Постои ли воопшто еден успешен проект за образование од 2000?

Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
А зошто ги немаше тие тековни активности во времето на предходната Влада ?
Во мојата реченица немам наведено за која влада се работи. Во претходниот пост напоменав дека откако станаа популарни, од независна Македонија...море и од порано.

Реновирање на школи...бтв, еве како изгледа основното Живко Брајковски во Бутел 1 ...како што јас сум го зтекнал во основно, такво е и сега (со разлика што тогаш покривот не пропушташе и имаше стакла на прозорите...и паркет во сала). Ова ѕидовите на сликата се тукуречи од картон, санитариите ниту стока не би пиела оттаму, отворете очи еднаш макар каде живееме

jq46ir.jpg

Ај еве прашање -каде се двете нови ветени училишта во Аеродром? Колку што имам информација, децата од Аеродром одат во 3 смени у школо.
средношколците без учебници, голем број деца од основно без учебници (освен во електронска форма) заради што добиваа слаби оценки, наставници на обука, а не ги користат компјутерите...има уште.
- Знаете дека веќе спроведовме пилот-проект, а наставниците беа оценети со единици и двојки. Ова ќе почнеме да го правиме редовно, инспекторите ќе одат на терен и ќе ја следат нивната работа. Тие оценки ќе се доставуваат во Државниот испитен центар, кој ќе ги рангира според постигнатиот успех. „Слабите“ ќе имаат пониски плати за 10-15 отсто – вели Џорџе Арсов, директор на Државниот просветен инспекторат.
од пилот проект до проект, до материјализација во пракса не знам дали знаеш колку чекори и години се тоа...мнооогу.
Бесплатен превоз -не сум сигурен, за сите ученици или за прва година?
6. Компјутери во училиштата, тоа што училиштата не знаат да ги заштитат е нивни проблем.
Ова го сфаќам како лапсус...училиштата не се независни институции, во нивниот назив постои еден збор -државни

проект... Не е реновирање, не е поправка иако е за поздрав...доколку се изврши реновирање или поправка во дело.

проект е привремена активност со цел да се создаде единствен производ или сервис. Проектот вклучува ограничувања или ризици во однос на чинењето, времетраењето или учинокот како ауткам.

Кај нас се проблем ризиците, преголеми се.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
376
Поени од реакции
27
Зошто пак се тера муабетот оваа влада-онаа влада?Зборуваме општо за образованието од 2000та без разлика на владата.
Е сега
учебници-катастрофа,лани имаше комплет учебници само во едно средно училиште во прилеп-гимназија.Годинава и кај нас нема,добивме по 5-6 предмети а за другото веќе месец викаат ,,порачани се,,во другите училишта уште од почетокот нема ништо од учебниците,половина ги чекаа до полугодие половина никогаш не стигнаа.На час нема време да се препише издиктираното а не пак и да се предаде.Учење од тетратка е катастрофа(нема слики описи и сл.)да не речам примитивизам-во тој поглед не само што не е успешен проектов туку се уназади наставата.

компјутери
-катастрофа уште од напред се знаеше дека е пропадната инвестиција.Дури и да се ок,да ги има сегде и да работат,кога ќе поврзете 8 терминали на едно куќиште ништо не бива.Компјутерите се толку спори што кочат презентации во power point не дај боже да треба видеа да ни се пуштат како што сакаше професорот по историја да ни пушти снимки од прва светска војна.Интернетот приказна за себе:tapp:
А тоа дека училиштата се криви што се искршени-немој не ме радуј!Како да се заштити училиштето од тоа?Сем да се постават камери нема друго решение,а за камери треба пари а парите идат од министерство,а министерството не предвиде комплет систем за заштита на компјутерите значи доаѓаме од каде што почнавме-министерството.
бесплатен превоз-кај мене гледам дека иди пред училиште еден автобус а смената е преку 500 луѓе па сега сметај....

реновирање
-реновирани се само основни училишта,во средните дограмата е уште од '50ти,во основните пак се сменија само прозори и се варосаа од надвор така да не е некоја голема ,,реформа,, .Да не зборувам за парите што најверојатно се испрани со такви и слични проекти.

За факутетите не знам бидеќи сум средношколец но според кажувања од студентите не е се така розово таму:smir:
 
Член од
16 ноември 2009
Мислења
299
Поени од реакции
86
@beneamata, не знам за тебе, ја само си знам иако не сум фан на владата, еден куп пари ми имаат заштедено со нивните популистички проекти и сум си среќен за тоа. :smir:

Всушност можам да се кладам дека факултетите од другата година пак ќе си ги зголемат партиципациите.
 
П

Пепси_

Гостин
Од оваа Е**А држава не бидува ништо и било кој да е на власт нема ни 1 арен кој ќе не управи....

Иначе учам 2 години БЕЗ КНИГИ учам од некои си скрипти и диктираат професорите и нема време да ја предадат лекцијата и да ти објаснат.Тоа е нашата македонија и после сакаме да не биди епа нема....
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
„Бело теле, бела крава, бело млеко нам ни дава“. Оваа песничка треба да ја учат 16-годишни ученици од втора година од средните стручни училишта.
Во употреба беше пуштен уште еден скандалозен учебник. Преполн е со песни од поети за детска литература. „Песничката за месечко“, „Белата песна“ и песната за прво одделение се само дел од содржините на учебникот по македонски јазик, што во училиштата беше дистрибуиран пред десетина дена.
Професорите реагираат. Не сакаат да ги предаваат овие лекции. Велат, учениците ни се смеат.
„Иако чекавме долги години да се издаде учебник за средно стручно образование, она што го добивме пред само 15-тина дена предизвикува во прв ред бура на смеа во одделенијата каде што влегуваме и потоа зачуденост“, изјави Мирјана Гацова.
Ако во прва година средно, учениците ги анализираат Хомер и „Илијада“, во втора треба да се симнат неколку нивоа подолу. Да гледаат детски сликички и да читаат песни што децата ги рецитираат во забавиште.
„И кога ќе почнете вие да им читате една песничка за прво, второ одделение, децата почнуваат да се смеат. Овој учебник претставува понижување на интелектот на учениците во прв ред, а потоа дури на професорите“, додава Гацова.
Учебникот е испечатен во 11.000 примероци. Секој примерок чини околу три евра, што значи дека за оваа литература Министерството за образование потрошило повеќе од 30 илјади евра, без авторскиот хонорар.
Овој учебник бил единствениот одобрен од Педагошката служба. Немал конкуренција. А кога учениците од гимназиите и оние од стручните училишта ќе полагаат државна матура, сите ќе треба да одговараат на истите прашања.
И покрај тоа што првите ги проучувале Данте, Шекспир и Молиер, а вторите ја учеле „Песната за месечко“.
Извор

Успешно затупување на македонскиот народ!!!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Извор

Успешно затупување на македонскиот народ!!!
Па албино крава, као зајак албино, булдог албино...

А какви дела се издаваат постојано низ светот, доволно е да позајмат од мешународен натпревар на поезија, проза, еве и од Струшките Вечери (па и да прошараат низ подфорумот литература и темите во моментов читам, омилена поезија...)...ама само динамит може да им ги помрдне задниците.
 

шеф на подземје

зумбулот
Член од
25 август 2010
Мислења
1.213
Поени од реакции
76
Прво и основно, далеку од тоа дека сум симпатизер на портокаловите. Кога видов сите информации од кој извор водат потекло, работата е јасна како бел ден. Ништо позитивно, само темнина над Македонково образование. Да беше Сител во прашање ќе цветаа рози... Нашиве медиуми моментално се она на што најмалку треба да верувме.

Еве некои од промните кои сметам дека беа успешни:

  • Државна матура (иако уште со огромни недостатоци, сепак добар почеток за некоја промена)
  • Бесплатен превоз за средношколците
  • Укинување на партиципација
  • Реновирање на дел од училиштата (замена н прозорци, промена на санитарни јазли, маси, столчиња,...)
  • Намалувње на партиципацијта за студентите со кофинансирање

* Но, не е преродбата од 2000 па наваму... Знам дека јас кога бев прво одделение земав комплет книги со прибор за работа кои ги даде Владата на Банко Црвенковски :toe:

Но, ова нема никаква врска со подобрување на квалитетот на обрзованието. Уште се предава по застарени методи на рецитирање на лекциите како што се во учебниците. Нема практична настава, нема експеримнтирање и опити кај дел од природните науки, нема виуелни презентции на матријалот кој се обработува (Power Point), нема никаква мотивација кај учниците да итражуваат на некои нучни полиња, да собираат дополнителни информации кои ќе ги презентираат и сеуште во програмите влегуват некои предмети кои се апсолутно непотребни според избраната струка или идното обраование. Секој чест на оние ретки исклучоци од профеори кои ј примнуват технологијта во своите предавња и преку интересни одржини го будат интересот кај учениите.
браво з апостот .
има многу предности од 2006 наваму
-се реновираат училишта
-се уина партиципацијата за средносколците
-се намали многу париципацијата за студените
-копјутер за секое дете (глупи професори не знаат основи за компјутер)
-обезбедување во училиште
-бесплатен превоз за средносколците
-студенските домови му се платени на децата од другите градови
кога ке собериш се изгледа фантастично .Само замислете колку деца кој немале услови да плакаат интернат кој е некаде 4200 денари сега му е платен голема преднос + превоз за средношколците.Студењнтите плакаа многу пари за партиципација сега се доведе до едно подносливо ниво .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom