Посета на Радика

436053

Consigliere
Член од
19 декември 2005
Мислења
860
Поени од реакции
68
Би сакал фамилијарно да го посетам течението на река Радика.
3-4 дена да отседнам негде :)
Некои посебни потреби неаме, чисто да е негде во природа инда си има нали вц мц :)
Со мало бебче сме.
Предлози, добродојдени.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Има хотел во село Јанче. Мислам дека е релативно нов.
Сега скоро пројдов, на самиот пат во село Трница мотелот е реновиран, ама сомнителен ми е поради локацијата покрај самиот пат, инаку изгледа сосема ново и солидно.
Имаш опција во Галичник, со тоа што тоа е физички блиску до долината на Радика, но не и со кола. Ќе треба од Маврово да вртиш.
Има хотел Калин во Лазорополе, кој е многу убаво среден.
Исто така и во Гари мислам дека конечно во Топила има за спиење. Таму сум бил на ручек неколку пати.
Нормално, во манастириве ти е една варијанта, со што таму само спиење може (не сум сигурен) Бигорски и Рајчица.
Маврово е исто така една опција, а таму има повеќе хотели или можеш да изнајмиш викендица.
За кампирање, знам дека често идат на некоја Ајдарова ливада, ама пошо викаш дека сте со бебе, мислам дека тоа би ви била опција за шетање.
Сите места кои ти ги набројав од аспект на природа и амбиент се прекрасни, треба да си видиш околу цени и услови.
 

436053

Consigliere
Член од
19 декември 2005
Мислења
860
Поени од реакции
68
Фала ти на предлози :)
Има еден ресторан со бунгалови Рекански Мерак, ама никако да најдам инфо или контакт...
Село Дуф?
 
Член од
24 септември 2016
Мислења
497
Поени од реакции
679
Rekanski Merak ti e vo selo Skudrinje odnosno na samiot pat Debar - Mavrovo.

Selo Duf ti e vo Mavrovo.

Imas hoteli i vo Debar. Hotel Venec, Hotel Leon, Debarski Banji & Spa - Capa...
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Селото Дуф се наоѓа десно од регионалниот пат кога се качуваш од Гостивар кон Дебар и нема врска со ова што го бараш. Целосно друг амбиент е.

Често луѓето го мешаат Дуфскиот водопад кој е во близина на селото Ростуше. Ростуше е големо исселеничко село и сигурно има некое место за сместување, ама не ми е познато. Водопадот провери го обавезно ако веќе движиш во овој потег.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Има и во Ростуше соби,еве провери си..
https://www.facebook.com/Соби-и-Апартмани-Ростуше-Rooms-and-Apartments-rostushe-240087256472694/?ref=br_rs

А Дуфскиот водопад е фантазија,морате да го посетите.
Машала , јас пред едно 10 години бев таму , немаше нешто вакво ! Не е се изгубено за Ростуше значи !
Инаку во Скудриње има и бунгалови , ресторанот е над реката , убавини .
За хотелот во Јанче имам слушнато дека е скапичок .
Ростуше е идеално за посета овој период , сега секој ден свадби ќе има додека траат одморите на гастарбајтерите :D
 

436053

Consigliere
Член од
19 декември 2005
Мислења
860
Поени од реакции
68
Поради неможност да се најде нешто адекватно на Радика, се преместивме на Треска :)
Дедо Илија, кај пештера Пешна (изгуглајте, нема некој посебен линк ;) )
Коментари, по тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom