Почетничко кампување

Член од
13 декември 2014
Мислења
14
Поени од реакции
1
Вака значи одамна се мислам сакам да кампувам. Веќе имам вреќа за спиење, шатор и ствари набавено и едно 2 3 години цело време се канам да пробам и конечно пред некој ден ме мавна голема желба.

Немам никогаш кампувано а би сакал да одам сам чисто на една екскурзија некаде во природа. Чисто ден два да се мавнам некаде далеку од цивилизација. Дали некој може да ми даде информација за добри места во македонија за кампување кои се исто така безбедни во природа. Што подалеку од цивилизација тоа подобро. Покрај река, на планина било каде.

Исто така совети од некој по искусен би биле добродојдени.:)

Едит: ако темата е дупликат слободно кажете или ако веќе има тема за ова слободно ќе ја затворам. Фала однапред :)
 
EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
813

Нашата драга татковина ти е 70% ридишта и планини, така да имаш огромен избор, незнам каде живееш, па затоа незнам каде да ти препорачам (не дека сум којзнае колку искусен и шетан).
Инаку за сигурност, нема многу дискусии, сега веќе се почнати жештините, така да, каде и да одиш, очекувај змии и мноооогу инсекти (вклучувајќи комарци, крлежи и стршлени, како најдосадни и опасни), каде и да одиш не заборавај да имаш оружје на дофат, најмалку еден стап висок до рамењата, ако имаш пепер спреј не е лошо да ти е во џебот 100% од времето, нож, секира, мачета, што и да имаш алат, можеш да го употребиш во зорт (спрејот и овие за поголеми животни, ама слабо дека ќе сретниш). Земи си дополнителна мрежа за на шаторот. Не заборавај дека ако си на високо, температурите можат да бидат и под 15 степени и без разлика кога, и каде и да си , мора да си запалиш оган со камења околу него, да не настане пожар.
Друго, направи си мало кутивче за прва помош, газа, завои, памук, хидроген, јод, алкохол, спреј против инсекти, некоја направа/преврзок за вадење крлежи, конец или ластик од латекс (во случај од каснување од змија, да се затегниш да не се прошири отровот).
И последно, и најважно: Не е битно што имаш во ранецот и во рацете, битно е што имаш во главата.
 
Оружје веќе имам пиштол со лиценца. Раснев на село па со обични секојдневни работи знам да се справам, палење огин без кибрит / упаљач, работење со ортоми и врвки.

Во право си во врска со жештините најверојатно ќе одложам барем за септември-октомври.
Бидејки е првпат обавезно со мене ќе носам упаљачи и плинско.

Живеам по скопје а по потекло сум од штипско овде студирав само така да околу Скопје - Велес - Штип би било идеално. Не мора да е на високо, може и во долина, покрај река, било каде само тражам подалеку од цивилизација што е можно повише.

Ме интересира околу опасноста од поголеми работи од стршлени, крлежи и змии, поголеми животни пример волци или други диви опасности. Секако и луѓето се фактор овде се прашувам колку е воопшто возможно да се кампува насамо, досега немам слушнато од никој лично да има искуство со ова.

Некои други совети? Благодарам за ова во врска со гази и за отровот баш не ми ни текна на ова.
 
Кампување апсолутно сам е зафркната идеја, барем да имаш куче со тебе, како другар и како аларм, и јас немам слушнато некој барем една вечер да да преноќи во дивината сам. Инаку за место ќе ти препорачам велешко на Јакупица/околу Солунска глава или Серта, Штипско спрема Неготинско за таму зборувај со некој ловџија за терен, опасности и сл, веќе кога си почетник.
Ааа, да, за животните, повеќе се плашат тие од нас, мислам дека го знаеш ова, сега и не им е критично за храна како во зимо, така да, не би имал проблем со волци или мечки, само незнам дали сега имаат малечки.
 
Последно уредено:

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.831
Поени од реакции
5.944
Ако веќе си од Скопје и сакаш да кампуваш неколку денови, би ти препорачал да одиш на Солунска Глава. Имаш можност од скопската страна, па да се вратиш од велешко, или па со воз до велешкото село Богомила и после пеш до горе. Сам не би ти препорачал да одиш, поготово кога ти е прв пат и не си искусен, барем уште еден да имаш со себе, по можност искусен. Најдобро е во група.
Како некој кој веќе ја поминал таа рута, да не те плашам, ама и самиот не би се обидел сега без никого да одам и кампувам. Но, ако веќе си се решил, да не одам толку во детали, погледај ги видеава од професионални планинари. Објаснето е и во најмали детали.
Од Велешка страна...
Од Скопска страна..

Среќно. :D
Па не заборавај да напишеш кратка репортажа како помина. :)
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Вака значи одамна се мислам сакам да кампувам. Веќе имам вреќа за спиење, шатор и ствари набавено и едно 2 3 години цело време се канам да пробам и конечно пред некој ден ме мавна голема желба.

Немам никогаш кампувано а би сакал да одам сам чисто на една екскурзија некаде во природа. Чисто ден два да се мавнам некаде далеку од цивилизација. Дали некој може да ми даде информација за добри места во македонија за кампување кои се исто така безбедни во природа. Што подалеку од цивилизација тоа подобро. Покрај река, на планина било каде.

Исто така совети од некој по искусен би биле добродојдени.:)

Едит: ако темата е дупликат слободно кажете или ако веќе има тема за ова слободно ќе ја затворам. Фала однапред :)
Не знам колку е паметно сам да кампуваш. И што воопшто би правел сам цело време ? Али ако веќе се решил да бегаш од цивилизација, нејсе....
Од опрема, освен шатор и вреќа, како што ти кажаа, обавезно нешто за прва помош,(завој, фластер, хидроген, нешто за убоди од инсекти), обавезно нож, ако можеш и мала мачета или секирче, резервно јаже, упаљач, мало плинско решо, топла гардероба ( дури и лето знаат ноќите да бидат поладни на планина), батериска ламба, телефон со резервна батерија ( или соларен полнач), конзервирана храна. Можеш и оние ленти што се палат за против комарци, ке ти се најдат.

Од места на блиска релација: во Скопско го имаш Катланово, од друга страна на планината во Светиниколски реон го имаш Ѓуриште, во Велешко ја имаш шумата над езерото Младост. Нешто подалеку, ми препорачуваа место кај Демир Капија, го заборавив името, со мало езерце.

Ако одиш во лето, информирај се за оние глупави забрани што ги има во одреден период за движење во шума или палење на оган, ако одиш Септ/Окт, како што викаш, информирај се за временска прогноза, да не те изненади дожд.

Ако ја направиш авантурава, сподели импресии.....
 
Член од
13 декември 2014
Мислења
14
Поени од реакции
1
Ви благодарам многу за советите. Решив ова да го одложам за септември по препораките во врска со жештините. Првиот пат одам скроз опремен дефинитивно со плинско, упаљачи, храна и се ресто така да не би требало да имам проблеми па за нареден пат ќе се учиме.

Имам уште една молба. Баш ме заинтересира видеото
Немам планинарено предходно па ова може да е добар почеток како и за припрема. Дали некој може да ме упати до друштва или клубови или здруженија за поченици кои сакаат да се испробат способностите. Може во скопје а и ако има некој информација за Штип би било уште подобро. Фала многу :)
 
Иако лично не сум имал контакт со нив, од познаници имам добиено многу позитивно мислење и би ти ги препорачал.
http://www.pdtransverzalec.org.mk/
Ова ти е многу, многу подобра опција него планинарење и кампување сам. И да, времето не е лошо за таква авантура. Не мора да чекаш есен.
 
Oва е всуштност многу добро и одлично за почеток. Ќе контактирам во наредната недела две овде да видам како оди работата и најверојатно ќе се зачленам. Но дали се само велосипедисти бидејки гледма поголемиот дел од рутите им се со велосипед?
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.831
Поени од реакции
5.944
Oва е всуштност многу добро и одлично за почеток. Ќе контактирам во наредната недела две овде да видам како оди работата и најверојатно ќе се зачленам. Но дали се само велосипедисти бидејки гледма поголемиот дел од рутите им се со велосипед?
не се само велосипедисти, него и планинари. Еве сега имаат евент за в Недела, искачување на врв Стрижак.
 
Член од
13 декември 2014
Мислења
14
Поени од реакции
1
Не можам да ја видам оваа слика. Инаку Апдејт денес поминав патека долга 18км - Струмина чешма што ја најдов на веб сајтот на Трекс. Си направив принтскрин и си ја потерав работата. Некаде 5 часа вкупно пешачење и искачување бидејки главно беше со паузи, таков е теренот, некаде стрмно некаде рамно. Скроз сам, освен еднаш што налетав на кучиња покрај една вила од кои потрчав едно 10тина метра и не ме гонеа подалеку од ѕидовите на вилата не налетав на ништо полошо. Препорака - одлично искуство за секој кој ја сака природата може да проба сам, совет - земете доволно вода ( жими се 4 литра не ми беа доволни) ако не знаете по пат каде има чешми или извори за дополнување. Поздрав :)

П.С - http://trex.mk/strumina/ од овде ја симнав мапата и гугл мапс користев многу малку само за да се осигурам дека сум на точен правец и кога требаше да го затворам кругот и да тргнам на назад.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom