Последен поздрав до нашите стари пријатели

Efro

Happy place,happy place!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
104
Поени од реакции
0
Оваа тема ја посветувам на моето кученце кое се викаше Бартон.
Тоа умре од мачкина куга и како што спомнав во другите теми од тогаш мразам мачки.
Во темава можете да пишувате и за вашите миленичиња кои што повеќе не се со вас.
 
N

Nephthys

Гостин
Efro напиша:
Оваа тема ја посветувам на моето кученце кое се викаше Бартон.
Тоа умре од мачкина куга и како што спомнав во другите теми од тогаш мразам мачки.
Во темава можете да пишувате и за вашите миленичиња кои што повеќе не се со вас.
Да си го вакцинирал кучето кое наводно толку си го сакал немало да ти умре :tapp:
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
Па имав папагал Сречко и сељакот ми кидна преку балкон т.е. на мајка ми и кидна и тоа неколку дена пред нова година, а ладна беше зимата тогаш така да верувам дека остана жив до нова година.
Уште не го прежалив, многу убав папагал беше.
Хрчакот ми умре од старост.
Кучето на викендица на автопат кола го удри, глупо куче ебате, мораше да бега ко кретен некој, во сите три случаја се убив од плачење.
И сега ми паѓа тешко кога ќе се потсетам на тие мигови.
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Секогаш ќе те чекам ...

Ќе чекам весело да замавнеш со опавчето, да загребеш на вратата за да те пуштам внатре и нежно да те погалам ...

Да ти дадам за јадење и да се насмеам на начинот на кој ги грицкаш парчињата храна ...

Ќе чекам сред ноќ да се втркаш со сета сила во мојот кревет и да ме будиш за да си поиграме ...

Да ги вплеткуваш шепите во мојата коса додека лежиме на подот ...

Жал ми е што за последен пат не те видов, не те погалив, не ти упатив убав збор ... жал ми е што дознав на најлошиот можен начин ...

Ќе ми недостигаш највеќе, мила моја Сарка и никогаш нема да ми избледне споменот за тебе !

Вечно ќе те носам во срцето и знај, ќе те чекам, иако веќе никогаш повторно нема да те видам ...

Ти беше најдоброто куче што човек би можел да го посака !
Почивај во мир !



И една песничка што ја прочитав ... би сакала токму на неа да и ја посветам:

They say memories are golden
well maybe that is true.
I never wanted memories,
I only wanted you.

A million times I needed you,
a million times I cried.
If love alone could have saved you
you never would have died.

In life I loved you dearly,
In death I love you still.
In my heart you hold a place
no one could ever fill.

If tears could build a stairway
and heartache make a lane,
I'd walk the path to heaven
and bring you back again.

Our family chain is broken,
and nothing seems the same.
But as God calls us one by one,
the chain will link again.
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Скулгрл напиша:
Не ми се верува ...
И јас имав исто куче (буквално исто), мене ми го отру еден психопат.
Памтам татко ми ми кажуваше кога се вракал од свадба среде патот бил Џони (името на кучето) и устата му била полна со пена, и татко ми се обидел да го спаси ама џабе било.
 
Член од
10 март 2007
Мислења
104
Поени од реакции
0
Последен поздрав до мојата Доберманка Лара.
 

Efro

Happy place,happy place!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
104
Поени од реакции
0
Иначе кучето ми беше вакцинирано, али незнам што се деси, наеднаш умре, али од тогаш рогам мачки како ментален.
 

ForFokSake

The Only Thing To Fear Is Running Out Of BEER !
Член од
26 јануари 2007
Мислења
429
Поени од реакции
0
Efro напиша:
Иначе кучето ми беше вакцинирано, али незнам што се деси, наеднаш умре, али од тогаш рогам мачки како ментален.
Ефто многу рогаш мачки, мора да си некој опасен ... да дојдам да те рогнам 2-3 пати јас по таа телешката глава твоја.
 

Gebels

Ела да те бац’м!
Член од
15 март 2007
Мислења
681
Поени од реакции
4
Јас имав Лабрадор ретривер кремаст, со татко ми шетале од сабајле, тргнал по некоја кучка преку улица, и на враќање го удрило кола, и тоа пред очите на татко ми.
Се скапавме од плачење, 2 години беше стар.
И не можевме да издржиме, и после 10 дена си земавме исто такво кремасто Лабрадор ретриверче.
 

Efro

Happy place,happy place!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
104
Поени од реакции
0
Gebels напиша:
Јас имав Лабрадор ретривер кремаст, со татко ми шетале од сабајле, тргнал по некоја кучка преку улица, и на враќање го удрило кола, и тоа пред очите на татко ми.
Се скапавме од плачење, 2 години беше стар.
И не можевме да издржиме, и после 10 дена си земавме исто такво кремасто Лабрадор ретриверче.
Греота
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Пред година дена ми умре Шкотскиот овчар од незнам тачно што.
Знам дека имам клети комшии од зграда што едноставно беа љубоморни зашто имам куче со убави долги влакна.
Доли така се викаше, ја чував како очите беше дел од мене заедно спиевме, заедно шетавме ... освен во школо не бевме заедно.
Пред некое време видов еден Шкотски овчар во Автокоманда и се приближав до него и ми се насолзија очите ми падна премногу тешко го погалив и одма си отидов.
Сега имам едно од потомчињата нејзини малце личи на неа ама не е тоа-тоа али сепак и Џоли си ја сакам :)
 

Мар мар

Take me to paradise
Член од
9 август 2006
Мислења
1.294
Поени од реакции
11
Јас имав едно маче целосно бело, беше многу убаво, го најдов на пат во една темница и од жал си го зедов дома.
Го чував така неколку дена ама пошо мама не го сакаше морав да го однесам во село кај бабами и дедоми, и после некое време ми го згази кола :(
А дедоми во село чуваше кучиња затоа што многу ги сакаше кучињата, ама кутрите или ќе беа отруени или ќе го собереше некоја кола.
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Епа вака::)
1. Имав бела пудлица (си ја вративме дента од кај шо ја зедовме зошто се помоча на креветот) и мама ја врати:(
2. Два папагали (тигрици -машко и женско)
3. Водни желки (незнам ни колку беа :))
4. Уште едно куче (вучјаче мало) имаше некоја ретка болест со срцето и умре :(
5. Куче Сокак Териер (љангаче-незнам зошто ама ми изгледаат најпаметни :):)) се викаше Златко :):) Му се допадна в село и тамо остана :):)
6. осум хрчаци сите ги вратив (реновиравме дома) :):)
7. Куче кое го зедов од Радовиш од една кучка шо имаше 12 мали, тоа беше ‘‘најгнасно‘‘, никој не го сакаше, само настрана беше и вошкосано малку беше ама јас си го зедов. И погодете шо? Испадна најпаметно куче шо иам досега видено. Само скокаше, играше, па на плажа си го носев, дури и на кино (знам дека не верувате ама стварно ќе седнеше на столица и како да разбираше нешо од филмот) Па го изгубив и Вујко ми дури одел на пат застанал на некое планинско место и тамо имало полицаец со куче итоа мое куче. Да МИМИ се викаше и ете пак си се врати кај нас. Ама летото го удри кола тука Охрид на Туристичка кај нас и јас го мој братцхед од Шветска го зеде и го тргна настрана од патот ‘‘мртво‘‘ (барем тогаш беше). И после 1 недела сабајлето комшиите со трчање да ми кажат дека пошла (мими) кај нив и си седнала на фотељата. :):):) Тогаш бев стварно среќен :):) Абе ЦЕЛА улица ДЕЈАН ВОЈВОДА ја знаеше и таа нив. И некој ми ја украде:(:(:( И до ден денес си ја сакам, ко никој досега (појќе и од женска ми:):):):)) :(:(:(:(
8. Два папагала купив АМАЗОНЦИ (машко и женско). Женското избега надвор па се врати, па после пак избега и ја згази кола :):):) Озбилноооо не се зафркавам. ЈА ЗГАЗИ КОЛАААА. На птица кола хаха Ама истото тоа лето фатив едно мало папагалче Тигрица имаше залутано од некаде :) Па пак си избега (диво беше тоа) И уште до ден денес си го имам машкото од папагалите. Иначе женското се викаше Маца а машкото се викат Ристе. :):):)
9. Имам сега куче плаво е и глупо е ко плавуша :):):) БУЧКО патем се викат. Ама на сите од малава не бранит :):) Мразит вода и мразит леб :)
Имам уште за пишување и сакам да кажам дека да чуваш животно стварно ќе си исполнет со СРЕЌА па и љубов (зошто да не-само не таква како што многумина ќе си помислат:):)) Па дај чувајте олку животни па после ќе видиме дали ќе пишувате дека ловот бил добра работа и сл. НЕ СТЕ ВО ПРАВО
П.С. Се скинав од пишење ама мило ми беше да ве запознам хронолошки со моите најмили:):):) Еве ви слика од МИМИ :(:(:(

А ова е папагалот РИСТЕ:):) (иначе уште жив :))

А иначе сите ги сакав и ги сакам :(:(:(:(
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Мачката беше од улица, ама тоа не ми пречеше. Последниот ден пред зимски распуст, снег едно чудо... А ми беше тежок период, загубив драга личност непосредно пред тоа и не можев да си дојдам на себе некое време. Се сеќавам како вчера да беше...
Се враќав од школо тој ден кога ја најдов Леа во снегот пред врата. Да бидам искрена, ќе ја згазев за малку зашто беше толку бела, што одвај препознав дека е тоа мало маче. Се заљубив во неа, жими се`.:girlinluv:Не му се мислев ни секунда, ја земав во раце, влегов дома и едноставно им` соопштив на мајка ми, татко ми и брат ми дека од тој ден па натаму - јас имам моја сопствена мачка! Видоа - не видоа луѓево, знаеја дека ми беше тешко, мислеа ќе си имам занимација и утеха во исто време... Ми дозволија да ја чувам.
Прекрасни, долги 8 години беше кај мене... Пораснав со неа. Спиев со неа, се смеев со неа, плачев со неа, ја носев на одмори, ја носев на излети, ја носев да се дружи со други мачки, ја спасував кога се тепаше со други мачки, и` ги трпев оние "утепани" периоди во февруари кога по цели ноќи не можев да спијам од што се дереше, и` чував страв на вакцини, и` дочекав деца, три пати... И дочекав и да ја видам како умира.
Се разбира дека нема да опишувам што и како се случи, ама што се однесува на оној што и` го направи тоа... Ако некогаш во иднина го видам тој човек, па макар и на километар, нема да ми избега пак.

И ден денес кога ќе видам бело маче ме потсеќа на тебе, и секогаш, несвесно ми се насолзуваат очите. Не можам поинаку, посилно е од мене. Не сум те преболела, и никогаш нема. Тоа што денес чувам твоја внука (ај кол хр Софи :); има исти очи како тебе...!:kiss: ; и добро ти ја чувам, да знаеш. како очите), доволно зборува. И драго ми е што ја имам покрај мене, да ме потсетува во секој момент на твојот спомен и лик, и на се` што поминав со тебе.
Ги чувам сите твои слики, корпата која ти беше наменета за спиење, а два пати легна во неа, машните што ти ги правев, една лузна од тебе лично, играчките, ремчињата, садот за храна со твоето име на него, клопчињата, и четките. Сите, до една.


За оние кои немаат разбирање за ова, ниту пак за тоа што значи да сакаш и да се приврзеш за животно... Не ми е грижа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom