Своето прво патување надвор од Азија, апостол Павле го направил во Македонија. Тоа започнало во 51 година, а завршило во 54 година, при што во текот на тие години апостолот Павле посетил и некои грчки градови, каде што, исто така, биле основани христијански црковни општини за што сведочат и „Делата Апостолски“.
На тие негови патувања го придружувале и Лука, Тимотеј, Сила и Тихик, кои и самите, независно од светиот апостол Павле, работеле на христијанизацијата на народот на овие простори. Низ Македонија проповедал и Апостол Андреја, кој го поставил Апостол Урбан за прв епископ во Македонија. Апостол Силуан бил првиот епископ на Солун, а Епафродит во Адрија или Адријакија (погранично место со Тракија). Од учениците, Аристарх и Секунд биле по потекло од Солун, Епафродит бил од Филипи, а Гај од Добер (Дервија) кој најверојатно се наоѓал накаде меѓу Струмица и Валандово.
Во тоа време Македонија била во составот на Римската империја, така што често ги менувала своите граници и својот етнички состав. Едно од првите споменувања за патувањата на апостолите во Македонија се наоѓа во Дела на светите апостоли најверојатно напишано од страна на апостол Лука, каде се вели:
... на Павлe му се јави ноќно видение: некој Македонец застана пред него и му се молеше, велејќи: „Дојди во Македонија - помогни ни! И кога го виде видението, веднаш побаравме да отидеме понатаму во Македонија, заклучувајќи дека Бог нè повикал да им го проповедаме Евангелието. Потоа отпловивме од Троада и патувавме право кон Самотрак, а на идниот ден во Неапол,
Во Филипи според Новиот Завет се случило и првото крштевање и тоа на Света Лидија Македонка. Така Лидија станала првата христијанка во Македонија и во Европа која го примила христијанството од апостол Павле. Евангелието кога стигнало во Европа не го пресретнале мажите, туку жените, бидејќи тие први се појавиле пред апостолите. Апостол Павле активно ги вклучил и жените во мисионерството и во евангелизацијата во ранохристијанската црква. Според верувањата, Света Лидија била гостопримлива па ги понудила апостолите да живеат во нејзиниот дом. По заминувањето на апостол Павле со придружниците, се претпоставува дека апостол Лука останал да живее во куќата на Лидија. Куќата станала првиот христијански храм во Европа, по примерот од куќата на Марија, мајката во Ерусалим. Се смета дека Лидија е основоположник и на црквата во Тијатир која е една од седумте цркви во Азија, за кои што зборува свети Јован во Откровението.
Освен Лидија, во Библијата се спомнуваат и Еводија и Синтихија како и мажите Епафродит и Климент
Не се нервирај , Македоните се од илирско-трачко потекло. Целото население на овие простори зборувало vulgar latin и грчки јазик , односно преовладувал латинскиот јазик како официјален.
Македонците се мешавина од ова домородно население и дојдените Словени . Кога дошол на овие простори Апостол Павле го нашол домородното население , жители на Македонија (се знаат кои се границите на тогашна Македонија).
Жителите на тие простори биле Ромеи, државјани на Рим.