Последен гледан филм со кратка рецензија

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.653
Поени од реакции
7.300
Safe House e крими-акција филм, во режија на Даниел Еспиноса, главни улоги во филмот Рајан Рејнолдс (Мет Вестон) и Дензел Вашингтон (Тобин Фрост).​
Цела година, Мет е фрустриран поради неактивните служби во Кејп Таун. "Домаќинот" на сигурната куќа Мет Вестон има амбиција да стане независен агент и долго време ја чека својата шанса за да се докаже. Првиот човек кој Мет го добил за чување бил најопасниот човек кој Мет досега го видел, а тоа е Тобин Фрост, Мет ќе се спреми за извршување на својата задача. Тобин Фрост се противеше на апсењето скоро десет години. Тој е еден од најдобрите оперативци на ЦИА.​
Фрост ги продавал воени тајни на сите кој ќе платат голема сума за тајните, тој ги продавал тајните одкако ја напуштил службата. Од разменувањато на тајни со Северна Кореја за подршка на тајни агенти, штетата која ја предизвикал за неговата земја е немерлива. Тој се предава на Циа, но со него носи уште една тајна. Најопасните оперативци на Циа и платени убијци сакаат да го убијат Фрост со цел да не се дознае тајната.​
На имдб има 6.9 оценка, и јас толку му давам на филмот. :)
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.361
Поени од реакции
2.176
Iron Jawed Angels


Не се сеќавам кога последен пат некој филм ме расплакал :)
HBO документарна драма која зборува за една промена во системот, за борбата која била не би требало да постои меѓутоа сепак била неизбежна, за едно време во кое да се биде жена било да се биде човек од понизок ред. Го препорачувам како задолжително "четиво" за секоја девојка, уште не ми е јасно како сум го испуштила. Неверојатно е низ што се` поминале тие жени за да ги добиеме денешните права кои ги земаме здраво за готово. Субјективно, меѓутоа 10/10 од мене. :)
 
Член од
18 ноември 2010
Мислења
194
Поени од реакции
101
http://www.imdb.com/title/tt0884328/
Bо еден мал американски град,по страшна бура паѓа магла.Се собираат триесетина луѓе во супермаркет додека да помине.Меѓутоа набрзо дознаваат дека не е се како што изгледа,бидејќи во маглата има опасни работи,кои избегале од локалната војна база.Многу добар филм,деталите се прекрасни,а крајот е еден од најдобрите што ги имам гледано.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Синоќа инаку го гледав American Reunion!!!



Филмот е дефинитивно во стариот познат стил на со старото друштво. Има комедии колку сакаш, муабети страшни, срамотилаци и голотии повеќе од предходните делови. Секогаш може подобро, така велам за се, па и за овој филм важи истото. Иако е стариот препознатлив стил повторно присутен, има некои моменти ( не се многу околу 2-3 ) каде можеш да се изгубиш и да незнаеш што зборат или прават ама мислам дека тоа е најверојатно грешка при режирањето или склопувањето на кадрите.

На IMDB има оценка 7.3/10 а од мене 8.5/10 бидејќи пред се Американска пита ми се филмови со кои пораснав, поради носталгија и секогаш одличната актерска екипа а нормално и блесавите муабети и сцени кои знаат да ги направат само Џим ( и таткото на Џим ) Стифмајсторот ( :D ) Оз, Финч и Кевин.

Втор што го гледав синоќа беше Lockout.



Катастрофа филм! Има солидна актерска екипа а сепак не ми се допадна воопшто, со исклучок на неколку сцени и муабети. Ја нема таа харизма и привлечност да те натера да гледаш и со нетрпение да очекуваш што ќе се случи следно. Има и грешки во кадрите а и на почетокот сцената додека вози мотор типот е тотална CGI катастрофа на годината.

На IMDB има оценка 6,2/10 а од мене 2/10
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.876
11.jpg
Романтична комедија во која главна улога е Ани таа е убава девојка која секогаш наоѓала лоши дечковци. После секоја помината ноќ нивното име го запишува во тефтерот.
После една случајна средба со еден бивш кој од лузер станал фраер и другарките и даваат еден факт од весник дека жените што имале над 20 сексуални партнери (а таа имала 19) тешко наоѓаат сопруг.
За да неја надмине бројката 20, таа ќе почне да ги бара бившите дечковци да провери дали некој од нив е нејзината вистинска љубов и да му даде втора шанса. Дали ќе го најде вистинскиот останува да го изгледате филмот.
Оцена
8/10
 
Член од
10 јуни 2012
Мислења
82
Поени од реакции
57
Моментално го гледам:
Diary of a Wimpy Kid: Rodrick Rules



Инаку ова е вториот дел од филмот, во кое главниот лик Грег како и во првиот така и во вториот дел има доста големи проблеми од неговиот поголем брат Родрик, но тука секогаш за него е неговиот најдобар пријател Раули, со кој заедно го поминуваше речиси цел 1 дел од филмот, освен кога беа скарани. Сега ми преостанува да изгледам што се случува во вториот дел, али мислам дека Грег ја има истата цел т.е. да се стане најпопуларен лик во училиштето.

 

SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.033
Gattaca
l_89365_0119177_5386582d.jpg

Еве ме по подолго време и мене да се решам да ви напишам една рецензија за еден од моите најомилени sci-fi филмови.Претпоставувам дека има некои што ова sci-fi можеби и ќе ги испишмани,но верувајте филмот обработува тема која и не е така научнофантастична и туѓа,а впрочем прво место во филмот е ставено на односот на главните ликови,односно се работи за одлична драма што се одвива во иднината на земјата.
Имено човештвото е дојдено до тој степен на развој што уште при раѓањето на бебињата,со голем процент на точност се предвидува неговиот животен век и квалитет на живот,а родителите можат да си одбираат генетски подобрени потомци уште при зачнувањето,ослободени од било каков хендикеп. Но со ова почна и да се појавува и јаз помеѓу генетски супериорните луѓе и оние кои се родени по природен пат (деца на природата би рекол) па така овие вторите се сегрегирани во општеството. Токму таков е и главниот лик Винсент (глумен од Итан Хоук) кој преку напорна работа,но и измама успева да се избори за својот сон и место во општеството.
Развојот на дејствието е одличен,како и глумата од Итан Хоук,Ума Турман и Џад Ло,
а самата приказна дава основа за размислување и интересна дискусија (доколку го гледате со некој нормално :) )
Се на се,одлична драма иако е постар,топло го препорачувам,а наскоро (се надевам ако не ме мрзи :D ) ќе ви напишам по некој збор и за Moon и за Dark City, исто така одлични sci-fi драми,и овие можите да си ги изгледате доколку овај ве бендисува.
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.653
Поени од реакции
7.300
Еве уште еден филм за љубителите на акција, кој вреди за да се погледне.​
Амерички маринци "фоки" тргнуваат во мисија да го ослободат киднапираниот таен агент од Циа во текот на задачата. Неговата задача е да ги фати терористите кој ќе сакаат да извршат напад во Америчките градови, по секоја цена.​
Од мене филмов има оцена 6.5.​
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Planet Terror



Што да кажам за филмов? Незнам дали ќе ги пронајдам вистинските зборови. Имено, се работи за зомби филм режиран од Роберт Родригез. Арно ама ова повеќе ми личи на некој цртан филм со зомби отколку на игран филм. Оправдание за филмот е единствено тоа дека има акција ( пукања и убиства ) која трае скоро цел филм, добри муабети од време на време и секси женска/и ( со цел МИТРАЛЕЗ на ногата... :facepalm: ) освен ова другото се е SHIT! Актерската екипа е солидна, со исклучок на неколкумина. Во филмот се појавува и Брус Вилис кој како и обично нема промашај кај глумата, но има промашај што прифатил во ваков филм да глуми. Исто во филмот се појавува и Сајид ( Naveen Andrews ) што играше во серијата Lost и неговата глума е солидна, но повторно ќе кажам, го промашил филмот. Приказната и не баш нешто невидено досега, типично зомби сценарио. Се испушта вирус, се заразува цел град освен неколкумина, се собираат преживеаните да ги спречат и тоа е тоа. Стварно незнам што повеќе да кажам за филмов, едноставно не ми остави многу голем впечаток за да дадам позитивна критика.

ПС: IMDB Рејтинг - 7.4/10 OMFG!:facepalm: Најверојатно бидејќи е режиран од Роберт Родригез. Рејтинг од мене: 4/10 дека Сајид и Брус Вилис играат во филмот и дека женската со митралезот на ногата е ептен јака!:drk:

Full Metal Jacket



Филмот ги прикажува понижувачките и трауматизирачките ефекти врз војниците од војната во Виетнам почнувајќи од нивниот тренинг па се до првите борбени редови. А верувајте ми, има доста што да се види!

Долго време го одолговлекував филмов а незнам зошто, кога е EPIC! Еден од најдобрите драма/војна филмови што ги имам гледано. Целиот филм од почеток до крај е едно беспрекорно маестрално дело кое го прикажува лицето и животите на луѓето кои служат војска и кои се наоѓаат на борбените фронтови. Додека го гледате филмот, режисерот создал таква атмосфера што всушност ве тера да се чувствувате како да сте таму и да се соживувате со улогите.

Овој филм е Must Watch!

IMDB рејтинг: 8.4/10 Од мене 9/10
 

Johnny Tran

You OK, Freckles?
Член од
25 јануари 2011
Мислења
1.943
Поени од реакции
1.363
Project X



Тројца другари, Томас, Коста и Џеј Би планираат да направат добра журка за 17тиот роденден на Томас поканувајќи ги сите ученици од нивното школо и многу други, преку радио и интернет. Журката им се оствари и се одвиваше како што сакаат (да биде незаборавна и луда), но на крај заврши премногу луда. Сите глумци во филмов глумат за прв пат, со исклучок на Томас кој има глумено во еден филм претходно
Филмов е "MUST WATCH", многу брзо ми стана еден од најомилените филмови, а и еден од најдобрите филмови за 2012, продуциран од режисерот на "The Hangover", Todd Phillips.
Најверојатно откако ќе го изгледате ќе сакате да се најдете на ваква журка (секако како гостин, а не хост :icon_mrgr:)

п.с. Сигурно многумина досега го имаат гледано :)
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Cleanskin



Еван ( Sean Bean ) е таен агент кој добива задача да ја елиминира Исламистичко терористичката ќелија која планира да изведува самоубиствени напади врз невини цивили во Лондон. Но нештата не се секогаш како што изгледаат и затоа Еван ќе се соочи со нешто неочекувано...

ПС: Да не напишам нешто повеќе и да откријам некој спојлер оставам на вас дали ќе одлучите да го гледате филмот.

Шон Бин како и секогаш нема промашај во глумата, и овој филм топло ви го препорачувам. Не е нешто невидено досега но сепак е малку поразличен од другите.

IMDB рејтинг : 6.7/10

Од мене: 8.5/10

The Hunter



Мартин ( Willem Dafoe ) ќе биде испратен од една мистериозна биотехнолошка компанија да отпатува во Тасманија и да го пронајде последниот жив Тасмански Тигар ( Ѓавол ).

Филмов ми остави големи впечатоци, иако на моменти знае по малку да те изгуби додека гледаш. Премногу долга беше приказната а многу мал дел од филмот всушност го прикажува она за што е пратен во Тасманија....

IMDB рејтинг: 6.7/10, исто толку и од мене.
 
Член од
10 јуни 2012
Мислења
82
Поени од реакции
57
Nativity! (2009)



Жанр: Комедија

Во овој филм главната улога ја има Пол Маденс (Мартин Фриман), кој што на почетокот на филмот заедно со неговата девојка Џенифер Лор и неговиот пријател Гордон Шекспир глумаат во божиќна претстава и разговараат за нивните желби да станат наставници и сценографи и некоја ден тие да имаат своја претстава.

Подоцна нивната желба се остварува, Пол Маденс е наставник во основното училиште Свети Бернад и секоја година неговото училиште се натпреварува со приватното училиште Оукмур, во тоа кое училиште ќе организира подобра Божиќна претстава, кадешто предава неговиот пријател Гордон Шекспир и има многу победи во редослед во организирање на претставата, додека неговата девојка го остава и заминува да работи во Холивуд.

Значи главниот дел во филмот започнува со тоа што Пол Маденс од училиштето Свети Бернад е назначен ова година тој да организира Божиќна претстава, за која што тој на почетокот ќе се противи но на крајот ќе го прифати предизвикот. Подоцна во негова помош ќе дојде господин Попи кој што ќе му биде асистент во организирање на претставата.

Главната цел на филмот е основното училиште Свети Бернад е да го победи во организирање на подобра Божиќна претстава приватното училиште Оукмур, кој што веќе неколку години победуваат.

Филмот има долга содржина и трае околу 1 час 50 минути и мислам дека на сите ќе ви се допадне, и намерно не го раскажувам филмот што ќе се случува, затоа што има доста интересни и возбудливи моменти во филмот, посебно завршниот дел.

 
H

HoT IcE

Гостин
MV5BMTUxNDEyNjE4OF5BMl5BanBnXkFtZTYwNTMyNjU3._V1._SY317_.jpg
Се работи за Монти, кој е дилер на дрога во ЛА, и е предаден од страна некој негов познаник дека е дилер, и полицијата го апси.
Добива еден ден, и во тој ден тој се освестува животот кој го живел и грешките кои ги правел, како и алчноста со која бил опседнат.
Интересен психолошки филм, но од IMBD е премногу високо оценет, барем според мене, јас би му дал 5/10.
Да не беше Едвард Нортон, уште помала оценка ќе добиеше, едноставно човекот е створен за вакви филмови.
 
Член од
1 август 2009
Мислења
453
Поени од реакции
960
Лавиринт (1986)


Се сетив на филмов пред некое време, па решив повторно да го гледам. Прв пат го гледав кога имав 8 или 9 години, на МТВ, и ми имаше оставено толку силен впечаток што сѐ уште го паметам.
Филмот е дело на Џим Хенсон, творецот на Мапетите. Повеќе е наменет за деца, па ако се гледа преку детски очи е многу интересен. На возрасните може да им делува помалку чуден и невешт, дури и бесмислен.
Се работи за Сара, 15-годишно девојче кое ја обожава фантазијата и сака да мечтае. Една вечер нејзините родители (татко ѝ и неговата втора сопруга која Сара уште не ја прифатила) излегуваат и ја задолжуваат неа да го чува своето братче Тоби. Таа мисли дека тие немаат доволно почит за неа и нејзиното време, па ќе посака кралот на гоблините да дојде и да го одвее Тоби. Нејзината желба ќе се оствари и ќе ја изненади Сара, која ќе побара можност да си го врати братчето. Кралот на гоблините ќе ѝ даде 13 часа за да го најде патот низ лавиринтот до неговиот замок и до Тоби.
Џенифер Конели (на 15 години) ја глуми Сара и иако не е извонредна, солидна е за девојче кое полека созрева и учи како да се соочи со одговорностите. Дејвид Боуви го глуми Џарет, кралот на гоблините и иако костимите му се на моменти смешни, а косата ужасна, улогата одлично му прилега. Истовремено е и страшен и морничав (како таков и го паметам уште од првиот пат кога го гледав) и зачудувачки привлечен, што е всушност она што се бара од него за оваа улога. Негови се и песните кои тој ги изведува во филмот. Не се фантастични (музиката во филмов не е нешто посебно), но се интересни и со чудни текстови.
Најдоброта страна на филмов (според мене) се куклите и глумата на актерите кои им ги позајмуваат гласовите. Прекрасна е и сценографијата. Сите сцени во лавиринтот и во замокот на кралот на гоблините се баш чудесни, особено е впечатлива сцената кон крајот со скалите во сите правци. Дури и собата на Сара е многу интересна.
Во неа, уште во сцената на почетокот, може да се видат книгите кои таа ги сака, слики од нејзината мајка и нејзиниот сопруг кој многу личи на Џарет (на нив е Дејвид Боуви), па дури и некои од ликовите од лавиринтот (кукла од девојка во балски фустан – оној кој таа го носи во сцената со балот, кукла од Дидимус има пред книгите, мала статуа на Хогл после нив, статуа од Џарет до огледалото и кукла од Лудо на комодата до вратата). Има и модел од лавиринт до книгите и слика од скалите во сите правци на ѕидот до креветот.
Костимите (освен малите испади кај Џарет) се исто така одлични, што особено се забележува во сцената со балот.
Воглавно, филмот иако не е одличен, доволно е добар и посебно интересен за деца и за оние кои сакаат вакви филмови (фантазии). На IMDb оценката му е 7.3, на Rotten Tomatoes има 63%, а на Metacritic има 50. Мојата оцена е 7 од 10 (можеби е малку пристрасна, бидејќи сакам вакви филмови).
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Children of men (2006)


Годината е 2027. Дистописка Велика Британија. Човештвото ја загуби репродуктивната функција и веќе 18 години не е родено ниту едно дете. За многумина бебето е мит од минатото.
Живите луѓе се последните генерации на човековиот вид кој чекори на оваа планета. И додека целиот свет е во анархија и борба за опстанок поради стравот од сигурната конечност на човештвото, единствено Велика Британија успева да опстои. Но, се соочува со ужасен бран на имигранти од целиот свет. Интересно е што и покрај тоа што Велика Британија успева да создаде ред, тој ред не е воопшто налик на денешното општество. Многу потсетува на нацистичка Германија и нејзиниот однос кон граѓаните од втор ред - евреите.
Секако, во едно такво општество се јавуваат и првите струи на непокор, првите здружувања на сили, па и првите вооружени отпори. Сепак тоа е само дел од она што се прикажува во филмот. Централно место зема борбата на Тео за да ја спаси младата црнкиња Ки која е најверојатно единствената надеж за опстанок на човештвото. Зошто е таа толку посебна нема да кажам :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom