ако го купиш од hi store нема блоутвер, за разлика од твојот самсунг а8 стар флагшип килер дестројер кој што има бајаѓи такви апликации.
Прва работа:
Xiaomi телефончињата баш се рипнати со цена во HiStore и ги немаат секогаш најновите. Еве побарав за
Xiaomi Redmi Note 5 Pro гледам немаат. (Јао, и овие ко Ледиком имаат доста телефони ама сајтот не го апдејтираат освен ако не е за некој скап телефон).
Друга работа, во спецификации ако збориме тогаш ни iPhone X не е лош судејки дека после најновиот iOs апдејт на 3GB рам работи ко формула.
Доброто во Xiaomi е што нудат доста многу за малце пари. Bloatware има ако не се купи од HiStore (Еве на пример од AMC, Anhoch, Neptun...)
Тој takozvani bloatware, е пун со Кинески апликации кои што се полни со реклами. Секако може да се исклучат, но не да се избришат (освен ако не се рутне тој телефон).
Отприлика секој што ќе купи Xiaomi телефон, нема сигурно да биде како мене или тебе да троши време да рутнува телефон, бидејки ако оди преку King Root ќе заврши побрзо но тој процес е по ризичен, и неможе Custom ROM во брза постапка преку тоа.
Ајде да го оставиме тој дел, едноставно и Samsung има bloatware, и сите други телефони. Тоа зависи од каде е купен тој телефон. Како што викаш ти од MiStore каде што нема доста од новите Xiaomi телефони (Или ако не го апдејтираат сајтот како Ледиком) , сигурно нема да има ич Bloatware но сепак самите апликации од Xiaomi (како на пример фајл менаџерот) имаат реклами на нив.
Еве една споредба со фајл менаџерот на Samsung, и со оној на Xiaomi:
Ајде малце за дизајнот.
Samsung вети уште од кога искочи iPhone X, дека никогаш нема да стави исечок на екранот, и дека нивната цел е да одат над бесконечност каде што звучниот за повици и проксималниот сензор за затемнување на екранот при приближување ќе одат под екранот.
Е таа технологија ја имаше Xiaomi уште од одамна но квалитетот на звукот беше од лош полош. Samsung ја прави истата технологија што би можела да биде имплементирана на Galaxy F (ex Galaxy X).
Еве едно видео и за таа технологија што ќе биде многу подобра од онаа на Xiaomi што искочи на Mi Mix:
И, иначе Xiaomi ја тргна таа технологија на MiMix2S. Не ја тргнале за џабе. А оваа на видеото што викаше дека таа технологија ќе искочи на Galaxy S10, е тоа не е точно бидејки S10 ќе има несиметричен дизајн како што Galaxy Note Edge имаше.
Дизајн како дизајн, Samsung немаат лош дизајн од назад. Тука ни Xiaomi, дури ни iPhone немаат лош дизајн. Проблемот е напред каде што некои компании која што една од нив Samsung имаат цел да направат 100% Screen to body Ratio екран без никакви црни линии или исечоци. Мислам дека тоа не е лошо но сепак нов проблем...
Што ако некој несакајќи ќе допре по екранот држејќи го со раце?
Сепак ова е Samsung, па се знае дека ќе направат некое идеално решение.
Што е лошото тука е што многу од кинеските и други компании наместо да иницираат или измислат нешто они будали следат тренд со исечоци на екранот ко демек повише Screen to body Ratio, а доле оставаат рамки.
Еве земете го OnePlus на пример.
Доста добри телефони, добар дисплеј, добар дизајн. Но сепак они на OnePlus 6 кога искочи никој не ги праша корисниците дали сакаат дисплеј со исечок на екран и долна рамка (Што погрд дизајн од тоа нема).А на OnePlus 5T се правеа демек "We Value our customers, and we listen to what they say" па фрлија едно гласање дали се за да го тргнат џекот на слушалки на OnePlus 5T каде што корисниците изгласа за НЕ.
Ама со One Plus 6,им забранија да спомнат збор за тоа, и сите теми на нивниот форум за тоа беа избришани, а корисниците банирани.
И Xiaomi се правеа нешто со MiMix сериите, но на крај исти к**ац ко OnePlus. Huawei исто така како Xiaomi на дел од нивните телефони. Истото важи и за другите компании.
Најгрд од сите ќе биде Pixel 3XL,каде што со Pixel XL им се исмеваат на Apple што го тргнале џекот за слушалки, а и они на Pixel 2XL го тргнаа. А сега и со Pixel 3XL уште полошо, каде што според мене Pixel 3XL ќе биде еден од најгрдите телефони со исечок на екранот, и со долна рамка.
Еве како Pixel 3XL би изгледал:
Со сево ова сакам тебе Ron, да ти потенцирам дека на 90% од компаниите ги боли таквото да корисниците (Освен Samsung) каде што гледаат да следат трендови кои што ќе им донесат некаков си профит.
Ти продужи да си користиш Xiaomi телефончиња. Не му бранам на никој, само кажувам дека не ја бива работава. Еден ден ќе осетиш дека сум во право.
Е сега, некој ќе се запраша зошто се одам против сите можни компании, а го фалам Samsung доста.
Тоа е бидејки Samsung е единствена компанија која што си стои на збор, и така е.
Но сепак Samsung за немаа направено некоја си голема иновација после Galaxy Note. За жал беа претркани од брендови како Vivo и Oppo кои што им беше важно да измислат нешто ново и да го претркаат Samsung за да бидат први во иновација.
Тоа е супер од нивна страна, ама прашањето тука е дали тоа што они го иновирале е квалитетно. Дали тие камери што се движат се издржливи. Сето ова доведува до нови прашања, нели?
И баш така испаѓа дека ни Vivo, а ни Oppo не гледаат на квалитет, и колку добро е тоа што го иновирале/измислиле.
Ако мислите дека јас лажам тогаш овие видеа дефинитивно не лажат:
Vivo Nex телефонот за среќа го нема истиот проблем како Oppo, но сепак пак и иновацијата со скенерот за прсти под екранот е само избрзана да го победат Samsung.
Тој скенер што го направи Synaptics е оптички. Тој се гледа под екранот, и исто така е доста спор во споредба со скенерите на OnePlus, Samsung, и оној во долната рамка на Huawei. Исто така тој скенер знае и да не вчитува прсти кога се испотени, и после доста користење буквално знае и да престане да скенира од прва.
Ако мислите дека лажам тогаш ова видео не лаже:
Samsung намерно не направија иновација со тие сензори, иако можеа уште пред 4 години да стават оптички скенер под екранот, но како што кажа сопственикот на Samsung DJ Koh, они не се одлучиле за тоа, иако имале нацрт уште од ерата кога S5 искочи, но тој посочи дека тие оптички скенери да ги ставеле тогаш би биле по несигурни, и поспори. Ете тоа е проблемот со Vivo, тоа им беше еден трик за да се покажат кој што се гледа дека е само за Showoff, не колку демек е добар тој скенер.
Е затоа Samsung чекаше сиве овие години да имплементира ултрасоничен, а не оптички скенер за прсти под екран каде што сензорот детектира ултрасоничен сигнал од прстот па се до скенерот, и тоа по побрз и посигурен начин.
Кога ќе искочи S10 слободно споредете го со некој од тие кинески телефони што имаат оптички скенери за прст под екранот и ке ја видите разликата.
Ти, Ron слободно продужи да си користиш Xiaomi уреди, и кога ќе дојде време смени си во некој нов Xiaomi дизајн со исечок на екранот, кој што они ќе го наречат Trully Bezel less.
Сума сумарум, скоро секој телефон си е добар во спецификации, и во дизајн од позади. Xiaomi телефоните за тоа не се лоши, и затоа го имаат престигнат Samsung, и сега се Number 1 бренд во Индија, а и низ светот. Xiaomi нуди многу за малце, па ако некој се мисли дали да земе J серија од Samsung или Xiaomi, нека иде со Xiaomi, само да е добар телефонот. А од Samsung секако А/C/S и Note класа. Се знае зошто. Сега скоро сите Flagship телефони од Huawei се со грд дизајн,а и Xiaomi можно е да се придружи на тој воз. Не се тука само Xiaomi во прашање, туку и сите други компании освен Samsung.
Бирајте што си сакате од сега понатаму. Мое си е да ви препорачам дека Samsung се квалитет, никогаш не изневеруваат, си стојат на збор, не следат трендови, не тргаат корисни работи а додаваат нови и корисни работи. И секако чекаат погоден момент да стават нешто ново ама квалитетно, не како Oppo што завршуваат со мрдачки камери што се несигурни, и телефони што се кршат од едно паѓање.
Слушајте ме, еден ден ќе видите дека сум во право. На сите други освен Samsung, им е да ви ги земат парите, што им е гајле дали тоа што го ставиле е добро, важно е да измислат нешто.
Иначе, јас користам веќе една година Samsung Galaxy J7 2016, и сум задоволен. Можеби не е некој јак, ама за мене 3,300mAh батерија која што е поголема во капацитет од еден кинески ајфон кој што кошта 60 болна.
Да во план ми е да го земам тој A8 Star, ама најверојатно наредна година бидејки оваа ги исчешав моите со ново компјутерче.
Околу она со GSM форумот, да се вратам од Бугарија, па ќе се придружам. Имам доста јас што да напишам.
Темите за Vivo Nex и Oppo Find X ќе бидат отворени таму.
Иначе како лојален фан на Samsung, заслужено беше
:
Оставете ги нека се изгорат уште неколку пати со кинезарија, само така од лично искуство ќе сфатат што е најдобро.
После разни експериментирања, на крај пак сите завршуваат со самсунг.