Потребна e крв, крвна група А - (Прочитај)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Иако за утре е закажана акција за крводарителство, сепак не смееме да ризикуваме и да се надеваме дека некој од кајганџиите ќе ја има оваа крвна група, бидејќи еден живот е во опасност. Значи во текот на следниве денови потребна е крв од крвната група А-, па кој ја има оваа крвна група и е во можност да дарува, го молам да го стори истото. Ако не ја имате оваа крвна група, тогаш доволно би било да ја проследите оваа порака, на што е можно повеќе ваши контакти.

Случајов е посебен бидејќи не можете во било кој период од денот да донирате крв на центрите за трансфузологија, туку во точно одреден момент кој ќе го кажат докторите. Крвта мора да е донирана тогаш, на лице место. Еве ви и телефон за контакт: 070 950 170.

Значи бидете хумани и помогнете.
Се работи за близок член на семејството на еден наш форумџија, па да покажеме дека кајганџии се секогаш тука за вас, во добро и во лошо.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Утре 170 кајганџии се пријавиле ќе даруваат, зар нема никој крвна група А негатив?

Треба да и се помогне на млада девојка која е наша генерација и нејзината состојба може многу да се влоши. Итно е потребно да се пронајде лице кое ќе дарува крв.
Тие кајганџии утре со крвна група А негатив кои ќе даруваат нема да и помогнат на девојката, треба директна трансфузија.

Бидете хумани помогнете за продолжување на еден многу млад живот
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom