.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
Добар актер. Јас не сум одел на театарски претстави во Скопје да го гледам но од оние на МРТ драмски серии што ги имам гледано стварно беше добар.

Неја почива во мир.
 
K

kicodarker

Гостин
Изгледа "таму горе" се отвориле две нови места од полето на културата, па во краток период заминаа две легенди, Горан и Мите.
 
Член од
10 јануари 2012
Мислења
16
Поени од реакции
3
Кој гаа гљедал представата "Струмичкио Смок" ус чич Мите у улогата на Иљо М. знаа за шо гуворам. Тии шо не се га, препорачувам им да си наат лента, снимана од представата и да седнат да сее изгљедат.
Нек моо лека земната.

Sent from my SM-G955U using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom