Последен гледан филм со кратка рецензија

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
Thick as thieves


Добри глумци лошо сценарио ...повеќе личи на копи пејст плагијат на попознати „крадачки’’ филмови. И повторно Бандерас глуми таен агент (истото го глумеше во 2008 My Mom's New Boyfriend) преправен во крадец...Крајот е сосема интересен не очекуван али остатокот од филмот е ...

оценка -3/10
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.642
Поени од реакции
34.057
Man on Fire (2004)



Одличен филм! Обично игнорирам вакви со изговор не гледам акција.
Denzel Washington, Dakota Fanning, Christopher Walken, Giancarlo Giannini (кој беше одличен и во Hannibal), Radha Mitchell, etc etc ja сочинуваа актерската екипа. Од тој аспект, глума, филмот има чиста 10ка.

Јоhn Creasy (Denzel Washington) е бивши ЦИА оперативец кој со алкохолот сака да ја ублажи совеста што го гризе околу минатото. Неговиот пријател ќе го препорача како бодигард на едно богато семејство во Њу Мексико кои имаат потреба од таков, поради зачестените киднапирања. John е прикажан како доста асоцијален тип, затворен и повлечен, но малата Pita Ramos (Dakota Fanning) ќе успее да допре до него и да се поврзат. Meѓутоа, додека е под негова заштита таа ќе биде киднапирата, додека тој ранет во стомак предтоа убивајќи 4ца од киднаперите, меѓукои вклучени и 2ца корумпирани полицајци. Додека е во кома 2 дена, ќе пропадне плаќањето за ослободувањето на Пита, а киднаперите ги известуваат родителите дека девојчето ќе биде убиено.

Нешто се распишав.. Погледнете. 8/10.
 
Член од
26 јули 2009
Мислења
424
Поени од реакции
179
World`s Greatest Dad


Ленс е професор, но и писател со ниеден објавен труд. Тој има син тинејџер што учи во истото училиште каде Ленс предава поезија. Синот Кајл е повлечен, перверзен, мрази се и се за него е gay. Кајл умира во еден вид несреќа, а Ленс мести тоа да изгледа како самоубиство, дури пишува и проштално писмо кое случајно излегува во училишниот весник и оддеднаш сите ученици кои до тогаш не знаеле дека Кајл постоел, им недостига и мислат дека тој ја напишал пораката. Ленс го искористува тоа и пишува лажен дневник, велејќи дека Кајл бил отсекогаш талентиран писател, само тоа не го покажувал...книгата буди голем интерес и конечно Ленс е објавен иако како автор стои името на синот, но сепак притисокот е преголем...
Интересен и малку морничав филм, иако треба да биде комедија/драма, со Робин Вилијамс во главна улога. 7/10
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
The Mighty Ducks 3 (1996)

3-от дел од The Mighty Ducks. Тие се хокејашки тим кој во претходните делови со нивниот тренер Бромли станаат прваци. Сега тие одат на школо да добијат стипендија. Но, таму нема да им е толку лесно бидејќи нивни најголеми противници ќе се "Wariors", училишниот хокејарски тим. Но...имаат уште еден проблем. Нивниот тренер ги остава, и сега имаат нов, нервозен тренер кој многу ќе бара од нив. Но, патките секогаш успеваат. Кој е љубител на спортски филмови, обавезно да ги гледа сите 3 дела.


Who am I ? (1998)

Филмов го гледам по којзнае кој пат и не ми е досаден. :) Значи главен лик во филмов е Џеки Чен. Тој е специјалец, и заедно со неговата група имаат задача во Јужна Африка да заробат 3 научници и метеорит, кој има голема моќ. Тие ќе го направат тоа, но незнаејќи ќе бидат измамени и нивниот хеликоптер ќе се сруши додека бегаат. Само Џеки ќе преживее. Него го наоѓа племе во кое живеет во пустината и го лекува. Кога тој ќе се пробуди, не се сеќава на ништо. Полека му се враќа меморијата и се враќа во градот и е решен да открие што всушност се случило. Но, по патот не треба да им верува на сите...
 
С

Сатори

Гостин
The Ugly Truth

Романтична комедија која што не ме импресионираше многу со приказната, но Gerard Butler, субјективно, како што е одличен во секој филм така и во овој феноменално си ја одигрува улогата.Типичен расплет и заплет, но како за романтична комедија може да се види ако е такво расположението.
Дијалозите се делумно интересни, но сепак е базична дебата помеѓу половите, шовинизам vs. феминизам.

Mamma mia!

Мјузикал со песните на ABBA со Meryl Streep, Pirce Brosnan и Colin Firth во главни улоги.Мене лично филмот ми остави многу убав впечаток, а не коментирам за актерката екипа.
Одговара за кревање на расположението, многу весел, оптимистички, интересен и смешен филм, совршен за луѓе кои што сакаат мјузикли.
Приказната не е толку типизирана, а некои од ликовите дури и во мјузикал се добро обработени.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Flood

Во филмов доаѓа до голема природна катастрофа во Лондон. Нивото на водата се подигнува и постои можност од поплава. Роб кој е стручнак за бариери и инжинер, неговата бивша сопруга Сем и неговиот татко Леонард Морисон имаат само неколку часови да го спасат градот од пропаст. Но, нивото на водата се повеќе расте и сфаќаат дека не можат ништо да направат. Заменик премиерката наредува евакуација во градот, но се чини дека е прекасно. Водата го поплавува градот и зема се повеќе жртви.

Имено ми се допаѓаат сите вакви филмови со природни катастрофи. На imdb има оценка само 4.8/10 што мислам дека е недоволно за филмов. Според мене заслужува 8/10, има одлична приказна и добри ефекти.:wink:
 
Член од
30 март 2009
Мислења
251
Поени од реакции
20
It's complicated



После две недели чекање, конечно го гледав It's complicated, филм што ни најмалку не ме разочара. Одамна се немав толку слатко изнасмеано на филм. Иако многумина од романтична комедија очекуваат двајца млади да се најдат во Steamy affair, филмов е токму обратното :vozbud:
Џејн и Џејк Адлер се разведен брачен пар, веќе 10 години, кои започнуваат љубовна врска, иако тој е женет со многу помлада жена со која се обидува да има дете, иако тој е 58 години. На дипломската на нивниот син, после целовечерно пијанчење со Џејн, тој сваќа дека згрешил што се развел од неа и сака повторно да бидат заедно. Но во нејзиниот живот се појавува Адам, разведен архитектот што е задолжен за реновирањето на нејзината куќа.

Филмот е дело на Ненси Мејерс, режисерка не неколку успешни филмови како Something's Gotta Give, The Holiday и The Parent Trap. Изборот на главните личности е полн погодок, па зарем има лош филм со Мерил Стрип или Стив Мартин. :back:
Номиниран за три Златни Глобуси, а се очекува номинација и за Оскар :baeh: што би било апсолутно заслужено
Се е така добро составено, што во целина изгледа перфектно :pipi:

Моја оцена 9.5/10
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
Underground



Филмов е права лудница(во буквална смисла на зборот ) :)...Добитник на златна палма за најдобар филм на Канскиот фестивал-1995.
Во филмот се опишува периодот од окупацијата на Југославија па се до нејзниот распад.Како лицата кои живеат во еден подрум(мислејќи дека надвор сеуште не е завршена втората светска војна)ги имаат комунистичките идеали,произведуваат оружје за војната итнт...Иако е исполнет со разни нелогичности сепак филмот е полн со разни поуки и опишува еден период во сиот негов "раскош" . A да ке заборавев циганската музика му дава еден посебен шмек (Горан Бреговиќ).

9.9/10 :)
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
The Game - David Fincher (1997)

Иако е од Дејвид Финчер, филмов не ми се свиѓаше. Интересно е како повеќето глупи филмови имаат долг suspence, исчекување да видиш за што е филмот, и само така успеваат да ги натераат гледачите да останат да го догледаат. Многу нереалистичен. Можда интересна замисла, ама секој обид да се реализира таа замисла ќе испадне нереалистичен.
 
В

Вори

Гостин
Пред малку на А1 го гледав Карате Кид,по не знам кој пат..
Филмов ми се свиѓа,онака фина приказна за едно дете кое со неговата мајка се доселува од Њу Џерси во Калифорнија..
Нова средина,нови другари,нова девојка..многу карате.
Највеќе во филмов ми се допадна глумата на Мијаги и неговиот смешен акцент(но,не и идиотскиот превод на А1:nesvest:)..

оценка:7.6/10
 

Attachments

Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
Викендов изгледав повеќе филмови па да напишам рецензии за некои од нив :wink:

Rendition (2007)



Филмов е драма,трилер со главни улоги на Reese Witherspoon i za mene nepoznatiot Omar Metwally.Филмот почнува со тоа да Omar Metwally оди на работен семинар во Египед и притоа на враќање за накај дома го киднапира ЦИА во Египед.Го тераат да признае дека тој е дел од претходно извршен бомбашки напад во кој загинуваат 18 лица.
Истовремено се одвиваат и настани кои се поврзани и со луѓе кои се од Египед и се поврзани со нападот.
Доста е веќе на пишувам доволно е. Филмов е крајно интересен и напнат трае околу 2 часа ,и се разбира како добар трилер се се открива последните 15 мунути :wink:

Моја оцена 9/10

Dorian Grey (2009)



Филмов претставува адаптација на роман кој е издаден во 1890.
Добар хорор/драма филм со главна улога на Ben Barnes kako Dorijan.
Dorian ќе биде млад дечко кој е од позната фамилија од Англија.
За да биде вечно млад и за да ги ужива благодетите на младоста :wink: ќе
му ја продаде душата на ѓаволот, и ќе стане како него.
Интересна и оригинална сторија која ке ве остави постојано во очекување да го догледате.

Моја оцена 8/10
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
The haunting in Connecticut

Филмчево е еден од подобрите хорори што ги имам гледано. Приказната е одлична, а и како да не биде кога сето ова е снимано по виситнски настан.
Значи детево е болно од рак, и бидејќи е далеку институтот каде што се прегедува и каде што е на истражувања, тој со неговото семејство купува куќа која што порано било мртовечница. Тој ќе почне да гледа едно дете во таа куќа но бидејќи е болен сите мислат дека халуцинира.
Да не откривам уште понатаму ако гледате хорори филмчево дефинитивно треба да се изгледа:smir:
8/10
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.264
Поени од реакции
2.261
Ова беше богат филмски викенд за мене:

Avatar

Од филмот не очекував ништо. Мислев дека е преплатено американско срање. Го пуштив со цел да гледам 1 саат од него(инаку трае 2 ипол часа) па да одам да јадам. Умрев за јадење! 2 и пол часа не трепнав. Ги засакав sci-fi филмовите покрај Роланд Емерих, еве сега Џејмс Камерон направи мојата симпатија кон нив да прерасне во љубов. Гледам дека не за бадијала биле фрлени $500 million!!!

Ако имате барем трошка наклонетост кон филмовите надвор од реалноста, погледнете го Аватар.

Pandorum

Уште еден научно фантастичен филм со за мене непозната актерска екипа. Краток осврт кон содржината: Двајца астронаути се будат на вселенски брод после неколку годишен хипер-сон. Тие се дезориентирани, не знаат точно што се случило, кои се тие ниту која е нивната мисија. Набрзо дознаваат дека не се сами на бродот. Капларот Бовлер оди да го рестартира генераторот, а полковник Пејтон останува да го навигира од кабината. На патот кон генераторот Бовлер ја дознава морничавата реалност. Нивниот опстанок е позначаен отколку што самите можат да помислат. Од нив зависи човештвото......

Ќе му дадам на филмот 7/10(колку патем има и на имбд) заради неколку сцени на почетокот кои ми ја замрзнаа крвта и заради оригиналната приказна. Ако го гледате овој филм, гледајте го со слушалки и не штедете на звукот!

Double Jeopardy

Филмов го имам гледано пред многу време, па еве сега повторно. Одлична глума на Били Боб Тортон и сипмпатичната Ешли Џуд која не ја знаев додека да го изгледам филмот. Многу е интересен воведот во приказната, значи не можеш да ги гледаш првите 15 минути и да смениш, ќе те копка цело време што се случило. Нема да ви раскажувам, само да ве заинтересирам: Среќен брачен пар го оставаат детето дома и одат на крстарење со нивниот брод. Вечерта жената се буди целата во крв, а мажот никаде го нема. Оттука натаму гледајте.......

Gamer

Филмот е тиња. На имбд има оценка 5,8/10 што е далеку над онаа што ја заслужува филмот. Не дека не сакам скај-фај, баш напротив, па ги пофалив Аватар и Пандорум, ама ова е далеку од добар филм. Па и приказаната е за никаде – луѓе контролираат други луѓе во мулти-плејер играчка виртуелна околина???? Па и тие `slayers` не се никако дефинирани. Едноставно не го гледајте филмот! Оцена: 2/10(поради трудот на Џерар Батлер)!

Blair Witch Project

Сега гледам од каде им идејата на Америте за Паранормална активност. Ваков тип на хорор за мене е комедија. Ич не ме плашат овие психолошки трилери/хорори. Не знам како може човек да не може да спие од ваков филм. Да не речам го изгледав го смеа. Па и крајот е за никаде. О

Како демек за буџетот со кој е направен($500,000-$750,000) е премија. Како и да не. Па и кога видам дека има освоено Golden State (+5,6) награди за најдобар хорор за 2000година ми се гади!!!

Oцена: 1/10
 

Maryah.C

Be a bee
Член од
9 јуни 2006
Мислења
4.001
Поени од реакции
710
World`s Greatest Dad


Ленс е професор, но и писател со ниеден објавен труд. Тој има син тинејџер што учи во истото училиште каде Ленс предава поезија. Синот Кајл е повлечен, перверзен, мрази се и се за него е gay. Кајл умира во еден вид несреќа, а Ленс мести тоа да изгледа како самоубиство, дури пишува и проштално писмо кое случајно излегува во училишниот весник и оддеднаш сите ученици кои до тогаш не знаеле дека Кајл постоел, им недостига и мислат дека тој ја напишал пораката. Ленс го искористува тоа и пишува лажен дневник, велејќи дека Кајл бил отсекогаш талентиран писател, само тоа не го покажувал...книгата буди голем интерес и конечно Ленс е објавен иако како автор стои името на синот, но сепак притисокот е преголем...
Интересен и малку морничав филм, иако треба да биде комедија/драма, со Робин Вилијамс во главна улога. 7/10
Го гледав и јас пред некој ден.Бидејќи погоре е раскажана целата содржина ќе се сложам дека филмот е одличен и преполн со црн хумор и би дала повеќе од 7ца. И најдобриот цитат од филмот:
"I used to think the worst thing in life was to end up all alone. It's not. The worst thing in life is ending up with people who make you feel all alone. "



Незнам зошто чекав толку за да го изгледам.:toe:. Ева Грин е прекрасна.
Совршено. Препорачливо.
И да напоменам има добар саундтрак.


После два одлични филма следува еден што е промашај, барем за мене.
Всушност немав ни преголеми очекувања.
Средношколци,црни магии,многу крв,демони,чудовишта и слични глупости.Нема ни Х од хорор
3/10 и тоа само ради Меган Фокс.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
Inglourious basterds


Можеби 90 посто од кајганџиите го гледале филмов и на повеќето им се допаднал но мене не баш.Очекував многу повеќе сцени како на трејлерчето со кое се излажав али ги немаше.Многу диалози беа долги (Тарантино стил) но очекував да бидат интересни и малце посуштински како во Death proof но такви немаше.Глумата од помалце познатите актери одлична (9/10) но Бред Пит и Бастардите беа едвај 25 % застапени во филмот...Единствено почетната ,сцената во кафаната во подрумот и крајот ми се допаднаа но сепак малце за филм со траење од 152 минути.

оценка 6/10(заради тие 3 сцени иначе многу помалце )
 

Kajgana Shop

На врв Bottom