Здраво имам проблем со Huawei P9 lite ...Се направи од вода како влага и ми појави проблем со сим картичката и мемориската ми ги даде како да нема мрежа и да немам мемориска, камерата задна се замагли (се познаваа меурчиња), и ми даде како да имам активни слушалки, а немам ставено... Го чистев, го оставив во ориз и се направи се освен проблемот со слушалките, сеуште стојат активни, кога ќе ставам слушалки си работат се, но кога ги вадам пак стои активно... Проблемот е што кога ќе пуштам YouTube или кога зборам со некој не се слуша, што е нормално пошто телефонот мисли дека има слушалки, а кога ќе ми стигне нешто си работи звучникот... Сакам да ве прашам дали има некоја опција да ги направам неактивни слушалките системски макар и да не можам да ги користам веќе...