Почина Љубисав Иванов - Ѕинго

Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Ѕинго замина и лесна му земја. Остави неизбришлива трага зад себе, која ни 100 шлепери тоалетна нема да ја избришат. Веројатно оставил некоја пара и за потомството, па ги обезбедил, со неговите десет прсте, следните генерации (нешто скромно, претпоставувам). Вечно ќе остане во спомените на неговите современици, кои на еден или надруг, а можеби и на повеќе начини, им го направил животот повеќе неподнослив отколку што е. Но, така одат работите. Верувам дека неговите ќе одат по истиот пат и ќе бидат потсетник за животот и делото на оваа, од повеќе аспекти, истакната фигура.
Но, не жалете. Ѕинго не е ни единствениот, ни првиот кој вака го задолжил Македонецот. Некои од тоа елитно друштво, и денес, иако малку подостарени и здебелени, се живи и здрави, успешни и задоволни бизнисмени. Угледни. Влијателни. Почитувани од секоја опозиција и власт. А ако не се, нивните деца не се ништо понаивни од нив.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Синоним е у поглед на тоа дека го означува тој период како контроверзна личност али и име кое сместа ти се појавува во глава кога ќе ти текне на фудбалот од детството, бар на мои генерации. Прв претседател на ФФМ у наша историја, милион контроверзии, легендарната ѕинго педер, инцидентите на градски, и тоа ривалство кое го имаа Вардар со Силекс баш ради него како појава во нашиот фудбал, ебаните силекс 3 години по ред шампиони на Македонија.
Пак ќе кажам, никаде не е спомнат како причина за полни стадиони, ниту тоа синоним е у позитивен контекст спомнато, ама дефакто го означува тој период од нашиот пуст фудбал бидејќи имаше големо влијание во истиот ко појава.

Неам ја високо мислење за Ѕинго, не само ради ова, и надвор од фудбалот си еба мајката, у пакет со Сител ко телевизија, све што кажуем е дека мене лично он од увек ме потсеќал на нашите најдобри фудбалски клупски денови и колку и да беше крвник на Вардар и мак фудбалот општо, индиректно придонесе тој период да се родат нови навивачи на клубот. Кај мене у основно ѕинго и силекс поише ги мразеа од Слога или Пелистер, 3 години по ред беа прваци, тек после тоа почнаа децава да се разјаруваат против Слога кои исто истераа 3 по ред, на национална основа, па инциденти надвор од стадион, рандом тепачки на кеј и слично, и почна дигресијата полека, поделбите у Комити, мешањето на политика, и после 2000та полека фудбалот почна да умира и од аспект на посети на стадион со пар блесоци ко доаѓањето на цска Москва у скопје. До ден денес не сме опраени на тој план, нит па у блиска иднина некад ќе се опраиме.
Факт е дека омразата према Ѕинго и Силекс беа огромни кон средина на 90-ти. Она култно видео од основно училиште во Карпош самото говори доволно:) Па немаше меч мислам да не се скандира против него (дали Вардар или репрезентација), а он уште подраконски возвраќаше на истото. Колку пари се излеаа од касата на Вардар за казните во негово време е добро прашање. Но се изгуби тој набој во Скопје кој се чуствуваше во воздухот пред секое дерби или европски меч, согласен сум со тебе, после 2002-03 година некаде.
 
Член од
22 јуни 2019
Мислења
814
Поени од реакции
1.295
Прееска гледав прилог на Сител. Да не го знае некој Ѕинго ќе помисли дека Махатма Ганди умрел. Ѕинго бил патриот, хуманитарец, визионер, спортски работник за пример... Па уште и економски го воздигнал Кратово.
Умрела циганката што го фалеше...
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Вардар во 80ти и рани 90ти беше институција. Не знам како сте генерациски структурирани у темава и дали некој ги памти тие времиња. Вардар беше Македонија, Вардар беше гордост. Како деца се сеќавам дека се бркаа врски да те пробаат у младинската школа. Градов и лете и зиме вриеше по игралишта надвор, не беа луѓево со смартфони исполегнати по троседи. Така и утакмиците беа посетени....
И сеа ти, на таква институција како што беше Вардар, да и се ускрати можноста да игра со Звезда, Партизан, Хајдук....и да му наметнеш некој вчера формиран клуб да му лапа 3 титули по ред, со најгнасни методи на местење, со судии и делегати, кое 24 каратно говно треба да бидеш. Барем да си инвестирал брдо пари, како сега РБ Лајпциг или Хофенхајм....не можеше Силекс ни предпредквалификации да помириса у Европа. Ако така на Вардар му се наебувал, што останува за помали клубови, а де факто, сите други беа класи назад. Од тогаш све квалитетно од македонски фудбал си иба мајката. Чудо е што 25 години после тоа, се пласираме на европско, после тој погром.

И да не забораам...беше единствен лик што со четничкиот куртон латас си играа комши-капиџик со Слободан Милошевиќ, му одеа у гости редовно и тоа баш кога најмногу не негираше и веројатно да не беше зафатен у Хрватска и Босна, со нас ќе се колеше.

За финанскиот аспект и пцовисувањето на оваа држава, веројатно само камчев може да се пофали дека помалку има украдено од државава.

Сите планини на светов малку му се...
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.532
Поени од реакции
21.408

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Aj umre sto umre,razbravme, a dali se znae kade ke ili kade e pogreban, mozebi vo ALEJATA na velikanite ili tamu na kraj svet sto rekle nemcite,
vo nekoj dol vo Trnovac,vo nekoja suvodolica pokrien samo so kamenja,oti kletva go fanalo,da nema zemja da go pokrie.
 
Член од
22 јуни 2019
Мислења
814
Поени од реакции
1.295

:facepalm:
Лоповите мора да се пофалат меѓусебно иначе нема кој друг да ги пофале....
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Aj umre sto umre,razbravme, a dali se znae kade ke ili kade e pogreban, mozebi vo ALEJATA na velikanite ili tamu na kraj svet sto rekle nemcite,
vo nekoj dol vo Trnovac,vo nekoja suvodolica pokrien samo so kamenja,oti kletva go fanalo,da nema zemja da go pokrie.
Кај некоја осојнца го имет клаено.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Кратка ретроспектива на животот и делата на г-динот Љубисав Иванов:

Патриот, Македонец, Социјалист, спортски работник, претриемач. Грижлив, упорен, човекољубив и горд Македонец. Тоа е човекот кој го спречи одливот на мозоци од Кратово, ја внесе ФФМ во ФИФА и УЕФА, беше 20 години народен претставник во Македонското Собрание и претходно 21 година претставник во сојузното Собрание на СФРЈ. Човек од народот, за народот.
Животот е минлив, но делата вечно се паметат. Почивај во мир и спокој голем човеку!



Младиот Љубисав во НОБ
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Не бил учесник во НОБ бе.

Ич не е ни сарказам ова шо си го пишал, ни смешно.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.066
Поени од реакции
3.212
Имам чувство дека кај и да е ќе се избаци некој од Телетабис ДОО друштвото на форумов со позитивни зборови. Баш да видиме.
Јас сакав да кажам неколку добри зборови за чичо Ѕинго, ама немав време и заборавив на темата.

Значи овака, Ѕинго е 40-50 години во политиката и исто толку време успешен бизнисмен, он да не беше Кратово ќе беше дупка над дупките, се онаа што е изградено е благодарение на него (старите градби се пред турско време), он е заслужен што Кратово има водовод, со хелихоптери на ЈНА (по негова заслуга) се носени цефки за водоводот и нормално водата е приватна сопственост.

За тие планините со Добра Вода човекот најпоштено си има платено како што он мислел, знам неколкумина што земале стотици илјади во евра, оние што се тужеле со него си останале со курот во уста (таква и била среќата нема врска со курупција).

Исто така како голем хуманист и помагал на браќата срби со шверцање на се живо со каминоните на Силекс, нормално дека нема земено ништо за тоа.

Исто така се збореше дека нашол некоја линија на злато кај рудникот Плавица-Златица, па скришно ја носел земјата со камиони, ја мислам дека нема шанси да е точно, каде се парите ќе ги видевме,
и уште еден муабет имаше дека ќерка му прокоцкала огромна сума у америка (се зборуваше за сума од милиони), и оваа нема шанси да е точно скромно си живееа.

Боновите ги имате спомнато, тааков блијантен систем нема ни во Тунгузија, милина.

Други добри работи незнам стварно, не ми текнуват во моментов, ако се сетам ќе пишам.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Се искинав од смеење кога комуњарите го плукаа од собраниска говорница демек цело кратово го купил и цело кратово го присвоил со криминални бизниси, на што овој реплицира нормално од фотељата со реплика:
„Не е цело Кратово, туку и околината на кратово.“
Уоште не го интересираше ко го плука и како го плука важно бизнисите да му се остваруваат.

Како и да е по мене лик на кој треба да ссе угледаат останатите како не треба, лик кој треба да се изучува по универзитети како негативна појава на транзицијата.

Бог душа да му прости.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom