Почина Боби Фарел од Boney M

Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434



Боби Фарел,единствениот машки член на популарната група од седумдесеттите Boney M, е пронајден мртов во хотелска соба во Санкт Петерсбург,Русија.

Причината за смртта на 61 годишниот пејач сеуште не е утврдена,но неговиот агент тврди дека се жалел на тешко дишење пред и по неговиот настап во Русија вчера.
Фарел требало за Нова година да настапува во Италија.

Фарел честопати во својата кариера беше под удар на критиките,па дури и продуцентот на групата кој го пронајде Франк фериан призна дека тој,а не Фарел,ги пеел машките вокали на песните на Boney M.Но,настапите на Фарел и неговите специфични танцувачки способности даваа печат на групата.

Во приватниот живот Боби фарел во беше женет со поранешен модел од Макеоднија,Јасмина,со која има две деца.Во неговата биографија пишува дека падовите во неговата кариера имале ефект и врз бракот кој подоцна бил поништен.

Популарната диско група Boney M беше хит во седумдесеттите,а се распадна во 1986 година.Нивните хитови „Daddy Cool“ и „Rivers of Babylon“ не се забораваат.

извор:http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=102&egId=19&eventId=69281


уште една музичка легенда ,па да се подсетиме

 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.202
Поени од реакции
81.304
Во приватниот живот Боби фарел во беше женет со поранешен модел од Макеоднија,Јасмина,со која има две деца.Во неговата биографија пишува дека падовите во неговата кариера имале ефект и врз бракот кој подоцна бил поништен.
Јасмина е Ромка од Шутка. Свадбата им беше у Скопје. Ромката што го чуваше брат ми, памтам, не дојде тој ден на работа - отиде на свадба.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Јасмина е Ромка од Шутка. Свадбата им беше у Скопје. Ромката што го чуваше брат ми, памтам, не дојде тој ден на работа - отиде на свадба.
Не е од Шутка, туку од Виена, мајка и и татко и се од Шутка :) , а таа и брат и кој се вика Шабан Шабан се родени во Австрија. Патем информациите ми се изворно од Шабан Шабан со кој заедно служевме војска во Марибор. Инаку своевремено се сеќавам дека МТВ имаше репортажа од свадбата, која како што рече и ти, беше во Скопје. Тогаш тоа беше голем настан со оглед дека тоа беше периодот и златното време на Бони М.

П.С. Бог да го прости Боби Фарел, лесна му земја.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.202
Поени од реакции
81.304
Да, точно. Сега ме потсети, дека она не живееше у Шутка, туку само потеклото и беше од таму.
Но, за ова:
...Тогаш тоа беше голем настан со оглед дека тоа беше периодот и златното време на Бони М.
...
- Си грешка.
Златното доба на Бони Ем, беше пред свадбата. Свадбата беше во време кога звездата им беше веќе троа потемнета.
Свадбата беше 1982 од прилика. А нивното златно доба е некои 3-4 години пред тоа.
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
789
РИП о голем нигеру
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Умре најголемиот црн македонски зет на сите времиња. RIP.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Да, точно. Сега ме потсети, дека она не живееше у Шутка, туку само потеклото и беше од таму.
Но, за ова:

- Си грешка.
Златното доба на Бони Ем, беше пред свадбата. Свадбата беше во време кога звездата им беше веќе троа потемнета.
Свадбата беше 1982 од прилика. А нивното златно доба е некои 3-4 години пред тоа.
Така е, златното доба им беше пред тоа, меѓутоа нели актуелните музички вести во тоа време честопати каснеа со оглед дека тогашниот систем имаше еден вид цензура на западната музичка сцена, па кај нас и немаше баш навремено презентирање на нивната актуелност. Како и да е, во право си ти.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Почивај во мир Боби!

Свадбата... пола Скопје, висевме пред тогашен Метропол во очекување да чуеме некој од нивните хитови во живо...ама...џабе...:vozbud:... јбг... не секој ден во Скопје доаѓаа Бони М....
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Прв пат слушам за човеков..али добра е музикава..сепак нека почива во мир!
 
T

Tetro

Гостин
Епа ај, си замина човекот, делата останаа.

Почивај во мир, голем човеку.
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
duri sega citaam deka pocinal covekot,inaku dobri pesni koi sto se slusaat se uste
inaku od kade e covekot (grupata)
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
946

Kajgana Shop

На врв Bottom