Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.331
Поени од реакции
27.879
F9

Хххххххххххххххххххк, пу. Добро бе нема ли таму некое здружение, асоцијација некоја група што дава дозвола у Холивуд што може да се снима, што не? На Вин Дизел би му забранил да снима филмови, као некоја суспензија за тоа што учествува у секој срање филм. Овде на оваа листа со забрани треба да биде Рок, па Вин Дизел. Што е побогу со филмов? У факинг вселена пратија кола? Што е следно, на Марс со некоја ракета на Илон Маск ќе се тркаат? Ја претераа, Хобитот ми е по реален отколку оваа научна фантастика што се прикажува тука. Па робокап да си, коски ќе искршеше од толку летања, паѓања на коли и што све не. Дно од филм, дно. Ја уште поголемо дно што ги гледам без да научам да кажам не и стоп.

2/10

The Last Mercenary

Ван Дам у главна улога, филм на Нетфликс. Не знаев ни што е филмов али морав да го гледам со оглед на тоа што израснав со човеков. Испадна некој си микс на акција и комедија, ама прилично лош филм. Очекував малце повеќе акција, ама скроз се разочарав. Не очекувајте нешто многу, за тепање време е океј. Али подолго тепање пошто трае скоро 2 саата.

4/10

Blood Red Sky

Кога ти е досадно секоја глупост ти се чини интересна. Исто на Нетфликс го начекав филмов. На постерот го глеам Доминик од Prison Break, си викам дај да видам што прави човеков. Ни тогаш не го сакав и поред брат му изгледаше многу глупаво, ама у филмов и немаше некоја значајна улога. Авион, нешто трилер моменти на почеток си викам ова ќе биде нешто налик Non Stop со Лиам. И така и почна се докај 30та минута, коа почнаа малце чудно да се однесуваат сите, па и некој научно фантастични моменти имаше и така си траеше, си траеше и ооооооооооп, вампирииии. Уште едно огромно хххххххххххххк, пу на цел филм. Крв се пиеше, се убиваа, се бркаа тотален хаос. Ова не вреди ни за ништо.

1/10

Bloodshot


После F9 пошто сум глуп си реков уште една прилика на Вин Дизел да му дадам. Па дали се нормални Холивуд, и зошто не? Т.е. што е со сеоскиве терминатори бе? Овие тужба некоја треба да добијат за скоро 2 часовно малтретирање. Филм што слободно може да се скокне. Ако сте за акција, терминатори, океј е.

2/10


Oва се само лошите филмови од периодот, што не би ги препорачал за гледање. Она што го гледав периодов, а вреди да се гледа се следниве филмови:

1. The Last Castle
2. The Magnificent Seven
3. Brian Banks
4. October Sky
5. Wonder
6. Straight Outta Compton
7. Searching for Bobby Fischer
8. Beats
9. Everest
10. Gone Baby Gone

Али скоро сите овие на повеќето според LБ ви се гледани. Оние лошите не ви се пошо имате вкус.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.331
Поени од реакции
19.744
The Green Knight

2/10

Филмов црпи инспирација од артурската митологија, поточно од приказната за Сер Гаваин и Зелениот Витез, затоа и веднаш се решив да го гледам.

Ретко досаден филм, карактерите не постојат, трае 2 ЧАСА, 3 пати ќе заспиеш. Буквално ништо не се дешава, а кога ќе се деси нешто нема никаква смисла.

Едноставно филмот е тешко срање, големо мех.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
The Green Night

7/10

Добар филм. Со девојка ми сакаме вакви филмови. После филмот имавме дискусија за да сублимираме симболиката, метафорите значењето на одредени елементи во филмот, темата што се обработува, што беше значењето на одредени сцени, крајот итн.

Воопшто не се согласувам со рецензијата пред мене дека ништо нема никаква смисла. Особено ваквите филмови, секој дијалог, секоја сцена, дури и аголот од кој се прави снимката е со причина и да се долови и каже нешто. За вакви сериозни филмови доколку не се пронаоѓаме во филмот и не го разбираме, најмногу што може да се пише и сосема во ред е да се пише дека не се пронајдов и не разбрав што сака да каже режисерот.

Коментари од типот "ништо не се дешава" а се дешава ама не го гледа тоа, и "нема никаква смисла" а има смисла само таа не е изџвакана се доста препотентни. Као еј оди кажи му на режисерот дека не знае што правел глуп е тој му нема тема филмот.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.251
Поени од реакции
27.640
Последниве неколку дена изгледав прилично лоши филмови, меѓутоа колку и да беа лоши ниеден не ме изнервира како I Care a Lot (2021)
Се работи за жена психопат која го злоупотребува системот да им стане државен старател(?), или како и да е на нашки, немаме ист систем ко во САД, така што станува директно одговорна за имотот и сиот капитал на стариве лица кои се под нејзина грижа.
Наидува на бабичка која навидум нема рода, нема пријатели, ама се заебува зошто таа бабичка е мајка на Тирион Ланистер од ГОТ.
До тука филмот е океј, главниот лик е кучка, која не би сакале да си имате работа со неа, и не би сакале да ви ја тутне вашата баба у пензионерски, меѓутоа филмот паѓа во кал и ја губи целата репутација кога кон последната четвртина од филмот
пробува да те убеди дека треба да навиваш за Марла, па она е жена она е предатор, ти нејќеш да бидеш предатор? Нејќеш да газиш преку мртви тела? Што е? Теле си?
Па со цела смелост кој е режисеров? J Blakeson некој пробува да ме направи да се осеќам лошо шо син на нејзина жртва ја упукуе, па леле сета у бело, па о не нејзината женска ја тажи, baby's first dramatic scene.
Да не се разбереме погрешно, може социопат или психопат да биде главен лик, како на пример другата подобра улога на Розамунд Пајк, во Gone Girl, меѓутоа Финчер не е ретардиран да ме убедува да навивам за Ејми, која е unhinged психо. Или пак на пример Патрик Бејтмен, интересно е да се гледаат психопати, ама овие филмови имаат нешто што се вика неверодостоен наратор, бидејќи нивниот карактер е манипулативен.
Приказна: 1/5 Ужасен филм кој го возвишува бездушниот капитализам, конзумеризам.

Ликови: 1/5 Главните ликови се кучкишта што уништуваат животи

Сценографија: неинспиративна 2/5 од некојси шо дипломирал на филмска сценографија цирка 2013 инпириран од Drive

Музика: не знам, невпечатлива земена од саундклауд вајда

1.5/5
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.341
Поени од реакции
7.454
DUNE (part one)
Поради сплет на околности не го погледнав повторно оригиналниот филм од 80тите (го имам гледано одамна на македонска телевизија), ама тоа не ме спречи да отидам на премиерата во Синеплекс.
Филмот има бавно и напнато темпо, ол-стар кастинг и ептен ми се допадна.
На инсистирање на една од другарките отидовме на 3Д мада тука приказната е посилна од визуелните ефекти (не дека не чинат, ТоБ се, ама и у 2Д ова е извонреден филм).
Кој ќе чека за part two....?
Зендеја е најпопрекрасна!
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.417
Поени од реакции
9.303
Toма

Повеќе од љубопитност го гледав, јас и музиката сме малце скарани, едни та исти групи и изведувачи си слушам и толку. А не дека Тома Здравкович ми е непознат, па секоја слава, роденден, матура, завршиле со негови песни. Не може да не ти текне и на кафана кога ќе му го слушнеш името. Како било, збор два за филмот.

Еден куп старлети, инфлуенсерки или како и да се викаат, од искубани изгорени коси периките чудо од коса им прават, мислиш природна коса, никогаш не сум видела некој што носи перика толку да се познава како во филмов, можеле подобро со нив, страшно многу ме нервираа навистина.

Другото беше што знам, убаво, шармантно, скоцкано, гледливо. Емоции, солзи, лелекања, слушав за филмов, ама освен животот на докторот ништо друго посебно не ме трогна, впрочем многу поинтересен ми беше докторот од Тома извинете. Сум плачела само за Хачи на филм, бев спремна и за тука, ама ништо.

Мислам дека толкава галама за филмот се крена само затоа што е од тука од балканот, србите и ние во несвест паѓаме, да гледаш како воопшто неупатен и обичен гледач, ова е убав филм, ама далеку од совршен и неповторлив.
7.5 е таман.
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.601
Поени од реакции
6.020
Ел Еј Доверливо '97ма
Ноир филм за полицијата на Лос Анџелес во средината на 20ти век. Корупција и злоупотреба на моќ, машка агресија за каква што и балкански политичар и просечен мафиозо би позавидел. Се на се одвратно.
Ким Бесинџер е германската убавица со која плакнев очи, за неа го гледав.


 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.239
Поени од реакции
78.861


Најпрвин расчистете со себе си околу тоа каков е тонот на филмот. Кога ќе расчистите, сфатете дека тој тон е конзистентен, а тоа е добро и знаеме што може имплицира. И тука е целата вистина за филмот, кој не покушава да биде тоа што не е. Ако покушаше да биде за нијанса посериозен ќе беше далеку посрање.

Рок стандардно го глуми Рок, Рајан Рејнолдс стандардно го глуми Рајан Рејнолдс, а Гал Гадот стандардно не знае да глуми, па режисерот (We’re the Millers, Dogeball…), интуитивно, ја пуштил помалку да се појавува.

Да ги украдеме Јајцата на Клеопатра и да видиме кој е најбољи крадач на антиквитети и уметнички дела – тоа е досега најскупиот филм на Нетфликс, кој е всушност крпеница од сцени од други попознати филмови (да не набројувам, ќе ги приметите).

Централен дел од филмот е, односот помеѓу Рок и Рајан Рејнолдс. Мене Рајан Рејнолдс ми е прилично океј глумец, а и у вистинскиот живот (од интервјуа) така го доживувам. Ист си е и у интервјуа и у секој филм. Он го носи филмов и ми е многу смешен. Стоичкиот Двејн Џонсон добро му парира и тој нивни однос и дијалози се такви: прилично забавни и смешни. Тунел вижн ми беше целото тоа натегање помеѓу нив двајца и стварно не ме болеше уво што се дешава друго.

Имаше паметно-забавни моменти како овој:
Рајан Рејнолдс јава мотор и бега. Рок го брка и влегуе у Порше Kajен, го стартуе и тука почиње Саботаж на Бисти Бојс - сетап за акциона сцена со бркање по улици, што и ќе следеше да не се учукаше у него, одма при старт, едно прастаро хипи Фолцваген комбе.
И можеби требаше да има повеќе такви паметни моменти.

Многу рефернеци од поп-културата, но релативно природно вметнати во моменталниот дијалог и дејствие, а не како во некои други филмови, каде што реферирањето од поп-културата е само за себе raison d’étre.

Mу давам необјективо висока седмица, само заради забавата која ми ја приредија Рајан Рејнолдс и Рок у нивната бро-манса.
IMO, позабавен од Jungle Cruise, дури и од (знам дека многумина нема да се сложат) Free Guy.
Препорака од моја страна, освен во случај Рајан Рејнолдс да ви е антипатичен.
Автоматски споено мислење:

Сум плачела само за Хачи на филм,
Кој Хачи бе? Мајка му стршлените шо му ја убија и ги тепаа пчелите со камшици, или друг некој Хачи?
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.807
Поени од реакции
15.727
пред малку заврши на Кинеманија, прв пат !!! го гледам филмот, а стар филм, со Шон Конери..многу добар, полн со динамика а и викторијанска класика..
веројатно ќе го дават деновиве пак на Кинеманија

https://mojtv.hr/m2/film.aspx?id=11732
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.692
Поени од реакции
21.974
Не беше последен, пред короната беше, ама како флешбек ми се врати пред некој ден иранскиот филм Invasion на Shahram Mokri.

Експериментален филм, некоја фузија меѓу Дејвид Линч и Зона на Самкракот. Снимен во one shot што е повеќе од феноменално со оглед на комплексноста на приказната, има мал милион моменти кога е доволно само еден од актерите да заебе па да се оди се наново од почеток, ако го гледате ќе сфатите на што мислам, да не пишувам спојлери. Фасцинантно! Приказната е еден огромен лавиринт каде што ќе ја сфатите генералната слика што се случува, ама ако се фокусирате на деталите начисто ќе се изгубите. Ова делува нелогично се додека не го гледате филмот. Со оглед на цензурите, ограничениот буџет и лимитираната расположливост на опрема, техника и логистика, филмот е изведен топ. Вреди да се гледа макар и само поради техничката реализација во one shot што со оглед на заплетканоста на дејството е за секоја почест.

Филмот го гледав во кино, торент не најдов барем не на овие попознатите торент сајтови, ама затоа го има на Јутуб со англиски превод.

Џонтра ако читаш, не е овој за тебе, да не ме пцуеш после.

Корвус ако и овој го имаш гледано ќе се самобанирам на подфорум Филм.


 
Член од
1 мај 2021
Мислења
184
Поени од реакции
742
Inherent Vice (2014)
p10598078_p_v8_bb.jpg

Добар почеток и одлична глума од страна на Фениксот но при крај сите нишки се испреплетуваат ко црева и целиот филм губи смисла.
Ја разбирам дека книгата е од Пинчон што у превод значи дека приказната по дифолт ќе биде сложена ама ако не знаеш како да ја адаптираш, не се ни труди.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.807
Поени од реакции
15.727
предмалку беше на Кинеманија, веројаатно пак
ке го повтораат деновиве...
https://mojtv.net/film/36788/slucajno-zaljubljeni.aspx
интересен филм од многу аспекти, по мене љубовната прикаазна е споредна работа, тука има социолошки осврт на животот во УСА...
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
The last duel (2021)
directed by: Sir Ridley Scott
1639343004920.png

Имав многу високи очекувања за филмот поради две причини: режисерот 2000 го режира Гладијатор, мојот омилен филм, и одличениот избор на актери.
Она што ми се допаѓа во филмовите на Скот е тоа што тој навистина ги проучува околностите.. што резултира со висока историска точност (иако за овој филм е критикуван во однос на изведбата на дуелот кој според мене не е толку битен). Во фимот ми се допаѓаа и тоновите и боите, и глумата на актерите кои мислам дека во целост ги доловија времето и натурата на луѓето во средниот век. Единствено што не ми се допадна е улогата на Бен Афлек, ретко кога можам да го смислам во филмовите, а и мислам дека и беше непотребен во филмот затоа што зема дел од фокусот кој што треба да е на Дајмон и Драјвер.
Филмот е едноставен со едноставна приказна за силување на жена, но она што го прави посебен е тоа што е снимен во три поглавја. Истата приказна/ настан раскажан од три ликови: сопругот на силуваната, силувачот, силуваната - кои кои подеднакво го творат настанот. Поглавјата се надополнуваат но исто така видувањата на секој од ликовите се толку контрадикторни едно на друго, што и на крајот оставаат простор за размислување.
Мојот заклучок беше дека историјата како записник на настани е тотално необјективна.

7.5 накај 8 :)
 
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
Cinema Paradiso (1988)

Сакав симболично новава година да ја започнам со некој добар филм и затоа се “чував“ деновиве се' до сега.
Енио... каков човек... каков гениалец! Прв пат го чув во Малена и не престанав да го слушам два месеца после гледањето на филмот, а тек сега како ли ќе биде..
Прекрасен филм за филмовите, за животот, за носталгијата, за раѓањето, препородот и смртта во животот на еден човек кои се совпаднаа и со животот на едно кино во мало италијанско гратче. Чувствувам дека е овој од оние филмови што никогаш не ќе се умориш гледајќи ги и по којзнае кој пат.

Ова ми беа најпрекрасните 124 минути во 2022.

10/10

и како побогу го немам гледано филмов порано......
 

Kajgana Shop

На врв Bottom