Постои ли можност за наплата процент за услуга а остатокот да се префрли на сметка на партнерот

Член од
13 октомври 2021
Мислења
4
Поени од реакции
2
Со колешка разработуваме идеја за веб сервис, па се кршиме околу едно прашање кое за несреќа и двата сметководитела кои ги имавме на располагање го толкуваа поразлично.

Веб сервисот треба да биде посредување при продажба на услуги каде ние како платформа која посредува меѓу давателите на услуги и корисниците, од сумата која корисниците ја плаќаат онлајн или вирмански треба да задржиме одреден процент, а остатокот да се префрли на сметка на нашите деловни партнери кои ја обезбедуваат услугата.

Имате ли некое слично искуство? Постои ли можност делот од наплатената сума за услугите кој го префрлуваме на нашите деловни партнери да не се смета за приход на нашата компанија?
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.453
Поени од реакции
5.435
Не сфаќам нешто тука, доколку правите веб страна за продажба на услуги или добра, како мислите тој приход што ќе го задржите за вас да не се смета за приход на вашата компанија? По некоја логика тој веб сервис, таа веб страна нема да служи примарно за посредување на услуги?
 
Член од
13 октомври 2021
Мислења
4
Поени од реакции
2
Не, процентот кој ќе го задржуваме за нас секако е приход на нашата компанија. Останатиот процент од сумата, кој е значително поголем од тој што ние би го задржале за посредување е процентот на нашите деловни партнери. За тој процент зборам.

Нашиот е да речеме 5%, а цели 95% се средства кои ние ќе ги наплатиме, а треба да ги префрлиме на сметката на нашите партнери кои ја испорачуваат услугата. Се работи за тие 95%.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.330
Поени од реакции
4.895
Абе ко DDstore што работат.
Агрегат на IT производи се. Секоја една IT компанија може да и изложи производи на нивниот сајт. Тоа што
ќе се продаде DDStore си има одредена маржа 2-3%, останатата или грото вредноста од производ секако си оди кај Amaco, Setec Паком ИТД... и остали.

Сега ако DDStore продаде лаптоп од Сетек за 50.000ден. Тие фактички не продале производ од 50.000 него земаат процент од 200ден. за тоа. а останатите 49800 се за Сетек.
УЈП ко ќе види дека легнале кај нив 50.000 ќе ги даночи на целосна сума. или можеби не затоа што е некако средено тоа, ама како?

@SanjaMon Што услуги нуди сервисот? Delivery сервис? :)
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.516
Поени од реакции
34.574
Епа ддв-то ќе го плати крајниот корисник.
Вие ќе треба да му фактурирате нив со сумата која треба да ја земат, тие ќе бидат крајниот корисник и тие ќе си платат, само колку што јас ги знам законите и двете фирми ќе треба да сте ДДВ обврзник.

Друга опција доколку плаќањето е онлајн да рутира директно до нивниот платежен систем, т.е нив ќе им плати, ќе си водите некаков тракинг дека е купено преку вас и ќе си фактурирате кон нив. Вака вие ќе ги чекате парите, а не тој што продава преку вас ;)
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.330
Поени од реакции
4.895
Продажба на одредени маркетинг услуги.
Ваљда лоша формулација инаку незнам кој краен корисник би сакал да купи "маркетинг услуги" :)

Горе е формулирано:
посредување при продажба на услуги каде ние како платформа која посредува меѓу давателите на услуги и корисниците, од сумата која корисниците ја плаќаат онлајн или вирмански треба да задржиме одреден процент, а остатокот да се префрли на сметка на нашите деловни партнери кои ја обезбедуваат услугата.
Значи ја еве ко физичко лице и краен корисник сакам да купам од тоа услугите - Некако не ми е сватливо Јас да сакам да купам маркетинг услуги :) Ја сум потрошувач не можеш мене да ми продаваш маркетинг услуги :P
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Со колешка разработуваме идеја за веб сервис, па се кршиме околу едно прашање кое за несреќа и двата сметководитела кои ги имавме на располагање го толкуваа поразлично.

Веб сервисот треба да биде посредување при продажба на услуги каде ние како платформа која посредува меѓу давателите на услуги и корисниците, од сумата која корисниците ја плаќаат онлајн или вирмански треба да задржиме одреден процент, а остатокот да се префрли на сметка на нашите деловни партнери кои ја обезбедуваат услугата.

Имате ли некое слично искуство? Постои ли можност делот од наплатената сума за услугите кој го префрлуваме на нашите деловни партнери да не се смета за приход на нашата компанија?
Многу е јасно кај вас, се работи за principal-agent.
Еве подоле да им посочите на сметководителите, ама јас би се задржал до тој што ти посочил дека приходите и трошоците треба да се нетираат.

IFRS 15 не е кај нас апликативен, ама за оваа тематика се исти со IAS 18. Можеш/те да побарате на интернет повеќе примери.

Не знаеме точно се за бизнисот, ама ако е 5% за вас, тогаш само тој дел ќе биде приход.
Ова е заради данок на добивка дали ќе потпадне на вкупен приход или на добивка?
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.935
Поени од реакции
3.625
Не ви го разбирам проблемот... Не гледам проблем зошто 100% од парите не би легнале на ваша сметка. Имено, кога парите ке легнат на вашата сметка вие од нив 95% плаќате на тој што ја извршил услугата, останатите 5% ги задржувате за вас како приход, секако сето тоа ке го регулирате со договор со давателите на услугите. Значи 95% од парите, односно оној дел кој ке го исплатите на давателот на услугите ќе ви се книжи како трошок и истиот не се даночи, останатите 5% ви се приход од кој кога ке се одбијат трошоците (плати, кирии,струја, водовод....) на остатокот (добивката) ке си платите персоналец од 11%....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom