Пост на кој сте се изнасмеале

Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.815
Поени од реакции
7.502
КЛИМАТА

Денот се роди, минусите дојдоа,
времињата на ниски сметки си пројдоа.
300 вати, кај ли се сега,
киловат на сат, бега ли бега.

Да снимам или не, прашање е сега,
нема да ми вервит, Стрелец ќе ме вреѓа,
како да покажам СОР 3 на минус 6,
ќе ми се навртат од сегде, ќе ги фатит бес.

Сенсира или Амбер, WN или Хајер,
на клими.мк ќе си отворам флаер,
клима да земам, на Кајгана да пишам,
ОП! пак дефрост, морам да се стишам.

На штоперица да мерам, да видам дал сум згрешил,
Митсубиши место Грее, да купам шо сум решил.
Цар! Фикше Солев Рацин!
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.859
Поени од реакции
54.386
Филозофираат нешто у филм и тв... ама чек Сусаро да ви раскаже една приказна меѓудругото.
Друга е поентата на прикаскава ама, Сусаронаторот и неговиот лабав стил на раскажување приказна не ти дозволува да останеш со мирна вилица. Нека не замарам. Читајте. :D :pos:

Ми отвораш стара рана. Да ти раскажам една приказна. На времето во Тафталиџе, во непосредна близина на средното Георги Димитров, имаше една кафана се викаше Веки, во подрумот на една куќа. Објектот сеуште постои само одамна е празен и не функционира. Во Веки пееше Жаклина Терзиева, алијас Жаки Макарена. Не можам да ти опишам што беше тоа. Нема видеа од тоа време. Ќе ставам само една слика од Жаки тогаш.



Колку што пука од сексипил на сликава, толку пукаше од харизма. Кога ќе фатеше да пее, 20% фалшливо, 20% пискаво, 100% боженствено, цела кафана беше во екстаза. Златните врмиња на Скопје, не постоеше концептот лаунџ бар, се пушеше внатре, биртиите работеа до разденување и даље, смееше да се качиш на стол, на маса, за пари можеше се. Жаки не беше ѕвезда. Жаки беше ЅВЕЗДАТА. Еден мој другар знаеше да каже-Два пати во животот сум завршил на токсикологија. Првиот пат беше ради Жаки Макарена. Жаки го вадеше од човек она основното, она суштинското, она есенцијалното. Примордијалната исконска потреба на прокреација, желбата да го извадиш анималистичкото, сељачкото од тебе и да го прегрнеш со целото свое постоење, да се качиш на столче, да и бутнеш 1000-ка меѓу цицки, да клекнеш на колена на подот полн засушени дамки од наливно вино, пикавци, тетанус и предсемена течност за да може да ти пее на увце: Јер немаш срцааааа, јер немаш душееееее!!!!!

Животот продолжи да тече. Ја барав Жаки на џез фестивали, ја барав Жаки на транс журки, ја барав Жаки во биртиите скриени во тесните истамбулски сокаци кои се одвојуваат од Таксим, си викав, браќава Турци ако не можат да те отворат кој? Па они го измислија турбофолкот. Ја барав по етно состави на Оф Фест, по авалони, литиум рекордси и пасворд продакшни. Во меѓувреме бев и на опери и оркестри, ги гледав Травијата, Турандот, Кавалерија Рустикана...ја гледав Весна Гиновска Илкова, ја гледав Наде Талевска како ја пее песната на дивата од 5-тиот елемент. Многу ќе кажат дека таа песна не е лесна да ја фатиш дури и како професионална оперска пејачка. Наде Талевска ја фати. Македонска Филхармонија многу пати, Пекиншката Филхармонија како гости во Скопје, гости од соседни и несоседни оркестри, филхармонии, оперски и неоперски пејачи. Брус Дикинсон и Мејден два пати.

Џабе. Џабе беше се. Џабе тие учеле музика, џабе оделе во конзерваториуми во Санкт Петерсбург, во Виена, џабе дадов 20 евра карта во Берлин за да слушам џез состав од Беркли, џабе магистрирале, џабе докторирале, џабе награди, џабе сертификати, џабе коња врани и ливади разиграни.

Апсоултно никој друг не можеше да ме транседира низ постоењето, да направи да сум толку жив токму тука во Македонија, на Балканот, каде што постои турбофолкот. Во врв на пијанство еден другар ќе речеше-Јас ги жалам Американците, немаат турбофолк, немаат на што да пијат. Сите овие години јас чезнеам барем уште една маратонска ноќ да сум во Веки со тогашната екипа (дел женети со деца, дел преселени низ светот) и да ја слушнам неа тивко, како на светот јас да сум единствената публика што ја имала и ќе ја има, нежно да ми каже "Срце је моје виолина, што је дираш кад не знаш да свираш". Би се задужил кај лихвари како автомеханичар во Златна Копачка. Би се ставил на веганска диета 3 месеца. Би пропушил пак и пак би ги оставил цигарите. Наде Талевска ја нема таа моќ. Жаки е подобра од Наде Талевска. Жаки го прави постоењето на Виенската Филхармоија непотребно. Жаки е човеколиката форма на порталот во Stargate.
Види на каков тепих би клечел за да му ја пее јер немаш срца јер немаш душе :pos:

Посебно ја замислувам сцената со Срце је моје виолина :vozbud:
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.859
Поени од реакции
54.386
Талески спечали некој денар,најфураниот играч од Металург,ама пуста пичкетина,срце лешниче,копани ноџињата,у фаца да му испцујам нешто,нема со прст да мрдне,ПИЧКА У ДУША
Да не почнам за родителите,тие ги уништуваат највеќе,браво синче на тате даде гол.
ШТО ДАЛ БЕ КРВ ТИ ЕБАМ ЦЕЛА ДРЖАВА ГО ГЛЕДА ШТО ДАЛ?
А Наумче Мојсовски тебе ќе ти ебам тоа стружанецот не кур ми глуми мајка тереза,го имаше Жути до тебе,резил спрема него е да бараш да ги поддржиме овие мочковци.
Брестовац исчисти се одма од македонскиот ракомет,шубаро глупа што не можеш да поставиш 6 0 одбрана,и што викаш тајм аут откако отишо воз у кукуруз и ни временска машина не не враќа у натпреварот.
И за крај Борко свињо дебела не КУР ОБЈАСНУВАЈ ШТО СЕ ДЕШАВАЛО У СОБЛЕКУВАЛНА,ЗНАМ ЈА ШТО СЕ ДЕШАВАЛО КОА СИ ИМ КРАДЕЛ НОВЧАНИЦИ У ДРАЧЕВО НА ПОЛУВРЕМЕ У МЛАДИНСКИ КАТЕГОРИИ,КРМАК ЕДЕН да ти ебам тоа мишелинката дебела.
Ова се само исечоци од тоталното понижување што им го удри на сите ракометари, цела македонска генетика, морал, етика... во еден пост.
Све изби од себе.

Види го што знаел за Борко :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Sto mislite dali so sredno nivo angliski bi se naslo lesno rabota vo Svecka kako za pocetok .. Jas sum kranist na 100 tonski mosten kran i plus sofer so C,E kategori
После ова тешко.
Sigurno ne znael svecki nekoj sto otisol tamu tuku so tek na vreme ke nauci
Што е најтрагично не разбра ни за што го корегираат :pos:
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
1.035
Поени од реакции
1.487
Може Лампард да се појави на ,,Стемфорд", да изврши голема нужда и да го избрише задникот со дресот од Челзи. Потоа да оди по нашите домови и сексуално да општи со женскиот родител.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.752
Брат брата не рани, тешко на...

Весино не прави пиздарии, Весино решава утакмици. Талисманот и мојот човек Матијас Весино што личи на брат ми, би ги запалил двајцата без око да ми трепне.
:pos::pos::pos:
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.381
Поени од реакции
8.910
Опишува братот некоја кока таму дамла пијана што се сексала, али реакцијата за типацот е врв. Од стол ќе се превртев. :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:

Оваа па свињата денес што објави 10 минутно видео на инста, Кика ли се викаше забораив, вика пред некое време ме злоупотребија ама сега се решив да кажам. И си викам ај баш да видам што било работата, значи самата вика бев камен пијана и не бев во состојба да кажам да или не, но сепак тој ме злоупотреби.... :facepalm: :tapp: Што злоупотребил бе кацо една, ТЕ ЕБЕЛ ЕДНОСТАВНО И ТОА Е ТОА, мада можно е тој сега негде да е обесен со оглед на тоа што утредента дознал што ебел кога се отрезнил.
Цареееееееееееееееееееееееее
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.140
Поени од реакции
15.885
Па и Бугарите се глупи, место да дадат поинтересни телевизии и со тоа да извршат поголем политички притисок и да го прошират Бугарскиот јазик во земјава, за повеќе млади луѓе да го разбираат, они ти понудуваат умрени телевизии. Замислете колку млади би го научиле Бугарскиот јазик доколку гледаат Премиер лига и Лига првака на Нова или бтв и место заљеџе и вратар и вељаче научат Бугарски.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Ова е најголемиот доказ што прикажува каков вид на човеколики микроби живеат во земјава. Ќе пишев австралопитекуси ама дискутабилно е кај нив дали се наоѓал по некој знак на интелигенција.

Кажете ми, што менталитет, кое ниво на писменост, каква когнитивна способност треба да имаш за да искуцаш вакво нешто? Симптоми на афазија ли се ова? Па и откако ќе го искуцаш, да го провериш и со целиот еден неврон што го имаш да заклучиш дека ова е достојно за да стиснеш - post?

И тоа ова не е само во групи за огласи. На било која статија од медиум ако отвориш коментари има ваков склоп. Не правиме муабет дали се ставови со кои се согласува човек или не. Елементарна писменост се нема, се нема сенс за слеана мисла, тек на опис, правопис па да не зборам. Ќе отвориш коментари од некој странски медиум, не дека нема дебили ама барем со зборови комуницираат.

Овде вака изгледаат 70% од коментарите

Zddss vdddd stapaccc cena kokoe odma :facepalm:

Добро на интернет што се пишува денес, да пишуваа било каде на друго место, ќе си ја чукаа главата археолозите што ќе копаа за 500 години од сега.

Постот си е 100% на место. Читам и очекувам нешто забегано... На крaј кога ја видов сликата останав без воздух. Szapac vo bojs :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom