Почина Дејвид Рокфелер

Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
854
Бог да го прости, умре прерано, сакаше да живее до 200 години... душичка, не му се исполни желбата, изгледа седмово срце биле кинеско.:(
 
Ф

Флеш

Гостин
Колку толку, сега светот ќе стани барем малку подобро место за живот. Уште ќе се нарекува ``човекољубец`` и незнам што:facepalm:
Дури постојат вакви вошки кои само цицаат туѓа крв....тешко дека ќе има мир меѓу луѓето
најпознатите филантропски семејства во светот. :LOL:
 
S

Samurai_Sk

Гостин
Сега да го видам колку милјардите и помогат
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Сега да го видам колку милјардите и помогат
хаха, човеков 7 срца имаше добиено а сигурна сум дека на листата на чекање имало позаслужни пред него по бодовен ранкинг. Ако тоа не е помош не знам што е.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.456
хаха, човеков 7 срца имаше добиено а сигурна сум дека на листата на чекање имало позаслужни пред него по бодовен ранкинг. Ако тоа не е помош не знам што е.
Кузнае какви научници - хирурзи и што уште не работеле на него, како по ѓаволите 7 срца му пресадиле?!?!?!? К А К О ?!

Кузнае какви напредни зафати и модификации му правеле.
 

interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.419
Поени од реакции
3.642
Веќе му помогнале, се тоа што живеел 30 + од просекот горе доле.
Не сум сигурен, имам јас еден дедо, моментално има 100год без ниту една трансплатација, и овој толку имал да живее, но за разлика од мојот дедо овој повеќе бил во болници него дома да ужива во животот.

Иако имал милијарди за него овој живот бил пеколен, како што и заслужил.

И 100 трансплатации да направат пак нема да можат да добијат вечност, тоа е мит, мора еден ден да легнат во земја и да одмарат малце.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.456
Не сум сигурен, имам јас еден дедо, моментално има 100год без ниту една трансплатација, и овој толку имал да живее, но за разлика од мојот дедо овој повеќе бил во болници него дома да ужива во животот.

Иако имал милијарди за него овој живот бил пеколен, како што и заслужил.

И 100 трансплатации да направат пак нема да можат да добијат вечност, тоа е мит, мора еден ден да легнат во земја и да одмарат малце.
И како е релевантна споредбава?
 
S

Samurai_Sk

Гостин
Јас кажав после смрта бе луѓе, што ако живеел уште 30+ години. Пак умре и сега ке биде само храна за црвци.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Не сум сигурен, имам јас еден дедо, моментално има 100год без ниту една трансплатација, и овој толку имал да живее, но за разлика од мојот дедо овој повеќе бил во болници него дома да ужива во животот.

Иако имал милијарди за него овој живот бил пеколен, како што и заслужил.

И 100 трансплатации да направат пак нема да можат да добијат вечност, тоа е мит, мора еден ден да легнат во земја и да одмарат малце.
Да бе сигурен сум дека со милијарди во банка животот му бил пеколен. Ми се повраќа кога луѓе богатството го асоцираат со несреќен живот, а всушност е обратно.

Богат човек што разбира дека парите се алатка е многу посреќен од некој кој нема леб да јаде. Рокефелер можеби заслужил многу полошо ама прилично сум сигурен дека проживеал 99% подобро од остатокот од светот во кој 20 милиони деца умираат од глад, војни и ред други срања.(За што делумно ваљда е по негова заслуга :pos:)

П.С Ептен се напаливте на смртта на човеков
П.С2 Забораваат луѓево дека и Рокефелер и Хитлер и ред други како нив срањата не ги прават сами туку некој(читај сите) им помагаат.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Не сум сигурен, имам јас еден дедо, моментално има 100год без ниту една трансплатација, и овој толку имал да живее, но за разлика од мојот дедо овој повеќе бил во болници него дома да ужива во животот.

Иако имал милијарди за него овој живот бил пеколен, како што и заслужил.

И 100 трансплатации да направат пак нема да можат да добијат вечност, тоа е мит, мора еден ден да легнат во земја и да одмарат малце.
Дедо ти е само еден пријатните исклучоци во безбројното мноштво кое тешко доживува 80+ години, а да не зборуваме за повеќе од тоа. Гледај на неговиот долг живот како на сплет околности и добро генетско наследство.
Всушност, кај нас животот најчесто трае до оној момент додека ненадејно не се соочиме со првиот сериозен здравствен предизвик на зрела возраст. Потоа сме препуштени на нашето здравство, кое се грижи остатокот од животот да ни го направи што понепријатен.

Уживал Рокфелер многу повеќе отколку што очекуваш. Уживал уште откако бил свесен за себе и навикнал секојдневие да му бидат работи за кои најголемиот дел од човештвото било кога и било каде може само да сонува.
Многу од познативе и непознативе финансиски супер тешкаши го живеат животот со таков интензитет и брзина, се растураат од тресење жени, мажи, деца и дегустирање наркотици и алкохол, што им требаат цели лекарски тимови пак некако да ги состават. Еве, овој Рокфелер е неколку пати реставриран. За нив нема правила и закони.

Инаку, Дејвид Рокфелер е само симбол, ништо повеќе. Ако имал некаква улога и влијание врз одредени политички и економски состојби, одамна ги препуштил на некој помлад сродник или соработник.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
хаха, човеков 7 срца имаше добиено а сигурна сум дека на листата на чекање имало позаслужни пред него по бодовен ранкинг. Ако тоа не е помош не знам што е.
Човекот што ја водеше и финансираше светската здравствена организација(WHO), истата организација која што одлучуваше кога и каде да се прогласи епидемија, пандемија и сл. Зар мислите дека таков човек треба да чека на бодовна листа :pos:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Човекот што ја водеше и финансираше светската здравствена организација(WHO), истата организација која што одлучуваше кога и каде да се прогласи епидемија, пандемија и сл. Зар мислите дека таков човек треба да чека на бодовна листа :pos:
Тоа зборам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom