Поморанџеста, ромбоидна, со зелени штрафти...
Прашањето е глупаво и несоодветно поставено. Што мислиш со тоа "како ја замислувате душата"? Можеше да прашаш дали сметаме дека постои нешто налик на душа, и што за нас тој поим претставува... На тоа веќе може да се даде одговор.
Значи, не знам дали постои душа. Секое дрндање во празно за енергија која мора некаде да отиде после смртта, за суштината на нашето постоење итн. ми делува на млатење празна слама. На чиста фикција создадена при недостиг на валиден одговор. Од друга страна пак, не би се залетувал да му верувам на секој научник кој самобендисано изјавува дека докажал дека душата не постои Можеме да се запрашаме, но не можеме да тврдиме со сигурност.
На крај краева, додека сме живи тоа прашање не игра некоја голема улога. А за после смртта, ќе ви кажам кога ќе умрам.
Sith