- Член од
- 14 април 2012
- Мислења
- 31.518
- Поени од реакции
- 62.366
Сведоци сме со вирусов дека огромен број на наши постари граѓани не се склони кон промени кои ке им го олеснат животот. Најпластичен пример ке земам со редовите пред банките во време на кризава, каде што и понатака се чека на шалтер да се земат пензии, се буткаат по редови за плаќање на струја. Татко ми беше лик кој најпрвин даваше отпор на сето ова, но кога го седнавме и му објаснивме дека ке заштеди премногу време и нерви, вадејки картичка за банкомат, се сложи, и од тогаш не се турка по редови.
Од друга страна, имам клиенти од Европа и Америка, луѓе над 65-70 години кои без проблем прават нарачки онлајн, резервации. Едноставно, останале во тек со времето.
Би сакал да продискутираме што е тоа што нашиве ги прави "отпорни" на промени, промени кои ке им го подобрат животот на нив првенствено а потоа и на сите околу нас. Дали системов во кој раснеле, познатата изрека кога некој не сака да се смени, па кратко ке искоментираат "комуњара", дали стандардот на живот или е до самата свест на луѓето да се менуваат како што средина го следи времето. Дали ние, помладите треба да ги едуцираме како да си го олеснат животот, да им објасниме што е интернет, интернет култура, фејк њуз?
Зборам за онаа генерација што се во групата 50-55+ ..