Потенцијална бесмртност и неуништливост - ХеЛа клетките и нивните импликации по човештвото

C

CoolIris

Гостин
Хенриета Лакс (1920-1951), Афроамериканка од сиромашно семејство со потекло од Вирџинија завзема посебно место во медицинските учебници, затоа што нејзините “бесмртни ХеЛа клетки” со децении се користат за различни медицински цели.

Се започнува на 29 април 1951 година кога Хенриета поради болки во стомакот и вагинално крварење се упатила во “Џонс Хопкинс”, најблиската болница која примала Афроамериканци во тоа време. При прегледот и бил земан примерок (парче ткиво) од грлото на матката и истото било испратено за патохистолошка анализа, при што на Хенриета и бил дијагностициран епидермоиден карцином на грлото на матката (иако, во 1970 година е докажано дека била погрешно дијагностицирана и всушност станува збор за аденокарцином). Се лекувала со радиум, најдобриот третман во тоа време за таа болест.

Примероци од ова туморско ткиво му биле дадени и на американскиот научник Џорџ Ото Геј, кој со години собирал клетки од сите пациентки со рак на глрото на матката кои доаѓале во “Џонс Хопкинс”, ги одгледувал, но истите примероци за релативно кратко време умирале. За разлика од нив, клетките на Хенриета продолжиле да живеат и да се удвојуваат на секои 20 до 24 часа.

Набргу потоа, на 4 октомври 1951 година, Хенриета починала како последица на тоа што ракот метастазирал и се проширил низ целото тело, но нејзините клетки и понатаму продолжиле да живеат. Ланецот од овие клетки станал бесмртен и се одржува со децении, а е познат како ХеЛа клетки (токму поради нејзиното име, ХЕнриета ЛАкс).

Причината зошто јас решив да ја отварам оваа тема е фактот што не постои ниту еден жив човек на планетава кој немал бенефит од овие клетки. Помогнале во развојот на полио вакцината (1953 година), проучување на ефектите на Х зраците врз човековите клетки (1956 година), испитувања поврзани со синдромот на стекнат имун дефицит (СИДА), туберкулоза, ХПВ, Паркинсон, се користат во проучување на ефектите на најразлични лекови итн.

И сега, прашањата ми се:
  • Каде се вие мислите дека овие клетки би можеле и би требало да се искористат во иднина?
  • Како би реагирале на нешто што е потенцијал да ве направи неуништливи, но исто така и целосно уништливи за само еден миг?
  • Мислите ли дека некој би можел да биде бесмртен и неуништлив? Која е целта?
  • Дали вие би сакале и зошто?
  • Дали човештвото би имало корист од тоа?
За Хенриета Лакс и нејзината приказна има напишано и книга “The immortal life of Henrietta Lacks” - Rebecca Skloot, како и истоимен филм создаден по истата книга.
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Пред неколку години најдов нешто за хидрата поврзано со бесмртноста.

Зошто старееме? Кога умираме и зошто? Дали постои живот без стареење? Со векови науката била фасцинирана од овие прашања. Сега истражувачите од Кил Германија истражиле зошто Хидрата е бесмртна и неочекувано откриле линк кој е поврзан со човечкото стареење.

Студијата спроведена во Кил Универзитетот во соработка со Медицинскиот центар Шлезвик-Холштајн ќе бидат објавени неделава во Зборникот на Националната академија на науките на САД. Истото е финансирано од Германската фондација за истражувања DFG.
Хидрата е мистериозно бесмртна.

Малата слатководна Хидра не покажува никакви знаци на стареење и се смета за потенцијално бесмртно животно За ова има едноставно објаснување. Имено ова животно се репродуцира со пупење наместо со парење. Предуслов за ваквото нешто е тоа што секој полип содржи матични клетки способни за континуирано размножување. Без овие матични клетки, животните не можат да се репродуцираат. Поради својата бесмртност, Хидрата во последните неколку години е предмет на голем број на студии за стареење.

Kога луѓето стареат, се повеќе и повеќе од нивните матични клетки ја губат способноста да се размножуваат и на тој начин да формираат нови клетки. Стареењето на ткивото не може да се регенерира повеќе, поради што и мускулите ја губат својата ефикасност.

Постарите луѓе имаат тенденција да се чуствуваат послаби, бидејќи нивниот срцев мускул е погоден од овој процес на стареење. Доколку е можно да се влијае на истиот луѓето ќе се чуствуваат физички подобро и ќе бидат во можност да живеат подолго. Студирањето на животинските ткива како што се оние кај Хидрата – животно полно со активни матични клетки во текот на целиот свој живот – може да даде увид за матичните клетки и нивното стареење како такви.

Човековиот долговечен ген откриен во Хидрата

„Изненадувачки нашата потрага по генот што предизвикува Хидрата да биде бесмртна не доведе до таканаречен „FoxO ген““, вели Ана Мареи Бом, автор на ваквата студија.
Генот постои во сите животни и луѓе и е познат со години Сепак до сега не беше познато зошто човечките матични клетки стануваат помалку неактивни со зголемувањето на возраста, кои биохемиски механизми се вклучени и како FoxO ја има улогата во стареењето. Со цел да се пронајде генот, истражувачката група ги изолира матичните клетки на Хидрата, а потоа ги прикажа сите нејзини гени.
Откриени бесмртните механизми на Хидрата.

Истражувањето на тимот беше изведен во неколку наврати – Хидра со нормална FoxO, Хидра со неактивна FoxO, Хидра со подобрена FoxO.
„Научниците беа во можност да покажат дека животните без FoxO, поседуваат значително помалку матични клетки. Кај животните со неактивни FoxO, е забележана активност слична на онаа кај постарите луѓе“, објаснува Филип Росенстиел од Институтот за клиничка Молекуларна биологија, чија истражувачка група придонесе кон проучувањето.

„Нашето истражување покажа дека постои директна врска меѓу генот FoxO и стареењето“, вели Томас Бош Сепак не е возможно да се испита ваквиот ген на луѓе поради генетската манипулација. Но, сепак моменталните резултати се чекор напред во објаснувањата зошто луѓето стареат. Следниот чекор е истражувањето на долговечноста на FoxO генот, како тој функционира во Хидрите, и како еколошките фактори влијаат на него.
 
C

CoolIris

Гостин
Медицински неписмен прашува , зошто клетките од Хенриета не умреле?
Бидејќи тоа не се обични клетки на здрави телесни ткива, туку клетки на туморско ткиво кои содржат патолошки модифицирани гени за континуирана митоза (делба) на клетките на ракот на човекот. Вусшност, тоа се клонови на малигни клетки.

Животниот век на здравата клетка е програмиран. На крајот од секој хромозом постои една нишка позната како ДНК теломер кој се крати по малку при секоја делба на клетката. И така, нормалните здрави клетки проаѓајќи низ својот животен век, со секоја делба се кратат, се додека целосно не исчезнат. После тоа, клетката престанува да се дели и умира.

Од друга страна, човековите канцерогени клетки содржат ензим теломераза кој повторно ги гради нивните теломери, така што клетките можат бесконечно да ги регенерираат своите теломери.

Значи, само клетките кои се модифицирани од вирус или генска мутација имаат потенцијал да станат бесмртни.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Интересна тема.

Има еден познат случај во САД- Moore v Regents пред Врховниот суд на Калифорнија, каде е направен правен преседан. Според таа одлука, клетките не се сопственост на дарителот и тој нема право на дел од профитот направен од нив! Сега тука настанува моралната дилема, од една страна тој научен тим става дел од своите вештини, знаења и ускуство со цел на општото добро, но и тим кој вложува пари и/или предмети (опрема) со цел да оствари профит (вакцина во форма на патент), а од друга страна дарителот останува со празни раце!

И во нашиот правен систем е инкорпорирано ова. Врз оправдани медицински принципи и критериуми, можат да се земаат делови од човечкото тело (Закон за ткива, органи и клетки). Притоа тие треба да се земаат со согласност (но лицето мора да е известено за последиците по неговото здравје) ако лицето е живо или од лице кое настапила мозочна смрт. Давател мора да биде полнолетно и душевно здраво лице кое не смее да земе паричен или имотен надоместок (ако земе ќе стори кривично дело). И тука има дилема, дали државата треба да стимулира, со паричен надоместок, лицата по својата смрт да можат да ги "донираат" своите органи (или ткива и клетки) за тој паричен надоместок затоа што на тоа поле ние сме мртви, а има редица луѓе кои чекаат орган!

Околу ХеЛа клетките. Прочитав дека Опра директно помогнала за издавање на книгата, која подоцна е филмувана. Денес, има спогодба меѓу семејството Лакс за употреба на нејзините клетки, што е позитивен знак затоа што секој протест од нивна страна би фрлил сенка на научните резултати произлезени од тие клетки (полио (детска парализа) и ХИВ) со оглед на расните проблеми со кои се соочува САД со децении наназад.
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
36.792
Поени од реакции
29.260
,,,na planetava ima premalku populacija pa samo ushte besmrtnost fali na vekje postoechkata
,,,sekoja civilizacija , vkluchuvajki ja i segashnava , vo momentot koa kje pochne da go imitara Boga e osudena na propast , mislam deka so vakvo tempo ako prodolzhi bio genetskiot inzhinhering vo skoro vreme celoto choveshtvo ke se najde na rabot na propasta od kadeshto ke nema popraven
,,, toa deka seto toa se pravi za podobruvanje na kvalitetot na chovechkiot zhivot se prikaski za mali deca
,,,so koe pravo i chija dozvola chovekot gi pravi ovie raboti vo ovoj sevrenensko seprostoren univerzum,,,
 
C

CoolIris

Гостин
Интересна тема.

Има еден познат случај во САД- Moore v Regents пред Врховниот суд на Калифорнија, каде е направен правен преседан. Според таа одлука, клетките не се сопственост на дарителот и тој нема право на дел од профитот направен од нив! Сега тука настанува моралната дилема, од една страна тој научен тим става дел од своите вештини, знаења и ускуство со цел на општото добро, но и тим кој вложува пари и/или предмети (опрема) со цел да оствари профит (вакцина во форма на патент), а од друга страна дарителот останува со празни раце!

И во нашиот правен систем е инкорпорирано ова. Врз оправдани медицински принципи и критериуми, можат да се земаат делови од човечкото тело (Закон за ткива, органи и клетки). Притоа тие треба да се земаат со согласност (но лицето мора да е известено за последиците по неговото здравје) ако лицето е живо или од лице кое настапила мозочна смрт. Давател мора да биде полнолетно и душевно здраво лице кое не смее да земе паричен или имотен надоместок (ако земе ќе стори кривично дело). И тука има дилема, дали државата треба да стимулира, со паричен надоместок, лицата по својата смрт да можат да ги "донираат" своите органи (или ткива и клетки) за тој паричен надоместок затоа што на тоа поле ние сме мртви, а има редица луѓе кои чекаат орган!

Околу ХеЛа клетките. Прочитав дека Опра директно помогнала за издавање на книгата, која подоцна е филмувана. Денес, има спогодба меѓу семејството Лакс за употреба на нејзините клетки, што е позитивен знак затоа што секој протест од нивна страна би фрлил сенка на научните резултати произлезени од тие клетки (полио (детска парализа) и ХИВ) со оглед на расните проблеми со кои се соочува САД со децении наназад.
Види, во многу убав правец тргна да дискутираш.

Кога одиме на лекар, дури и за обичен преглед и најмала интервенција ни даваат документи. И меѓу ваквите документи кои ни ги даваат, секогаш е оној кој обезбедува т.н. "информирана согласност" за постапката или за третманот. Што е тоа информирана согласнот? Информирана согласнот е процес на добивање дозвола од пациентот пред да се спроведе било каква здравствена интервенција.

Но, тоа не било отсекогаш така, а токму случајот со Хенриета, има огромно влијание врз етичките прашања кои се поврзани со информираната согласност во медицинската пракса. И навистина, приказнава може да се разгледува од многу аспекти, бидејќи како контраст на неизмерното добро кое што го направиле овие клетки, "The immortal life of Henrietta Lacks" нуди приказ и на длабоките неправди кои што ги доживеало нејзиното семејство. Клетките на Хенриета биле земени без нејзината информирана согласност во 1951 година, а нејзиното семејство станало свесно дека истите постојат дури во 1971 година (кога почнале да им бараат примероци од нивната крв), а дури во 2013 година (повеќе од половина век откако за првпат биле употребени овие ХеЛа клетки) им било дадено некакво овластување за употребата на овие клетки.

Значи, благодарение на случајот со Хенриета, денес ние сме заштитени од било каква форма на нарушување на приватноста.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.753
Поени од реакции
9.558
Значи, благодарение на случајот со Хенриета, денес ние сме заштитени од било каква форма на нарушување на приватноста.
Ne razbiram nisto a I ne e bitno, no me zainteresira ovoj del...potocno na kakvo narusuvanje na privatnost mislis?
Koi se tie formi?
 
C

CoolIris

Гостин
Ne razbiram nisto a I ne e bitno, no me zainteresira ovoj del...potocno na kakvo narusuvanje na privatnost mislis?
Koi se tie formi?
Многу е битно да го разбереш нештото, пред да коментираш.

Мислам на земање на нешто твое без твоја согласност и користење на истото за било какви цели, без твое знаење или знаење на твоите најблиски.

Повели, еве на што мислам :)
 

Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.711
Значи, само клетките кои се модифицирани од вирус или генска мутација имаат потенцијал да станат бесмртни.
Дали од медицинска гледна точка, ова може да значи дека туморот како штетна појава што предизвикува смрт, со мал твик и напредна сај-фај медицина може да биде искористен како вакцина за безсмртност?
И сега, прашањата ми се:
  • Каде се вие мислите дека овие клетки би можеле и би требало да се искористат во иднина?
  • Како би реагирале на нешто што е потенцијал да ве направи неуништливи, но исто така и целосно уништливи за само еден миг?
  • Мислите ли дека некој би можел да биде бесмртен и неуништлив? Која е целта?
  • Дали вие би сакале и зошто?
  • Дали човештвото би имало корист од тоа?
  • Незнам, не сум медицинско лице
  • Овие таканаречени ХеЛа клетки, така како што се опишани, делуваат како многу мал дел од огромен мозаик, но се далеку од давање некаква безсмртност како што ние ја замислуваме, без да се комплетира мозаикот. Неуништливост во права смисла на зборот, не постои. Според правилата на термодинамиката, евентуално се ќе се дезинтегрира до последен атом, само е прашање на време.
  • Една иста судбина им се пишува на сите луѓе при самото раѓање, дека ќе умрат. Во последниве стотина години, просекот на живот е драстично кренат низ цел свет, секаде луѓето подолго живеат. Ако пред само 200 години, просекот бил 35 години, сега е кренат повеќе од дупло, околу 75-80, зависи од земја до земја. Кривата на тој тренд во следните години ќе оди нагоре, но не за сите, туку за многу мал дел од популацијата. Велат дури и дека човекот кој ќе живее засекогаш е веќе роден. Меѓутоа, смртта не е процес што може да се спречи, но веројатно може да се одложи. Во случај на драстично кревање на животниот век кај човекот, проблемот не е во тоа како ќе биде одржано телото во здрава физичка состојба. Реалниот проблем лежи во менталното здравје. Како на пример некој би го отценил менталното здравје кај особа што е во 669та година во животот? Самото прашање е безмислено. Менталното здравје кај било која особа ќе се поремети после преминување на некој одреден праг, дури и да бидеш безсмртен, прашање на време е кога самиот ќе си го побараш излезот.
  • Би сакал подолг и поубав живот, и би сакал да имам сопствени деца кои ќе ме наследат, но да живеам засекогаш, ни под разно.
  • Не. Замисли ја Македонија со Заев/Груевски на власт засекогаш. Или Ким Јонг Ун безсмртен, лол.
И за крај, едно видео:
 
C

CoolIris

Гостин
Дали од медицинска гледна точка, ова може да значи дека туморот како штетна појава што предизвикува смрт, со мал твик и напредна сај-фај медицина може да биде искористен како вакцина за безсмртност?
Поентата е дека овие Хела клетки се користат за да се увиде како човековите клетки би реагирале на различни вакцини (на тој начин придонесуваат дури и во создавањето на КОВИД - 19 вакцината), медикаменти (side effects) итн.

Во 1951 година, детската парализа (полиомиелитис) била едно од најразорните заболувања во светот. И Jonas Salk веќе знаел како вакцината функционира, само проблем било нејзиното тестирање. Обично, ваквите тестирања ги правеле на мајмуни, но тоа било скапо, а исто така уште една причина била брзата смрт на клетките во тој процес. Логично, најдобрите клетки за тестирање би биле подложни на инфекција од полиовирусот, но не би биле уништени од него. И такви клетки не постоеле, се додека не биле откриени клетките на Хенриета. Овие клетки било скоро невозможно да се уништат. На Salk му било дадено да ја тестира вакцината за детска парализа, а истата беше причина за успешна елеминација на полиомиелитисиот во повеќето земји во светот.

Некаде во 1980 година, било откриено дека ХеЛа клетките содржат неколку копии на хуман папилома вирусот 18 (ХПВ - 18), вид на ХПВ, за кој подоцна се покажало дека предизвикува рак на грлото на матката, кој всушност ја убил Хенриета. Утврдено е дека ХПВ - 18 е еден од најопасните вируси, при што вметнувајќи ја неговата ДНК во нормалните клетки, истите се принудени да произведуваат протеини кои на крајот доведуваат до рак. Години подоцна, тоа знаење било искористено и за равојот на ХПВ вакцини.

Со текот на годините, ХеЛа клетките биле користени од страна на научниците за да се проучува однесувањето на најразлични вируси - ХИВ, херпес симплекс, ЗИКА, варичела, ЕБВ (ебштејн бар вирусот). Целта била единствена - да се разбере како човекот да се бори со нив.
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
,,,na planetava ima premalku populacija pa samo ushte besmrtnost fali na vekje postoechkata
,,,sekoja civilizacija , vkluchuvajki ja i segashnava , vo momentot koa kje pochne da go imitara Boga e osudena na propast
Не би рекол дека ради тоа е осудена на пропаст. Повеќе би рекол дека пропаѓаме поради што не играме паметно. Сега за сега не би било паметно да станеме бесмртни поради ограничените ресурсси и простор на планетава (плус луѓето не се единствени на планетата). Друго е кога ќе почнеме помасовно да се шириме на други планети.
Попаметно би било сега да измислат нешто за побрзо да се регенерираме при физички повреди, за почеток, барем внатрешните повреди.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.808
Поени од реакции
15.731
Не би рекол дека ради тоа е осудена на пропаст. Повеќе би рекол дека пропаѓаме поради што не играме паметно. Сега за сега не би било паметно да станеме бесмртни поради ограничените ресурсси и простор на планетава (плус луѓето не се единствени на планетата). Друго е кога ќе почнеме помасовно да се шириме на други планети.
Попаметно би било сега да измислат нешто за побрзо да се регенерираме при физички повреди, за почеток, барем внатрешните повреди.
каква бесмртност, нели Депопулација треба.... ама и тоа не знаат да го направат стручно, па почнаа млади да умират од Ковид...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom