Дечки, дојде време за нов. Имам 15.000 денари бонуси од ВИП, спремни за трошење. Моментално имам Xiaomi Redmi Pro и како што иде редот, следно сакам да биде нешто подобро. Го разгледував Huawei Mate 10 lite, 4гб рам, новиве екрани, демек 4 камери и тн. Ова, колку што се разбирам, се предностите во однос на редми прото. Од друга страна, екранот и батеријата се подобри кај xiaomi-во. И сега се јавува друг проблем, цената во ВИП е ебени 26.500 денари, во сет/нептун е по 18, 19.000. Исто така, ја споредував камерата на лице место, редми про/ хуавеи и редмито имаше поприродни бои. Хуавеито забегуваше накај жолтеникаво, не знам дали се средува ова. Дали телефонов вреди како за тие 26.500?
Ако овој телефон не вреди како надградба за Xiaomi Redmi Pro, предложете некој во ценовен ранг 20,000-25,000. Најбитни ми се камерата и батеријата. Тоа рам-мам, 3тите гига на редмиво ми се топ. Благодариме.