Почина Благоја Спиркоски - Џумерко

Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.912
Поени од реакции
1.420
Извор: http://telma.com.mk/vesti/pochina-akterot-blagoja-spirkoski-dzhumerko
----
Почина актерот Благоја Спиркоски-Џумерко
11 June, 2015 - 11:20



На 69-годишна возраст денеска почина познатиот театарски и филмски актер Благоја Спиркоски-Џумерко.

Одиграл повеќе улоги, а најпознат ќе остане по улогата на Итар Пејо во „Солунски патрдии“. Беше член на Народниот театар во Прилеп од 1966 година се до неговото пензионирање.

Џумерко имаше огромен придонес во македонската култура со бројните остварени улоги во македонските играни филмови: „Тетовирање“, „Викенд на мртовци“, „Како убив светец“, тв-сериите: „Бумбари“, „Погрешно време“ и „Наше маало“.

Благоја Спиркоски-Џумерко е роден во Прилеп, во 1946 година. Носител е на наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“ од 2011-година.
----

:(

Уште еден голем човек не напушти, Бог да го прости, нека почива во мир.
Секогаш ќе го памтам Џумерко, особено по Солунски Патрдии:
https://www.youtube.com/watch?v=TQiP6kO4GpA
https://www.youtube.com/watch?v=yBWVgsIxOlg
https://www.youtube.com/watch?v=6dC0Ud0aOro
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.588
Поени од реакции
81.178
Легендарен глумец, доволно е да се спомне само Солунски Патрдии, имаше и мала улога во Викенд на Мртовци (my all time favorite)...

Нека почива во мир
 
Член од
24 март 2012
Мислења
632
Поени од реакции
681
Легенда, каква глума имаше секоја му чест. Пред 1 недела бил во болницата во Прилеп и едвај се качил по лифт, цел извалкан бил и никој немало да му помогни....

Нека почива во мир
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Бод да го прости :( голем актер беше
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.608
Пишав од мене во ДК а овде еве еден текст кој не е само информативен туку е малку по длабок за сите оние кои не го познаваа Џуме...


Ин мемориам - Прилеп тагува за својот Џуме
Четврток, 11 Јуни 2015 Моника Талеска 352



Почина Благоја Спиркоски-Џумерко. Доајенот на македонското глумиште. Роден во Прилеп, во 1946 година, каде што го помина и целиот свој живот. Остави траен белег во развојот на прилепскиот, на македонскиот театар, филм, на промоцијата на македонската култура ширум светот. Оствари бројни актерски ролји, главни, споредни, епизодни. И секаде остави белег. Не помина незабележан и во послабите сценарија и во не толку успешните режисерски ракописи. Зашто имаше талент. Извонреден сценски настап, вроден осет за актерска игра, правилна дикција, говор на македонскиот литературен јазик во целиот негов раскош, имаше совршен фитбек со публиката.

Прилепчани го обожаваа, а и тој нив, градот. Добитник на наградата за животно дело ` 3-ти Ноември`што ја доделува Општина Прилеп, нагрдата за животно дело на МТФ `Војдан Чернодрински`, на наградата `Петре Прличко` што ја доделува Општина Велес, и велешкиот театар...

Секоја среда и сабота, во едни прекрасни години, на неговата плодна кариера, со сега покојниот драматург, Благоја Ристески-Платнар, муабетеа со вкусот на телешката чорба, наминуваа на по една салата и една жолта кај Мантата или во Градска.

Од денеска и неговото столче ќе остане празно. Ќе остане само споменот, напливот на емоции за човекот кој пленеше со својата несебичност. Често знаеше да каже, дека повеќе милува од дома, до чаршија да доаѓа со такси, зашто му треба многу време,додека испазари и се врати, зашто сите му беа пријатели. На секој чекор, го запираа, сакајќи да помуабетат. Едноставен, непосреден, хуман...Со свои раце спаси едно момче во сообраќајна несреќа на Плетвар одамна...и остана скромен.



Во прилепскиот театар започна со работа во 1966 година, се до пензионирање, таа беше негова матична куќа. А, соработуваше речиси со сите македонски театри, оствари и многу филмски улоги, негови колеги беа реномирани актери од поранешните ју простори.

А, по пензионирањето остана со скромната пензија. Премногу достоинствен, но сепак ќе забележеше дека со тие примања, тешко човек може да живее нормален живот.

Болеста одамна му го зеде мирот. Се бореше, беше упорен, и храбар. И кога неговите планови, продолжуваа, сепак не успеа, оваа битка ја изгуби.



Прилепчани денеска тагуваат по него, за него, за својот Итај Пејо. Улогата на Итај Пејо во филмуваната комедија `Солунски патрдии`, всушност е негово алтер его во уметничка смисла. Почитувачите, вљубениците во комедијата, со години ги прераскажуваат и се уште уживаат во неговите реплики во ова филмско остварување.

А, Џуме, како што впрочем го именуваат прилепчани, беше шегобиец.Тој секогаш умееше да ја види позитивната страна на приказната, да ги апстрахира другите моменти, за да може, се да тече полесно.

Со ист интензитет на жарот при непосредната комуникација со него,сега тагуваат и Македонците во дијаспората. Го обожаваа сите. Во редицата извонредни македонски актери, тој се издвојуваше, луѓето се препознаваа во него, зашто со него, брзо и лесно им течеше муабетот.

Денеска на денот на неговото заминување, Прилеп, Македонија и македонската култура загубија многу, но аналите ќе останат полни со делата, а ние со споменот за човекот, за Великанот на македонското глумиште-Благоја Спиркоски –Џумерко. Вечна му слава!

п.с. Почивај во мир, драг пријателе!
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.629
Поени од реакции
34.888
Нека почива во мир :(, го видов пред 10тина дена последно и дури не ми се верува дека починал.
Ќе му ги памтам цел живот заебанциите што паднаа кога продаваше ѕенѕери до мене на пазар.
Колку само ремет му удираше на некои напрчени тетки, донекаде и безобразно али имаше радост.
 

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Нека почива во мир!
Имаше најлуди еротски приказни.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Западнат беше веќе подолг период. И инфаркт(и) имаше преживеано пред неколку години...

Лесна да му е земјата.

Еве од мене нешто.

 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Лесна му земја,правеше убав ширден
 

Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.346
Поени од реакции
1.215
Многу ослабе овој човек,се знае ли од што боледуваше?Иначе ги знам скоро сите негови Еротски Порно Приказни..Интересни беа..
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Многу ослабе овој човек,се знае ли од што боледуваше?Иначе ги знам скоро сите негови Еротски Порно Приказни..Интересни беа..
Иј бееееее дремеш на такси станица,слушаш а во меѓувреме патничка се качува во таксито.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom