Потврда за вежбање/спортување?!

Член од
1 октомври 2012
Мислења
401
Поени од реакции
307
Ќе копирам од твитер

------------------------------------------------------------------
Уште едно регулативиче дечки. Сите што вежбате некаде -спортски клуб, теретана, аеробик итн. треба да имате потврда од спортска медицина дека сте способни,инаку инспекција може да ве казни и упадне на час. Е сеа, реку Мој термин има дури март,приватно 2.400 ден. НА ЗДРАВЈЕ

немам линк,инструкторката на аеробик сега на час ни објаснуваше. Клубовите не смее да запишуваат луѓе без потврда за таков преглед
------------------------------------------------------------------


Некој да има посигурна информација?
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Сериозно е ова? Сериозно!? Абе овие тотално забегале ако е вистина! Ајде апокалипсо побрзај и собери ги прво нив да гледаме, па после сите по ред!
 
Член од
1 октомври 2012
Мислења
401
Поени од реакции
307
Изгледа за ова беше кампањата за здрав живот. Да тргнат сите да вежбат па сеа ЖНЕЈ :D
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.564
Ќе копирам од твитер

------------------------------------------------------------------
Уште едно регулативиче дечки. Сите што вежбате некаде -спортски клуб, теретана, аеробик итн. треба да имате потврда од спортска медицина дека сте способни,инаку инспекција може да ве казни и упадне на час. Е сеа, реку Мој термин има дури март,приватно 2.400 ден. НА ЗДРАВЈЕ

немам линк,инструкторката на аеробик сега на час ни објаснуваше. Клубовите не смее да запишуваат луѓе без потврда за таков преглед
------------------------------------------------------------------


Некој да има посигурна информација?
Незнам кога стигнале да го усвојат, Бобан го даде како предлог на седница на ББФМ, сите теретани кои се членови во ББФМ да бараат медицинска потврда со што би се увидело дали се способни да вежбаат. Ова е нож со две острици според мене, можеби би се намалил процентот на немили настани поради здравствени проблеми на луѓе кои вежбаат по теретаните, но се усложнува за вежбачите да губат време и пари.
Реално секој треба да е свесен дали е способен или не е да се бави со спорт од медицинска гледна точка, бидејќи шумови и проблеми на срце се откриваат во голем дел од случаите уште во рана школска возраст на систематските прегледи па таквите луѓе си имаат информации за своето тело.
Мислам дека повеќе треба да се ангажираат околу контрола на продажбата на лековите во спортот, од која некои фаци прават дебели пари, а на сметка на тоа други недоволно информирани си го уништуваат здравјето, но така би секнале добри извори на финансии за многумина.[DOUBLEPOST=1421275462][/DOUBLEPOST]П.С не би рекол дека ова ти е за во право подфорум
 
Последно уредено:

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Taман јас почнав в теретана да одам и ете шо му текна на лудаците :D

Важи лекарско од фудбал ? Имам такво :)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Ако може линк ?
А што ако те сретнат како џогираш по улица или рекреативно вежбаш во теретана/базен или слично ?
Знаев уште по првата вест кај порталите дека Груевски јадел здраво, веќе е некој закон смислен
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.564
Прашање кое заслужува одговор,
@Gjoroski Дали не мислиш дека треба поголема контрола за теретаните.Сега од кога го воведивте првиот чекор со лиценците мое мислење е дека треба во иднина да биди обврзувачки за членовите во нив и лекарска потврда од спортска медицина која би имала определен рок пример 1 година,Со тоа би се заштитиле и самите вежбачи како и самите теретани oд несакани ситуации.
Дали мислиш дека е ова потребно?
Дали мислиш дека кај нас можи да профункционира?
Какво е искуството во другите земји?

И повеќе од потребно. За доброто на сите кои работат во овој спорт и живеат од него. Сигурен сум дека ќе профункционира. Во моментов, освен лиценците, се работи и на правилник за работа на теретаните и изготвување на договори кои теретаните, членки на ББФФМ, ќе бидат обврзани да ги прават со сите членови во нивните клубови. Во тие договори јасно ќе стои потреба од лекарски преглед, пред започнување на физички активности во клубот.
За да направиме поширока акција и контрола на се што е диво во државава, нам како федерација ни е потребна инфомрација. Врз основа на таа информација, ние ќе превземеме соодветни активности. Во тек е изготвување на официјален сајт на федерацијата, bbffm.mk, на кој сајт ќе се најдат сите оние теретани кои работат согласно законските регулативи во МК, како и сите оние инструктори или тренери кои имаат право како такви да работат на полето на овие спортови.Се до тој момент, федерацијата на своите членови кои работат согласно законските прописи во државата им издава налепница за тековната година, која се должни да ја залепат на влезната врата од вежбалната.
Оптимиста сум на подобро утре

Ова е од херкулес форумот, како најкомпетентен да одговори на ова прашање е повторно Бобан, така да @Gjoroski, до каде е ова со медицинските белешки, јас ви отскршнав малку од патеката и не сум во тек со бодибилдингов последните неколку месеци, али ти може да одговориш најсигурно околу ова :)
1.Би сакал да знам колку би важела потврдата (која претпоставувам лекарот ќе сака прво да види лабораториски резултати, ЕКГ и тн и тн па да ја даде) и дали мора на пример на секои 6 месеци да носиме или ако вежбаме постојано во иста теретана ќе мора да се носи на одреден период?
2.И дали ќе се носат копии или на пример вежбам 1 месец во една теретана, не ми се свиѓа таа следен месец менувам друга ќе мора ли да трчам на лекар на секое да вадам нова белешка или само копија би носел од старата?
3. Ќе дадам пример преку кој сакам да ја доловам суштината на следново прашање „Јас лично имав скинато лигаменти и тешка скршеница пред 3-4 години кои лично ги осеќам посебно на големи килажи и последни повторувања, е сега во теретана,за мене никој не знае дека го имам тој проблем, освен тренинг партнерот нормално со кој вежбам 5 години уназад и знае дека на големи килажи ми попушта лева рака бла бла, али јас сум полнолетен и што и да се случи одговарам самиот, но зборот ми е за дечки под 18год кои идат во теретаните како би регулирале ако некој од нив има ваков проблем и случајно се случува на истото место (скршеницата) да направи повторно повреда. Прво е под 18 и не одлучува само тој за неговите постапки, второ кај нас во теретаните ретко кој доаѓа да ти прави контрола што правиш (посебно се восхитуваат ако некој крева над просекот несвесно кој е тој, колку години има, дали имал некаква скршеница и со тие килажи може да предизвика повреда) и за крај никој ама баш никој од т.н „инструктори“ не се замара дали ги изведуваат дечките правилно вежбите. Незнам како правниците би решиле ваков проблем во случај ако неговите родители ја тужат теретаната што никој не внимавал на нивното дете и се случила таква повреда. Сметаш ли дека за помалите од 18 е потребна и потпишана потврда од родител-старател со која ќе се огради теретаната од ваков случај?

Боби имам уште многу работи кои би ги додал али сум тенок со време, некој ден кога ќе поминам по гориво до кај тебе ќе дискутираме :) засега чекам мислење за овие 3 прашања (прво и второ е скоро исто прашање :) ) кои први ми паднаа на ум и беа најкратки :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Ова е добро можда глобално гледано, пред се заради самиот оној кој вежба на кратки патеки.
Ама не е едноставно, посебно што овде има голем дијапазон на цели, техники и начини на активност. Јасно е дека не сите клубови се за ББ и не сите вежбаат бб.
Поголемиот дел од оние кои посетуваат вакви центри тоа го прават од разонода или подобрување и одржување на здравјето. Ме интересира за што би се користеле резултатите и мислењето од спортска медицина односни што понатаму со таа потврда.
Изработка на одреден програм за вежбање и исхрана како и редовна лекарска контрола (а не само еднаш дадена потврда) би се одразиле на цената (дополнителниот ангажман на тренер, програма и постојано лекарско следење) како и на профилот вработени (со одлични медицински познавања), кое отвара дополнителни прашања..
Од причина што голем % лица посетуваат вакви центри заради здравствени причини или разонода (која повторно резултира со здравствени подобрувања), а не спортуваат заради професионален ангажман, сметам дека тврдењето дека само здрави луѓе треба да вежбаат не е баш применливо и дека многу нешта нема да може да се земат предвид. Дури и една состојба при прегледот не значи за некој месец сосем друга состојба.
На тоа ќе треба да обрнат внимание...дека во надеж за подобрување, да не испадне голем број да се откажат од било каква активност.
 
Последно уредено:

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.251
Ова и требаше да се воведе. Се случуваат доста несакани работи за време на вежбањето. Убаво е да бидат на некој начин заштитени и тренерите. А иначе на мој термин имате секој ден термини, еве проверете под кале и за денес има.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
како што се затегнуваат работите, се повеќе ќе ве има што ќе вежбате по дома. Што ќе прават докторите за лицата кои трчаат на кеј на 30 степени во лето? Ќе им забранат да трчаат? На велосипедистите, планинарите...? Зумба, комба...колку значи што срцето во тој момент било "здраво"?
Само би замолил да се донесе закон за спортски потврди кога се нарачува ракија во кафана и за купување чварки. Што ако лицето има хипертензија, м?
Скраја да е, може да се умре било кога и било каде ама 10-15 евра во старт за двајца не ми се дава па што сака нека е.
 
Последно уредено:
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.945
Преку куров више од лиценци,регулации и слични глупости,кои не носат ништо друго освен роботизирање и зомбирање на луѓето + некое денарче повеќе за споменици.

И ај,власта да ја разберам што сака се да регулира и контролира,си има она свои мотиви за тоа,ама луѓево,обичните луѓе што влегоа во тој филм,дека СЕ треба да биде регулирано,лиценцирано и контролирано,никако не можам да ги разберам.

Тоа не е нормална состојба на едно човечко битие,не е нормално да сакаш секој аспект од твојот живот да биде регулиран,ограничен и контролиран,од било кого.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.714
Поени од реакции
15.586
Ако може линк ?
А што ако те сретнат како џогираш по улица или рекреативно вежбаш во теретана/базен или слично ?
Знаев уште по првата вест кај порталите дека Груевски јадел здраво, веќе е некој закон смислен
за улицата или кејот е одговорен надлежниот сељоначалник:D
 

Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Ова е од херкулес форумот, како најкомпетентен да одговори на ова прашање е повторно Бобан, така да @Gjoroski, до каде е ова со медицинските белешки, јас ви отскршнав малку од патеката и не сум во тек со бодибилдингов последните неколку месеци, али ти може да одговориш најсигурно околу ова :)
1.Би сакал да знам колку би важела потврдата (која претпоставувам лекарот ќе сака прво да види лабораториски резултати, ЕКГ и тн и тн па да ја даде) и дали мора на пример на секои 6 месеци да носиме или ако вежбаме постојано во иста теретана ќе мора да се носи на одреден период?
2.И дали ќе се носат копии или на пример вежбам 1 месец во една теретана, не ми се свиѓа таа следен месец менувам друга ќе мора ли да трчам на лекар на секое да вадам нова белешка или само копија би носел од старата?
3. Ќе дадам пример преку кој сакам да ја доловам суштината на следново прашање „Јас лично имав скинато лигаменти и тешка скршеница пред 3-4 години кои лично ги осеќам посебно на големи килажи и последни повторувања, е сега во теретана,за мене никој не знае дека го имам тој проблем, освен тренинг партнерот нормално со кој вежбам 5 години уназад и знае дека на големи килажи ми попушта лева рака бла бла, али јас сум полнолетен и што и да се случи одговарам самиот, но зборот ми е за дечки под 18год кои идат во теретаните како би регулирале ако некој од нив има ваков проблем и случајно се случува на истото место (скршеницата) да направи повторно повреда. Прво е под 18 и не одлучува само тој за неговите постапки, второ кај нас во теретаните ретко кој доаѓа да ти прави контрола што правиш (посебно се восхитуваат ако некој крева над просекот несвесно кој е тој, колку години има, дали имал некаква скршеница и со тие килажи може да предизвика повреда) и за крај никој ама баш никој од т.н „инструктори“ не се замара дали ги изведуваат дечките правилно вежбите. Незнам како правниците би решиле ваков проблем во случај ако неговите родители ја тужат теретаната што никој не внимавал на нивното дете и се случила таква повреда. Сметаш ли дека за помалите од 18 е потребна и потпишана потврда од родител-старател со која ќе се огради теретаната од ваков случај?

Боби имам уште многу работи кои би ги додал али сум тенок со време, некој ден кога ќе поминам по гориво до кај тебе ќе дискутираме :) засега чекам мислење за овие 3 прашања (прво и второ е скоро исто прашање :) ) кои први ми паднаа на ум и беа најкратки :)
Ме нема подолго време, па доцнам со одговорот на овие три прашања.
Пред да почнам да дадам одговор, кој одговор е мое лично гледање на целата ситуација, еден мал вовед.
Бодибилдинг и фитнес клубовите во Македонија, незнам од која причина, последните години работат како бизнис места, а не како спортски здруженија и спортски клубови кои по некоја логика членуваат во спортска федерација и учествуваат во системот на натпревари кои таа ги организира. Кога тие би почнале да функционираат на овој начин, на начин како што е тоа дефинирано, ќе се направи ред и ќе се знае кој каде припаѓа. Ќе се знае колку од тие зачленети тамо се активни спортисти имаат статус на спортист, колку се рекреативци и имаат статус на рекреативци. Од како ќе се дефинира тоа, ќе се знае која е обврската на клубот и членовите во него. Од годинава и оваа состојба сум сигурен дека ќе почне полека да се кристализира и разрешува.
Кога кажав дека лекарскиот преглед е задолжителен и потребен, пред да се започне со било каква физичка активност која би се изведувала во некоја институција и организација, а не по дома, комшии и слчни места, го кажав тоа од две причини. Прво од причина што индивидуата која решила да се занимава со одреден спорт пожелно е да знае кои се нејзините почетни здравствени позиции, предности и ограничувања. Второ, клубот каде таа индивидуа ќе се зачлени и ќе започне со примена на било каква програма, ќе знае како да пристапи во исполнување на таа цел. Значи, сето тоа е за општо добро и на двете страни. Тоа што ние како народ сме модри во градите од причина што ние сме НАЈ и никој ништо не ни МОЖЕ, ние СЕ знаеме, патиме постојано. Па од 500 правни лица кои се занимаваат со фитнес во државава, од кои повеќе од 100 се повеќе билдинг и се наоѓаат токму во главниот град, од груба процена на околу 50.000 луѓе ( а сигурен сум дека ги има повеќе) кои се повеќе или помалку активни, од кои голем процент се млада популација која СЕ ЗНАЕ и која рекреативно од ГОЛЕМО ЗНАЕЊЕ посегнува по работи кои врска немаат со рекреација, на натпревр во Македонија на сцена се појавуваа само 10-15 индивиидуи. Повеќе од 95% од сите тие клубови немаат дозвола за работа, а ист процент на тренерите немаат лиценца за работа. За мене, лично како претседател на национална спортска федерација, ова е голем неуспех. Поготово што не сум успеал да ја доловам поубавата страна на бодибилдингот и фитнесот како спортски гранкии што не с ме вовеле ред на работење и функционирање. Нормално, ова не е само мој неуспех, туку е и неуспех на сите оние кои се преставуваат како спортски работници во овие спортови, а од друга страна ние можеме да укажеме на неправилностите , но не и да казнуваме.
Она што како федерација го превземаме со воведување на задолжителен лекарски преглед, а свесни дека има модри во градите кои се знаат па оваа глупава белешка не им треба, е потпишување на пристапница/договор пред да се зачленат и примат во клуб, каде јасно ќе биде ставено до знаење дека лекарскиот преглед е препорака да се направи пред да се почне со бавење на било каква физичка активност, кај рекреативците.
Кај активните спортисти, ЗАДОЛЖИТЕЛЕН, без него нема да може ни да настапи на натпревар.
А, оние персонални инструктори кои заработуваат, ќе МОРААТ да ги натераат рекреативците да им приложат лекарска белешка дека се способни за бавење со физичка кативност и тренинг од ваков тип. Сето ова ќе биде составен и задолжителен дел, за жал, само кај членовите на ББФФМ, а огромен дел и понатаму ќе се удираат во гради и ќе работат надвор од овие препораки. Се до некој одреден момент, каде надлежна институција ќе изврши контрола и ќе казнува. За жал.
Таа лекрска белешка ќе ја има истата важност како и за сите останати спортови. Не измислуваме топла вода. Со ова имаш одговор на двете прашања, 1 и 2.
За третото прашање, одговорот произлегува од погоре пишаното. Значи, кога ќе се дефинира статусот на индивидуата зачленета во клубот, кога ќе се потпише пристапница во која ќе биде дефинирано што се добива кога се пристапува и зачленува во одреден клуб, кои се обврските на двете страни, ќе се знае и одговорноста.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.055
Поени од реакции
1.603
Јас идам во теретана да возам точак, или да трчам на лента во период кога надвор е многу ладно (ноември, декември...), исто тоа што го правам на пример надвор во останатиот период од годината. И што сеа мене ќе ми треба потврда некоја за тоа. Ова се реализира со една цел и тоа е полнење на “буџет-от“.
Следно што ќе биде??? У маало да играш баскет или фидбалче и за тоа ќе треба потврда?!?!?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom