Поставување вратило на паралелни зидови од цигла

Член од
10 мај 2014
Мислења
3
Поени од реакции
1
Здраво,

темава ја отварам за сите оние кои сакаат да постават (или поставиле) вратило на странични (паралелни) ѕидови кои се направени од цигли, односно за оние кои немаат можност да закачат вратило на касата (над вратата), или пак немаат услови да го постават вратилото на еден ѕид.

Кога пребарувам вратило Скопје на google, не добивам некои позначајни резултати. Единствени спортски продавници што приметив го имаат вратилот на касата:
http://www.bidifit.com.mk/fitnes-oprema/fitnes-rekviziti/door_way_gym.html#
http://www.mastersport.com.mk/index.php?option=com_virtuemart&page=shop.product_details&flypage=flypage.tpl&product_id=211&Itemid=1&vmcchk=1&Itemid=1

Па отука,
1. дали знаете некои други спортски продавници каде се продаваат вратила освен mastersport и bidifit?

Ме интересираат и ваши искуства:
2. Има ли некој дома монтирано вратило во зидови со цигла (без арматура)?
3. Знае ли некој некои луѓе кои се занимаваат со монтирање вратила на зидови со цигла?
4. Некои информации за колку би чинело монтирање вратила на зидови со цигла?
Како варијанта/замена, доколку не успеал никој да монтира вратило на зидови од цигла,
5. Има ли некој дома монтирано вратило на плочата од таванот?
6. Знае ли некој некои луѓе кои се занимаваат со монтирање вратила на плоча од таван?
7. Некои информации за колку би чинело монтирање вратила на плоча од таван?

Мојот случај:
Причина за монтирање вратило: дискус хернија на лумбален дел. Освен некои вежби што смеам да ги правам во лежечка позиција и пливање, до сега било што да сум пробал имало негативни последици. Вежбите на вратилото не го оптеретуваат 'рбетот и се многу корисни за стегање на core муслуките.

Ѕидовите од цигла кај мене се широки од 18.6 до 18.8 cm (од тоа што можев да го измерам). Просторот меѓу ѕидовите е 113cm. Касата на врата ми е нап равена од стакло и една даска дрво (затоа и не можам да монтирам тамо) - кога се бесам на тоа без целосно да се подигнам почнува да се витка и да крцка. Вака изгледа местото:
prostor 1.jpg
prostor 2.jpg

Другар има монтирано вратило на плоча со штрафови за лифтови на зид од арматура. Тоа го има направено add-hoc преку мајстор кој му работел други работи во куќата и ми спомна дека нема сигурно веднаш да дојде „за волку мала работа“. Него тоа го чинело околу 4000ден. Па ме интересираат било какви информации за луѓе кои се бават со вакви работи (доколку не сакате да пишете на форумов, може и да ми пишете приватно на di_jey@mail.com).

Поздрав
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: -x-

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396

Прегледај го приврзокот 92032
Прегледај го приврзокот 92033

Другар има монтирано вратило на плоча со штрафови за лифтови на зид од арматура. Тоа го има направено add-hoc преку мајстор кој му работел други работи во куќата и ми спомна дека нема сигурно веднаш да дојде „за волку мала работа“. Него тоа го чинело околу 4000ден. Па ме интересираат било какви информации за луѓе кои се бават со вакви работи (доколку не сакате да пишете на форумов, може и да ми пишете приватно на di_jey@mail.com).

Поздрав
Една типла(пластична) во цигла држи преку сила 80 Кг, што значи не е препорачливо во цигла. Во армиран бетон може, ама вакви(метални) со машински навој типли со штрафови.

Имаш армиран бетон над врата и над прозор најверојатно.....провери си. Ти треба хилта, видија и 4 метални типли.....земи од бриколаж на пр.
Ако немаш избор и мораш во цигла тогаш би ти препорачал квалитетни типли...има едни 10 cm исто во бриколаж ги има, малку се поскапи на 10 бургија одат. и би искористил и радикол ако се рони малтерот многу.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.846
Поени од реакции
10.442
јас не би ти препорачувал да го стегаш у цигла али ако више се решиш земи типли од фишер за у цигла, најквалитетни се.
не гледам што е проблемот да се закачи горе у плоча а може и комбинирано во ѕид и во плоча и мирна глава..

добри се овие метални типли погоре на сликата, ги користат и за прицврстување на сефови па сега ти види :D
и не се будали да купуваш вратило, најди некој нека ти направи не е некоја голема филозофија
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
најдобра варијанта ти е доколку таванот е армирана плоча...да ставиш анкери со кука...едноставно е и сигурно држи...на куката може да закашиш синџир или јаже на кое ќе биде прицврстено вратилото...челична цевка со 1,5мм ѕид или подебел слободно може да послужи како вратило
 
Kajgana Shop

На врв Bottom