Почина Жак Фреско

  • Креатор на темата Anon
  • Време на започнување

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
На 18 мај 2017 со проживеани 101-на година, почина американецот Жак Фреско.

Жак Фреско беше самоук инженер/архитект/дизајнер најмногу познат по The Venus Proejct, проект чија главна цел е да покаже еден футуристички дизајн за светот со економија базирана на ресурси а не пари.
Светот изгуби еден голем визионер и неверојатен ум.
Неговите активности веројатно ќе ги продолжи партнерката Роксана Медоуз.

Документарецот The Choice is Ours во кој може да се види начинот на размислување:

Две интересни предавања од Жак:

„А бе глупости ова многу е долго и никогаш нема да биде светот ваков, капитализмот ќе си фура, ќе си глеам пренкови на Youtube и ќе си скролам по фејсот и инста“.
 
Последно уредено:

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Пред едно 10 години кога излезе Zeitgeist, во глобала се согласував со Жак Фреско, скоро во секој поглед за тоа како треба да изгледа едно општество.
Се согласувам и сега, освен за делот во кој вели дека сите луѓе треба да бидат напикани во еко-градови, или што и да се.

Научно е докажано дека луѓето што живеат во метрополите се доместифицирани, припитомени, слаби, кршливи и зависни.
Секоја идеја која има за цел создавање на "подобро општество" е промашена во старт.

Прашај го било кој комерцијален, мејнстрим политичар, без разлика дали е демо-христијанин или социјал-демократ,
која е вашата цел и за што се залагате,
тој ќе ви одговори: Да ја направиме нашата земја подобро место за живеење...
Празна, Generic изрека, која сама по себе не значи ништо.
Не можеш да направиш едно општество подобро, кога истото тоа општество
произведува маси од имбецили, и ситуацијата се влошува година за година,
а човекот се смета за обичен ресурс, и ништо повеќе од тоа.

Фокусот на секоја идеја мора да биде човекот, т.е. создавање на поквалитетен човек.
Квалитетните луѓе потоа ќе направат квалитетно општество, а за економијата,
дали ќе биде ресурсно базирана, комунизам или фашизам, нема да биде толку важно.

Нека му е лесна земјата на Жак Фреско, беше dreamer.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.626
Поени од реакции
34.877

Па тоа ти го кажува и Жак, тој се води по тоа дека не постои насилна човекова природа, истата е создадена во текот на живеењето на човекот во вакви ненормални системи како сега. Ако ти имаш „идеално општество“ какво што тој предлага, со смена на неколку генерации луѓето ќе еволуираат во тоа што ти го нарекуваш „поквалитетен човек“. Човекот се залага и секој да има право на образование, тоа е првиот чекор со кој може да произведеш за едно ниво посовесна личност. Колку помали разлики во општеството помеѓу луѓето, толку помала можност за развиток на тие со „искривена човекова природа“ т.е насилници, силувачи, разбојници и слично. Ако се е достапно на сите, тогаш нема да има потреба да ограбува, ако машините во иднина ни ја работат работата според сегашното општество ќе живеат само тие што имаат купено машини, а сите работници ќе останат без работа, според неговото вика зошто да мора да седиме на работа, кога може машината да работи и да произведе за да функционира општеството, т.е за доброто на сите.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.419
Поени од реакции
7.757
човеков е чекор пред времето.
Многу од работите што ги збори се перцепирани како идеали, утописки замисли за човештвото.
Но доколку дојде до реална промена на свеста кај секој од нас, не гледам зашто да не бидат воспоставени сите работи кои он ги тврди.

Жесток поборник за употреба на чисти и обновливи енергетски извори, критичар на искористувањето на фосилните горива и природниот гас.
Нешто што засекогаш ќе ми остане запаметено е следново : политичарите неможат да бидат лидери на промените и напредокот, бидејќи не се СПОСОБНИ за истото. Единственото нешто кое ги прави човекот и човештвото понапредни е технологијата.
Политичарот незнае да направи мост, незнае да направи ултра брз воз кој ќе иде со 300 км на час. Единствените луѓе кои можат да го направат светов поубаво место за живеење се научниците.

Жалосно е што никој никаде во ниедна наука не го спомнува ликов. Не е ни прв ни последен уствари, покрај Тесла. И тоа не е само во Македонија, насекаде низ светов.
Тоа е, како научник, ако допринесеш во зајакнувањето на капитализмот и капиталистичката практика ќе бидеш великан (Едисон), а доколку гледаш да го оттргнеш човештвото од капиталистичките стеги, тогаш си никој и ништо (Фреско и Тесла) .

И покрај тоа што физички умре ликов, неговите дела, говори, книги ќе останат запаметени и ќе бидат предмет на изучување долго време во иднината. Жак Фреско е модерен да Винчи. Само ќе поминат неколку векови кога луѓето ќе сфатат колку уствари пред неговото време бил ликов.

RIP
 
Kajgana Shop

На врв Bottom