Почина Вања Лазарова

Velix

Kirk Hammett
Член од
18 мај 2012
Мислења
674
Поени од реакции
207
Нека почива во мир.. :(
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.523
Поени од реакции
62.382
Се надевам дека последните неколку години ги преживеа мирно, знам дека имаше проблеми од финансиска причина...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Нека почива во мир :( таа беше вистинското национално богатство кое требаше да го штитиме.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Се надевам дека последните неколку години ги преживеа мирно, знам дека имаше проблеми од финансиска причина...
Да, беше сместена во дом.....далеку од очи, далеку од срце......но имаше неверојатен глас. Јас лично не сум љубител на македонската музика, но женава беше нешто невидено. Јас не знам дали има некоја жива наша музичка ѕвезда, која има дадено толку многу во хуманитарни цели, имала работено на толку многу хуманитарни проекти, придонела толку за македонската музика, а на крајот завршила како што заврши Вања. Тоа денес ти се се’ партиски лигуши кои се тртат по штабовиве да земат дебели пари. Дали само се сеќаваш толку проблеми имаше за таа национална пензија!? Тоа е срамно.

Се надевам дека ќе има информација кога ќе биде погребот. Ни беше и семеен пријател, и навистина добар човек, најмалку што заслужува е пристоен погреб. :(
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.503
Поени од реакции
11.570
Бог да ја прости !!!

http://makfax.com.mk/kultura/почина-вања-лазарова/

Почина Вања Лазарова

12.03.2017, 19:32

Доајенката на македонската народна музика, Вања Лазарова, почина на 86 годишна возраст.



Лазарова е родена на 27 април 1930 во селото Страцин, Кратовско.

Извесно време работеше во Операта при МНТ, а била членка и на Државниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“.

Има испеано стотина македонски изворни народни песни, од кои најголемиот дел се снимени во продукцијата на МРТ. Има настапувано на голем број концерти на повеќе континенти. Пеела во Алберт Хол во Лондон пред британската кралица Елизабета II и премиерот Винстон Черчил.

Таа е прва македонска пејачка која има снимено плочи за најголемите издавачки куќи „Полиграм“ и „Филипс“.

Посебен придонес има во соработката со групата „Анастасија“ при создавањето на музиката за филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски. Нејзиниот вокал е особено податлив за синтезите во етномузиката.

Во 2014 јавноста беше вознемирена од веста дека Лазарова живее заборавена од институциите во дом за стари лица со скромна пензија, и илјадници луѓе ја потпишаа онлајн петицијата со барање таа да добие национална пензија од Министерството за култура. Подоцна, продуцентот Иво Јанковски, чија продуцентска куќа „Трето уво“ објави три нејзини албуми („Македонски традиционални љубовни песни“, „Ритмистика“ и „Лулка“) ја подготови документацијата за Вања истата година да ја добие државната награда „11 Октомври“ во областа на културата, а со тоа по автоматизам и национална пензија од Министерството за култура.

http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=09AD20458004554883D81514B95150F8

ВИДЕО: Почина Вања Лазарова

12.03.2017, 18:24



Таа ќе остане запаметена како еден од најдобрите изведувачи на изворни народни песни

На 86-годишна возраст во Скопје, почина доајенот на македонската народна музика Вања Лазарова.

Таа ќе остане запаметена како голем уметник и еден од најдобрите изведувачи на изворни народни песни.

Вања Лазарова беше родена на 27 април 1930 во село Страцин, Кратовско. Извесно време работела во Операта при МНТ, а била член и на Државниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“.

Има испеано стотина македонски изворни народни песни, од кои најголемиот дел се снимени во продукцијата на МРТ. Има настапувано на голем број концерти на повеќе континенти. Пеела во Алберт Хол во Лондон пред британската кралица Елизабета II и премиерот Винстон Черчил.

Посебен придонес има во соработката со групата „Анастасија“ при создавањето на музиката за филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски. Нејзиниот вокал е особено податлив за синтезите во етномузиката.

Вања Лазарова пеела со различни фолклорни ансамбли. Била член на ансамблот на Македонската радиотелевизија, а има настапувано и со Македонската филхармонија. Таа е првата македонска пејачка која има снимено плочи за најголемите издавачки куќи Полиграм и Филипс. Добитник е на повеќе меѓународни музички награди.

Голем е нејзиниот придонес во музиката од филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски кој доби награда „Златен лав“ на фестивалот во Венеција во 1994 година.

https://www.youtube.com/watch?list=PL0pRRiqbZlffJUJDTdn4LrFGasXi_bDUT&v=-b41JMNF1r8


Вања Лазарова Димитрова
27 април 1930 - 12 март 2017

Лесна и` земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.523
Поени од реакции
62.382
Да, беше сместена во дом.....далеку од очи, далеку од срце......но имаше неверојатен глас. Јас лично не сум љубител на македонската музика, но женава беше нешто невидено. Јас не знам дали има некоја жива наша музичка ѕвезда, која има дадено толку многу во хуманитарни цели, имала работено на толку многу хуманитарни проекти, придонела толку за македонската музика, а на крајот завршила како што заврши Вања. Тоа денес ти се се’ партиски лигуши кои се тртат по штабовиве да земат дебели пари. Дали само се сеќаваш толку проблеми имаше за таа национална пензија!? Тоа е срамно.

Се надевам дека ќе има информација кога ќе биде погребот. Ни беше и семеен пријател, и навистина добар човек, најмалку што заслужува е пристоен погреб. :(
Знам од тоа што читав по медиуми, а го гледав и прилогот. Зарем нема никој од поблиското семејство?
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Огнен Јанески имаше напраено емисии за нејзе и ако не се лажам она до пред ангажирањево на Огнен живеела дома со синот и снаата кои биле невработени и живееле само од социјална помош. После ангажирањево на Огнен на нејзе и беше дадена мислам пензија за национален уметник, а истовремено од овој домот решија бесплатно да ја сместат таму.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.308
Поени од реакции
22.593
Neka pociva vo mir. Neverojaten glas
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Нека почива во мир:(

 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Знам од тоа што читав по медиуми, а го гледав и прилогот. Зарем нема никој од поблиското семејство?
Има син, за волја на вистината тој максимално се посветуваше на неа, но ако капиталот, а со тоа и можностите ти се ограничени, не можеш да направиш ништо повеќе. Кутрата целосно ослепе, а и здравјето и се влошуваше последниве години. Државата со прст не мрдна да интервенира....но што било, поминало. Ова нека биде една многу важна лекција за сите нас како општество, а пред се за државата.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.893
Поени од реакции
7.569
Нешто најдобро што излело а сепак има и модерен звук. Кирил и Вања одличен спој

Ова засекогаш ми влезе во глава од Вања и од спотот реклама за Македонија.

Последно на Цветници 2016 и беше доделено награда за животно дело

Има и еден документарец некаде правен после оној прилог од Огнен на 24 вести и давање на пензија за национален уметни ама никаде го нема да се гледа.




Нека почива во мир.
 
Последно уредено:

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.964
Поени од реакции
35.573
Кралицата која пееше пред кралицата. Бог да ја прости.
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.098
Поени од реакции
2.220
Нека почива во мир
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Бог нека ни ја прости, голем и битен човек во секој поглед беше Вања Лазарова.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom