Почина актерот Ванчо Петрушевски

  • Креатор на темата Име И Презиме
  • Време на започнување

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Скриени зад псевдоними и никови се ситат на несреќа.Очекував и некоја ваква будала да смеша политика.
Ванчо Петрушевски препознатлив по улоги на циганот Рамче, Улоги како турчин арамија....

Прегледај го приврзокот 195878
Не се само тие, еве и овие копилиња го музат до 1001 и назад...
Што порача актерот Ванчо Петрушевски на протестите на „За заедничка Македонија“? (ВИДЕО) – Kurir.mk

Аман нека го остаат на раат...
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Нека почива во мир.

Сакаме да градиме граѓанско општество, се прават напори да се влезе во ЕУ и нато, а притоа да се нема ни грам култура (па ни памет) и да се оди со лични напади и (навреди) на веќе починат човек кој им нема направено ништо лошо е крајно идиотски. Ќе беше во ред да се отвореше дебата за неговиот граѓански (или политички, како сакате) активизам, но ваквите испади, ќе повторам, се крајно идиотски, па дури и невкусни. Се фрлаат во вода децении работа и фокусот се насочува кон тој еден даден момент! Прво со Есма, па потоа и ова. Ако се отвори истрага за говорот на омраза кога беа пожарите, па потоа и поплавите во Грција, нашето обвинителство ќе мора да се активира и сега. Двојните стандарди мора да завршат и мора да престанат да играат по диктат на секоја нова власт. Тажно и глупаво, нема што повеќе да се каже.
 
Ф

Флеш

Гостин
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод смртта на актерот Ванчо Петрушевски, упати писма со сочуство до семејството Петрушевски и до Драмскиот театар во Скопје.

– Со прераното заминување на Ванчо Петрушевски загубивме голем актер и прекрасен човек. Ќе останат во сеќавањата неговите остварувања на театарската сцена, како и бројните ангажмани во филмски, телевизиски и радио проекти. Со својот раскошен актерски талент остави неизбришлив печат во еден од најпопуларните телевизиски проекти, Македонските народни приказни и во култната радио емисија Хихириху, наведува во писмата со сочувство претседателот Иванов.

Натаму, во сочувството до семејството и до Драмскиот театар, тој истакнува оти Петрушевски беше сестран уметник кому актерството му беше многу повеќе од професија, и како таков секогаш ќе биде пример за професионалност и посветеност. – Нека почива во мир, се вели во сочуството од претседателот Иванов.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.888
Ramce lesna ti zemja, ke ni nedostigas na site, a najmnogu na tvojata familija i najbliskite. pocivaj vo mir, ekimmmm !!!!!
 
J

jakovdi

Гостин
Тој најубаво го глумеше гаволот во приказните на мтв,таа генерација актери беа посебни.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Бог да го прости, нека почива во мир. :(

Сите сме растеле со приказните, вечно ќе се сеќаваме на неговата глума.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom