Пред да пристигнат нашите бели браќа и од нас да направат цивилизирани луѓе, ние немавме никакви затвори. Поради тоа, немавме ни криминалци. Без затвор не може да има криминалци. Ние немавме ни клучеви ни катанци и поради тоа помеѓу нас немаше крадци. Кога некој би бил премногу сиромашен за да може да си дозволи коњ, шатор или покривка, во тој случај ќе го добиеше сето тоа како подарок. Бевме премногу нецивилизирани за да ѝ придаваме толку големо значење на цивилизираната сопственост. Не знаевме за никакви пари, па следствено на тоа вредноста на едно човечко суштество не се определуваше според неговото богатство. Немавме пишани закони, ни адвокати, ни политичари, па според тоа не можевме да се лажеме и мамиме едни со други. Навистина бевме за никаде пред да пристигне белиот човек и јас не знам како да објаснам како сме можеле без овие основни нешта, како што ни велат, кои се толку неопходни за едно цивилизирано општество. – Џон Куциот Елен, Су Лакота