Почина Љубисав Иванов - Ѕинго

Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.230
Неговите деца живеат во замоци во Жданец, возат огромни џипови и се обезбедени уште 100 генерации у луксуз да тераат.
Скромна спортско-рекреативна околина.
Untitled.png
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.905
Поени од реакции
17.559
Што и да се каже за неговата смрт, без разлика дали некој ќе изрази сочуство или не, неговите дамки остануваат, како што се памтат делата на некои големи луѓе и нивните идеали се пример за наредните генерации, така и неговите (не)дела ќе им останат во помнење на постарите, пренесени се на нас помладите и ќе се пренесуваат и натаму. На крајот од денот треба сите да сфатиме дека се што било поминува, така и нивното владеење, можам да кажам само Бог да го прости како за секој друг човек, треба да сфатиме и сите ние дека не е се во моќта и парите, дека има нешто повеќе од тоа зошто во спротивно ќе немавме многу од работите кои ги имаме сега како луѓе. Мојата филозофија е таа, подобро би сакал да завршам како Ченто на пример, него да живеам како Ѕинго. И двајцата ќе се спомнуваат уште многу време но во различен контекст а парите и моќта остануваат надвор од тие 2 метри земја.
 
Член од
22 јуни 2019
Мислења
815
Поени од реакции
1.295
Дечки, дечки
@redfogv арна ли си шо ти е? У климакс да не си?

Кајги,една од најгадните работи на форум е кога членови пишуваат погрдни зборови за тазе починат човек,а модератор не реагира.
За мртвите лошо не се зборува,без разлика какви биле дур биле живи.
Безосетно тресење на погрдни зборови не треба да се толерира!
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
Ѕинго уште не оладен,почна да се превртува! :lolzz:
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.479
Поени од реакции
16.102
Е не ај да го жалиме едно од најголемите зла зошто оваа држава не крена напред, зошто едвај чекаме некои да ја напуштиме. Да не сака да пратам венец со посвета и да му идам на погреб?!
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.840
Гробар на македонскиот фудбал, но неговите "добри" дела не се ограничени само на фудбaлот.

Луѓето од овој тип се причината за балканските транзициони несреќи.

Fuck You на сите кои мислите дека овој морж напраил нешто добро. Треба да се лечите у Бардовци.
x2
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Од убавите спомени за починатиот да одвоиме:

1. Коалиционен партнер на бц
2. Коалиционен партнер на љубчо
3. Коалиционен партнер на паторот
4. Изгубени судски спорови, доказ за потекло на имот.....шта је то?
5. (и до бесконечност) Копаше и уште копа јаглен у Суводол, држи национална телевизија - нон-стоп провладина (убаво знаеме каков прилив има и државни и приватни пари), осигурителна компанија у која строго државни институции се осигуруваат и мал милион други бизниси за кои не можеме ни да поимаме дека може да постојат, а се монтирани директно како молзалка на виме.....а каде е бескомпромисно учество во кворум за гласање на сите ебани закони со кои земјава потпишуваше и уште потпишува капитулации на секои 6 месеци. Да не зборам даље за ширење на простаклук преку ѕвездите од калибарот на лила, латас, покојни вучич, мелита и еден куп други од кои нема оваа несреќна земја да го надмине провинцијалниот култоролошки карактер уште милион години.

Еден помалку како него да имавме, на Швајцарија ќе личевме. Ај шо ја еба транзицијата ја еба....туку што ни ја поеба младоста. Па јас ќе сум мислел дали нешто лошо ќе напишам.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Чему хејт, Ѕинго педер, ѕинго ваков, ѕинго онаков, али е синоним и за најубавите времиња на клупскиот фудбал во Македонија, беше авангарда на фудбалски криминал ама никаков исклучок за жал не се и останатите, вклучително и срамното неиспаѓање на вардар од лига што е уникатен спортски пример во нашив фудбал, со мешање на политики, закани, притисоци и што све не.

Времињата со Ѕинго мене всушност ми ја родија љубовта за овој спорт, зашто тогаш кога одев на градски со татко ми, истиот беше преполн, едвај се доаѓаше до карта а правиме муабет за утакмица на Вардар против Силекс или Слога, Пелистер и тн, легендарната Ѕинго Педер напред Вардар е можда и првото нешто кое ја сум го скандирал на Јужна у животов :)))
Го мразев од дно на душа али онаа убава омраза, кога те фаќаше еуфорија за да идеш на градски и да гледаш македонски фудбал, да се победат Силекс или Слога, Пелистер, бубрег би дал пак да има вакви ѕинговци у фудбалов ама и полни трибини, нешто што прашање е дали ја и повеќето тука некад ќе го доживееме повторно, чисто сумјам во ова.

Нека почива у мир, за мене е еден од оние што ја означија најубавата ера на македонскиот клупски фудбал па каков сака нека бил, се осеќам дури и привилигирано што го имам фатено тој период од нашата фудбалска клупска историја у пакет со инцидентите на Градски кога улета публика во терен на чело со Драган и после тоа јадевме солзавец у парк со чале додека Комити и остали фрлаа камења и бакљи у Сител. :tvg:
Убави времиња нек си ебе матер.

Види го запад



Убаво го испратија и Комити бе, динго и негове десет прсте вријажа предизвикуваа тогаш у фудбалско Скопје, мислиш вардар игра против реал мадрид.

И да, гледајќи го нашиот клупски фудбал, и што се случува у задњи 10-15 години кога фудбалот ни е умрен од смрт, дефинитивно е една од најважните личности у истиот, без разлика на контекстот.
Имаш добри постови на тема спорт, ама не ме изненадувај вака непријатно. Како прво полните трибини сигурно не беа негова заслуга, туку спојот од квалитетен фудбал и интересот што датираше од бившата ни република (и самиот убаво си пишал фудбалско Скопје), и се прелеа во почетните години од новоформираното првенство, придонесе за истото. Всушност тој го започна процесот на празнење на стадионот ширум Македонија со неговите декрети (прв ја воведе забраната за гостувања на навивачи), а се ова што денес дешава со нашата домашна лига е само еден логичен след на неговата анти-фудбалска политика, која ја продолжија и наследниците на местото претседател на ФФМ.
Ај што беше крвник на Вардар, туку уништи и многу фудбалски центри низ целата држава. Како највпечатлив ми е останат Валандово, кога на тамошната Победа, од само нему познати причини, не и дозволи да се натпреварува во Првата лига и буквално ја расформира.
Токму поради тоа ме фрапира постот на Комити во кој му оддаваат почит на Ѕинго, па набрзина го избришале, веројатно свесни за глупоста што ја напраиле со истиот. Пред се зашто е навреда за многу генерации вардарови навивачи, играчи и раководни структури на клубот, кои ги трпеа изживувањата од страна на кратовскиот феудалец, и затоа што во никој случај не го искажува ставот на мнозинството Комити, барем оние кои биле сведоци на тоа време. И не е прв пат админот на фб страната (кој и да е) да си искажува свои лични (приватни) ставови, многу пати и за теми неповрзани со Вардар и Комити, па убаво му беше реплицирано пред извесно време: „Избришете ја страната за доброто на целата група.“ Едноставно недозволиво понашање и Комити мора да си го решат проблем зашто само дополнително се засилува негативната слика која ја имаат меѓу луѓето со своето неделување за состојбите во ФК Вардар.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Прееска гледав прилог на Сител. Да не го знае некој Ѕинго ќе помисли дека Махатма Ганди умрел. Ѕинго бил патриот, хуманитарец, визионер, спортски работник за пример... Па уште и економски го воздигнал Кратово.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.229
Поени од реакции
78.827
Лесна му земја - тоа можам за било кој починат да го кажам.

Али да измислувам дека бил океј човекот, не можам. За мртвите све најдобро - велат, али баш ме интересира истите тие што викале за Хитлер коа се убил.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.979
Поени од реакции
55.059
,Добра вода" со вкус е одлична и така да ја пиеш и да ја мешаш со ,,Смедеревка".
Се освен Пелистерка е директна навреда за шприцер.
Mislam deka takovski bese posledniot voz od vakvi dilajli od pretsedateli na timovi, negovata belasica i on narocito se zasluzni za Pandev sto ostana vo Italija posle vijaredzo kupot, im go dade na Inter so stojkov, i toa site se tepaa za stojkov a ovoj go shmugnal pandev u dilot iako prvicno ne go barale.
Тотална вријажа
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
294
Поени од реакции
249
Еден од најомразените ликови уште од 90-тите ми е. Никад нема да заборавам како другари од факултет ми имаа кажувано дека барале кај да сменат бонови за вистински пари само за да дојдат у Скопје на факултет испит да полагаат. Хоштаплер невиден. Нека му е лесна земјата, Бог нека му суди за све.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom