Почина Љубисав Иванов - Ѕинго

Член од
30 мај 2019
Мислења
1.855
Поени од реакции
3.325
Оној кој ја шитна утакмицата со Ирска за ЕП 2000, без око да му трепне. Ама Ставревски скокна од нигде негде во британски стил и му даде гол на Ирска во последна минута и заврши 1-1, а Ирска после од бараж испадна. Другото, сите го кажаа горе-долу за неговото владеење во ФФМ и општо.
Штета за Кратово, каков убав град е...
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.154
Поени од реакции
107.566
Што и да се каже за неговата смрт, без разлика дали некој ќе изрази сочуство или не, неговите дамки остануваат, како што се памтат делата на некои големи луѓе и нивните идеали се пример за наредните генерации, така и неговите (не)дела ќе им останат во помнење на постарите, пренесени се на нас помладите и ќе се пренесуваат и натаму. На крајот од денот треба сите да сфатиме дека се што било поминува, така и нивното владеење, можам да кажам само Бог да го прости како за секој друг човек, треба да сфатиме и сите ние дека не е се во моќта и парите, дека има нешто повеќе од тоа зошто во спротивно ќе немавме многу од работите кои ги имаме сега како луѓе. Мојата филозофија е таа, подобро би сакал да завршам како Ченто на пример, него да живеам како Ѕинго. И двајцата ќе се спомнуваат уште многу време но во различен контекст а парите и моќта остануваат надвор од тие 2 метри земја.
This!!
Ова цел ден на фб му го објаснувам ама упорен е дека ја не сум знаел за фудбал у тоа време, мал сум бил, бла бла бла. А вистината е дека Ѕинго е гробарот на мак фудбалот и со него почна падот на истиот, нормално после него си продолжија Хари и компанија со исто темпо. Истово буквално му го реков, дека тоа што имало публика не е заслуга на Ѕинго него на навиката од бивша Југославија каде спортот бил нешто за кое се живее, односно начин на живот, нешто што денес го гледаме во 3та и 4та лига Англија и Германија каде има по 15-20 илјади и полни стадиони. Исто ко сеа да кажеш дека Шилегов и Заев се заслужни што Вардар освои европска титула во ракомет (глуп пример али да доловам). Со сите тие криминали, местење утакмици, подмитување судии, делегати, играчи, заканување, расформирање клубови кои не му одговараат, забрана за гостински навивачи итн итн, си го зацементира местото на најголем гробар на мак фудбалот и општо еден од најголемите профитери и криминалци во земјава од 1991 до денес.

Да го жалам? Ич бе ич, ги жали ли некој илјадниците луѓе кои ги злоупотребувал и експлоатирал? Луѓе што останале без корка леб ради него? Мрш!
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.927
Поени од реакции
17.637

Фудбалот е споредна работа, крадење титули, инциденти, пеење песни и скандирања, сето тоа во одреден момент и достигнува некое ниво на носталгија, на поубави времиња, кога децата низ Скопје на 17, 18, 19 години се тепале со џандари без страв за разлика од овие сега, кога се почитувале многу повеќе меѓусебе него денешните, за полни стадиони баш поради тој инат, времиња во кои сме биле сплотени и единствени, за разлика од денес.

Последната работа за која напиша, за работниците, тоа е вистинската негова неправда и болка, робовладетелството кое го наметнал во период кога сме биле веќе пред прагот на новиот милениум, тоа не може да се прости затоа што не одговарал за тоа, затоа што ете денеска тој терор продолжува уште иако он не е помеѓу живите. Затоа кажав не е се во парите, еве на нецел ден од неговата смрт, деца кои не ни биле родени коа се случувало тоа, го знаат сето ова, дискутираат за тоа, затоа што репортажата на Сител ќе ја заборават сите а неговиот прекар ќе остане како синоним за зло направено врз сопствениот народ, своите соседи и сожители.
Но сепак на крајот нема потреба од погрдни зборови, нека почива во мир , на крајот и тој бил човек од крв и месо како сите нас, иако можеби тој не мислел така сепак бил само тоа и ништо повеќе.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.231
Поени од реакции
41.507
Имаш добри постови на тема спорт, ама не ме изненадувај вака непријатно. Како прво полните трибини сигурно не беа негова заслуга, туку спојот од квалитетен фудбал и интересот што датираше од бившата ни република (и самиот убаво си пишал фудбалско Скопје), и се прелеа во почетните години од новоформираното првенство, придонесе за истото. Всушност тој го започна процесот на празнење на стадионот ширум Македонија со неговите декрети (прв ја воведе забраната за гостувања на навивачи), а се ова што денес дешава со нашата домашна лига е само еден логичен след на неговата анти-фудбалска политика, која ја продолжија и наследниците на местото претседател на ФФМ.
Ај што беше крвник на Вардар, туку уништи и многу фудбалски центри низ целата држава. Како највпечатлив ми е останат Валандово, кога на тамошната Победа, од само нему познати причини, не и дозволи да се натпреварува во Првата лига и буквално ја расформира.
Токму поради тоа ме фрапира постот на Комити во кој му оддаваат почит на Ѕинго, па набрзина го избришале, веројатно свесни за глупоста што ја напраиле со истиот. Пред се зашто е навреда за многу генерации вардарови навивачи, играчи и раководни структури на клубот, кои ги трпеа изживувањата од страна на кратовскиот феудалец, и затоа што во никој случај не го искажува ставот на мнозинството Комити, барем оние кои биле сведоци на тоа време. И не е прв пат админот на фб страната (кој и да е) да си искажува свои лични (приватни) ставови, многу пати и за теми неповрзани со Вардар и Комити, па убаво му беше реплицирано пред извесно време: „Избришете ја страната за доброто на целата група.“ Едноставно недозволиво понашање и Комити мора да си го решат проблем зашто само дополнително се засилува негативната слика која ја имаат меѓу луѓето со своето неделување за состојбите во ФК Вардар.
Многу лошо е протолкуван мојов пост од тебе, и од екстравагатно глупиот човек по име Стефан, кој сабајле ме замараше на фејсбук за истото.
Никаде во мојот пост не го величам Ѕинго, нит па велам дека негова заслуга е зашто тогаш фудбалот у Македонија вриеше како спорт и имаше полни трибини.
Туку едноставно он, како појава, е еден од синонимите за тој период од историјата на нашиот клупски фудбал, најдобрата дефинитивно ако правиме муабет за независна Македонија. Убаво си пишува таму, без разлика на контекстот, секако сите знаеме кој е и што е Ѕинго, пишав, го мразев од дно на душа ко и секој што навиваше за Вардар, постот поише е носталгичен за едно време кога 90% од градов беше у еуфорија кога требаше да игра Вардар против Силекс или Слога, Пелистер, и ѕинго со неговиот Силекс меѓудругото исто е една од причините за тоа, нарочито за најмладите генерации тогаш што почнуваа да пратат фудбал, ко мене.

Не сакам да ви навлагам у групата, ама конкретно за постот на фејсбук, буквално истото и таму беше напишано, никаде не беше величен Ѕинго, индиректно тој период беше една од многуте причини зашто луѓе се палеа за фудбал у земјава и конкретно за Скопје, навиваа за Вардар или почнуваа да навиваат за вардар. Еве ја баш ја фатив таа ера од фудбалот кај нас, и самата омраза према ѕинго ко појава, и силекс, плус да не заборавиме дека беше и претседник на ФФM, ме тераа да идам на стадион, да пратам фудбал, да се палам на навивање, пеење и слично. Што разбира ебате 6-7 годишно дете на почеток, глеа пун стадион, навивање, бакљи, пцуење по ѕинго, и инстантно ти светнуваат очи и вриеш, урлаш, праиш шо праат другите и таков импресиониран си идеш дома и едвај чекаш пак низ истото да поминуваш. Така се почиња да се засакуе еден клуб, и општо спорт, едноставно толку треба, мала искра и zz.

Тие работи мене конкретно ме натераа да го засакам фудбалот ко спорт и вардар како клуб, така да постот у глобала ко што реков е поише носталгичен за едни подобри времиња за фудбалот кај нас, кога се у прашање фудбалските клубови, а Ѕинго ко Ѕинго сакал ти или не го означуваат тој период, и баш дека беше таков смрад од човек и појава. Ко шо реков, ѕинго педер напред вардар е можда и првото нешто што ја го дете сум го скандирал на јужна, и у тој контекст ми има ѕинго остаено едно добро сеќавање, индикретно. Нема што да го коментирам иначе како човек, и за све што направил контра вардар и фудбалот кај нас, а и надвор од спортот секако, тоа секој го знае глупо е воопшто и да се дискутира истото.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.955
Поени од реакции
35.485
Единствено нешто жално за смртта на овој транзиционен гној е шо не се деси барем 20 год порано. После сите тие колнења од пропаднати и жални судбини, 84 години живот е фантастична бројка. Уште еден доказ дека кармата е само поим за да се тешат со неа обесправените и угнетените.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Ѕинго и фудбал...
Ај навратете се малку на осумдесетите кога цело Кратово го стави во карантин за да не процурат вестите за штрајкот во Иднина. Беше (и остана) диктатор над диктаторите. Среќа што не се докопа до премиерска функција, и севернокорејскиот не ќе му беше рамен.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205

Мислам дека и не циљаше на премиерство, никад!
Он си дрмаше до кај што му беше вилаетот, и по троа подалеку! Како мафија, немаше бизнис каде немаше дел. А за плаќање, господ напомош кој чекаше пари од него. Ние го изградивме тунелот на Злетовица, он си ги зема парите и уште се на суд. Колку такви како нас има, сам бог знае?
Автоматски споено мислење:

Плус, повеќе од 20 години министер за земјоделие беше од неговата партија, а во Кратово од земјоделие има една бавча со грав и пченка, Мк вечна да е!
 
Последно уредено:
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Многу лошо е протолкуван мојов пост од тебе, и од екстравагатно глупиот човек по име Стефан, кој сабајле ме замараше на фејсбук за истото.
Никаде во мојот пост не го величам Ѕинго, нит па велам дека негова заслуга е зашто тогаш фудбалот у Македонија вриеше како спорт и имаше полни трибини.
Туку едноставно он, како појава, е еден од синонимите за тој период од историјата на нашиот клупски фудбал, најдобрата дефинитивно ако правиме муабет за независна Македонија. Убаво си пишува таму, без разлика на контекстот, секако сите знаеме кој е и што е Ѕинго, пишав, го мразев од дно на душа ко и секој што навиваше за Вардар, постот поише е носталгичен за едно време кога 90% од градов беше у еуфорија кога требаше да игра Вардар против Силекс или Слога, Пелистер, и ѕинго со неговиот Силекс меѓудругото исто е една од причините за тоа, нарочито за најмладите генерации тогаш што почнуваа да пратат фудбал, ко мене.

Не сакам да ви навлагам у групата, ама конкретно за постот на фејсбук, буквално истото и таму беше напишано, никаде не беше величен Ѕинго, индиректно тој период беше една од многуте причини зашто луѓе се палеа за фудбал у земјава и конкретно за Скопје, навиваа за Вардар или почнуваа да навиваат за вардар. Еве ја баш ја фатив таа ера од фудбалот кај нас, и самата омраза према ѕинго ко појава, и силекс, плус да не заборавиме дека беше и претседник на ФФM, ме тераа да идам на стадион, да пратам фудбал, да се палам на навивање, пеење и слично. Што разбира ебате 6-7 годишно дете на почеток, глеа пун стадион, навивање, бакљи, пцуење по ѕинго, и инстантно ти светнуваат очи и вриеш, урлаш, праиш шо праат другите и таков импресиониран си идеш дома и едвај чекаш пак низ истото да поминуваш. Така се почиња да се засакуе еден клуб, и општо спорт, едноставно толку треба, мала искра и zz.

Тие работи мене конкретно ме натераа да го засакам фудбалот ко спорт и вардар како клуб, така да постот у глобала ко што реков е поише носталгичен за едни подобри времиња за фудбалот кај нас, кога се у прашање фудбалските клубови, а Ѕинго ко Ѕинго сакал ти или не го означуваат тој период, и баш дека беше таков смрад од човек и појава. Ко шо реков, ѕинго педер напред вардар е можда и првото нешто што ја го дете сум го скандирал на јужна, и у тој контекст ми има ѕинго остаено едно добро сеќавање, индикретно. Нема што да го коментирам иначе како човек, и за све што направил контра вардар и фудбалот кај нас, а и надвор од спортот секако, тоа секој го знае глупо е воопшто и да се дискутира истото.
Таман работа да го величиш:) Никаде не алудирав на такво нешто. Точно е дека тој период од клупскиот фудбал е најдобар, и ја сум го фатил како клинец исто, но не можам да се сложам дека он е еден од синонимите или дека он бил причината за идење на стадион. Убаво си имаше кажано и сам фудбалско Скопје, односно постоеше бунтовност кај младината, па и кај постарите генерации можам слободно да кажам, плус луѓето беа слаби на Вардар и ако ги дирнеше некој на таа тема, одма имаше жестока реакција. Да, можеби предизвикуваше дополнителна провокација кај народот со својата појава, но не беше исклучок. Таковски на пример проба да биде поголем фахман од него, па дури се дрзна да се појави и на Градски, па сите знаеме како си помина. Скопскиот терен беше незгоден за многумина.
Околу Комити погрешно си ме разбрал. Одамна не сум дел од групата, пред се затоа што сум израснат во едно друго време и не би можел да гледам како седат со скрстени раце додека клубот незапирливо пропаѓа. Но како велат еднаш Комита, секогаш Комита, па ради тоа би сакал да си ги средат проблемите и да не дозволат пар луѓе да ги наметнуваат личните ставови.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Еснаф, работлив и скромен човек. Човек кој вработуваше многу луѓе и секогаш му помагаше на немашливиот. Кратово никогаш немаше да стане еден од најубавите Балкански градови да не беше г-динот Љубисав Иванов.
Во поглед на фудбалот успеа да го децентрализира уште пред законите за децентрализација да влезат во процедура во Собранието и да му донесе радост на својот мал град и на неговиот Силекс. Јасно е зошто скопските Вардарови навивачи плачат и го колнат до ден денес. Тие би да Вардар секогаш победува и чим не е така веднаш плачат дека Ѕинго, судијата, ФФМ, топката и тревата се криви. Веќе видено, чуено и апсорбирано.Единствен промашај му е Латас, но никој човек не е идеален. Како и да е даде многу на државата, спортот, културата, новинарството и пред се на обичниот народ.
Почивајте во мир г-дине Ѕинго и доколку таму горе од небото го читате форумов знајте дека овој народ ќе Ве памети по најдобро и никогаш нема да Ве преболи ни да Ве прежали, а уште помалку да Ве заборави. Вечна Ви слава.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.231
Поени од реакции
41.507
Таман работа да го величиш:) Никаде не алудирав на такво нешто. Точно е дека тој период од клупскиот фудбал е најдобар, и ја сум го фатил како клинец исто, но не можам да се сложам дека он е еден од синонимите или дека он бил причината за идење на стадион. Убаво си имаше кажано и сам фудбалско Скопје, односно постоеше бунтовност кај младината, па и кај постарите генерации можам слободно да кажам, плус луѓето беа слаби на Вардар и ако ги дирнеше некој на таа тема, одма имаше жестока реакција. Да, можеби предизвикуваше дополнителна провокација кај народот со својата појава, но не беше исклучок. Таковски на пример проба да биде поголем фахман од него, па дури се дрзна да се појави и на Градски, па сите знаеме како си помина. Скопскиот терен беше незгоден за многумина.
Околу Комити погрешно си ме разбрал. Одамна не сум дел од групата, пред се затоа што сум израснат во едно друго време и не би можел да гледам како седат со скрстени раце додека клубот незапирливо пропаѓа. Но како велат еднаш Комита, секогаш Комита, па ради тоа би сакал да си ги средат проблемите и да не дозволат пар луѓе да ги наметнуваат личните ставови.
Синоним е у поглед на тоа дека го означува тој период како контроверзна личност али и име кое сместа ти се појавува во глава кога ќе ти текне на фудбалот од детството, бар на мои генерации. Прв претседател на ФФМ у наша историја, милион контроверзии, легендарната ѕинго педер, инцидентите на градски, и тоа ривалство кое го имаа Вардар со Силекс баш ради него како појава во нашиот фудбал, ебаните силекс 3 години по ред шампиони на Македонија.
Пак ќе кажам, никаде не е спомнат како причина за полни стадиони, ниту тоа синоним е у позитивен контекст спомнато, ама дефакто го означува тој период од нашиот пуст фудбал бидејќи имаше големо влијание во истиот ко појава.

Неам ја високо мислење за Ѕинго, не само ради ова, и надвор од фудбалот си еба мајката, у пакет со Сител ко телевизија, све што кажуем е дека мене лично он од увек ме потсеќал на нашите најдобри фудбалски клупски денови и колку и да беше крвник на Вардар и мак фудбалот општо, индиректно придонесе тој период да се родат нови навивачи на клубот. Кај мене у основно ѕинго и силекс поише ги мразеа од Слога или Пелистер, 3 години по ред беа прваци, тек после тоа почнаа децава да се разјаруваат против Слога кои исто истераа 3 по ред, на национална основа, па инциденти надвор од стадион, рандом тепачки на кеј и слично, и почна дигресијата полека, поделбите у Комити, мешањето на политика, и после 2000та полека фудбалот почна да умира и од аспект на посети на стадион со пар блесоци ко доаѓањето на цска Москва у скопје. До ден денес не сме опраени на тој план, нит па у блиска иднина некад ќе се опраиме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom