Посебни истражни мерки

ʞönig

Миле... ми текна!
Член од
29 декември 2014
Мислења
131
Поени од реакции
614
Во Законот за кривичната постапка се предвидени осум посебни истражни мерки, и тоа:
▪ следење на комуникации и влез во дом и други простории или во превозни средства заради создавање на услови за следење на комуникации, под услови и постапка утврдени со закон,
▪ увид и пребарување во компјутерски систем, одземање на компјутерски систем или дел од него или базата за складирање на компјутерски податоци,
▪ тајно набљудување, следење и визуелно-тонско снимање на лица и предмети со технички средства,
▪ привиден (симулиран) откуп на предмети, како и привидно (симулирано) давање поткуп и привидно (симулирано) примање поткуп,
▪ контролирана испорака и превоз на лица и предмети,
▪ користење на лица со прикриен идентитет за следење и собирање на информации или податоци, ▪ отворање привидна (симулирана) банкарска сметка на која може да се вложуваат средства што потекнуваат од сторено кривично дело и
▪ регистрирање на привидни (симулирани) правни лица или користење на постојни правни лица заради собирање на податоци.

Преземање на посебни истражни мерки може да се нареди:
▪ заради обезбедување на податоци и докази неопходни за успешно водење на кривичната постапка кои на друг начи неможат да се соберат или нивното собирање би било сврзано со поголеми тешкотии
▪ за кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку четири години,
▪ за кривични дела за кои е пропишана казна затвор до пет години за кои постои основано сомнение дека се извршени од страна на организирана група, банда или друго злосторничко здружение и
▪ за таксативно наброените кривични дела без оглед на предвидената казна и бројот на извршителите.

Ставот 3 предвидува дека спроведувањето на посебните истражни мерки предвидени во чл.142-б ст.1 точки од 2 до 8, може да трае најмногу 4 месеци. На предлог од Јавниот обвинител, кога наредбата ја издава истражен судија, или на предлог од Министерството за внатрешни работи кога наредбата ја издава Јавниот обвинител, од оправдани причини може траењето на посебните истражни мерки да се продолжи најмногу уште за три месеци.

Според Законот за следење на комуникации донесен во 2006 година, може да се прислушкуваат непознати лица. Реализирањето на следењето на комуникациите се врши во просториите на Одделот за организиран криминал при Министерството за внатрешни работи (претходно следењето го вршеше исклучиво Управата за безбедност и контраразузнавање). Наредба за следење на комуникации секогаш дава истражен судија, без разлика дали се работи за познати или непознати сторители. (Член 142г од ЗКП)
http://www.pravda.gov.mk/documents/ZAKON ZA KRIVICNATA POSTAPKA.pdf

Oд страна на Министерството за внатрешни работи доказите како и снимениот материјал обезбедени со дотогашната примена на посебните истражни мерки се доставува во еден примерок. Иако во ЗКП никаде не е стриктно наведено, ако внимателно се анализира чл. 142-ѓ ст. 4 во кој стои дека во “прилог на Посебниот извештај се доставува и целокупната документација прибавена со примената на посебната истражна мерка”, значи дека во Министерството за внатрешни работи не смее да остане ништо од снимениот и обезбеден доказен материјал,тогаш е логично дека истиот мора да биде во еден примерок.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Кажи што ти е муабетот, оти ко што гледам сам си прашуваш сам си одговараш?!
 

ʞönig

Миле... ми текна!
Член од
29 декември 2014
Мислења
131
Поени од реакции
614
Посебните истражни мерки во Европското право за човековите права. Судот за правата на човекот во Стразбур признава дека посебните (специјалните) истражни мерки се неопходен инструментариум на органите за кривично гонење во современото демократско општество како адекватно средство за спречување на криминалот, меѓутоа, ако нивната примена не е законски регулирана, се создава „опасност“ од поткопување или дури, уништувања на демократијата, под оправдување дека тоа се прави за нејзина одбрана. Затоа, од државите се бара да обезбедат јасни докази за неопходноста од примената на ваквите мерки и да изградат правна рамка која ќе обезбеди соодветна и ефикасна заштита од злоупотреба.

Во таа насока, Судот посочува дека различните техники на истражување како што се: надзор на телефонските повици и поштата, обработка на телефонските повици (обезбедување броеви кои барале или кои биле барани од телефонот), надзор на пејџер, користење на тајни уреди за прислушкување и видео надзор се primafacieповреди на правото на правичност и бараат оправдувања во согласност условите од член 8 (став 2) од Европската конвенција за правата на човекот. Таков третман имаат и сите други истражни техники со кои се остварува надзор во полициските станици, работните простории а се разбира и во домот. Исто така, таков третман имаат и случаите кога надзорот (над комуникациите) е направен од лице кое не припаѓа на полициските структури, но тоа го сторил по барање со совет или со помош на полицијата.

Одредбата од чл. 8 ст. 2, од Конвенцијата, дозволува државата да го наруши општото право на приватност прокламирано во став 1 на истиот член, со цел да спречи некое кривично дело или ако е тоа во интерес на националната безбедност. Од јуриспруденцијата на Судот во Стразбур може да се заклучи дека државата „најчесто е способна да покаже и да ја оправда целта“ на примента на ПИМ, но потешко е таа да докаже дека мешањето во приватниот живот било „неопходно во едно демократско општество“ и дека тоа „е во согласност со закон“. Двете барања, државата кумулативно треба да ги задоволи за да биде нејзината интервенција во согласност со Конвенцијата.

Под „неопходно во едно демократско општество“ Судот подразбира мешање во приватниот живот на поединецот да биде одговор на „итна општествена потреба“, при што не е доволно таквото мешање да е „само“ пожелно и разумно, и воедно, државата треба да покаже дека постои однос на пропорционалност, меѓу целта што сака да се оствари и средствата што се користат. Под поимот „пропорционалност,“ се подразбираат два моменти: пропорционалност помеѓу целта на мерките и средствата кои се користат за таа цел и пропорционалност или правична рамнотежа помеѓу општите интереси на заедницата и заштитата на правата на индивидуата.

При определувањето на пропорционалноста, Судот утврдува дали одредено мешање во приватниот живот на граѓаните е премногу нападно или наметнува преголем товар за одредени поединци, доколку, интересот на заедницата го оправдува тоа. Истовремено, државата треба да покаже дека мешањето во приватниот живот на поединецот не било поголемо од потребното. Во контекст на истото, Судот подразбира дека кога мешањето во приватниот живот на поединиецот е од „наметлив карактер“, или информациите што ги собира државата се од посебен чувствителен карактер, оправдувањето на државата треба да биде силно аргументирано.


Посебните истражни мерки во домашното право. Еден од најзначајните новини на Новелата на ЗКП од 2004 година, е воведувањето осум нови, т.н. посебни истражни мерки. Со нивното пропишување се утврдува јасна и прецизна законска рамка и соодветни процесни гаранции против нивната злоупотреба, што е во согласност со европските барања за инкорпорирање на современите мерки на истрага во доменот на кривичната правда и човековите права а заради прибирање на податоци и докази неопходни за водење на кривичната постапка и олеснување на гонењето на извршителите на делата на организираниот криминал, корупцијата, перењето пари, недозволената трговија со луѓе, оружје и дрога и други тешки форми на криминал. Овие нови решенија, значат истовремено имплементација на одредбите на ратификуваните меѓународно правни документи од оваа област, како Конвенцијата на ОН за борба со транснационалниот организиран криминал (т.н. Палермо конвенција) и др.

Судот може да нареди преземање на посебните истражни мерки кога постојат основи на сомневање дека се подготвува, во тек е извршување или е сторено кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку четири години, како и за кривични и дела за кои постојат основи на сомневање дека се подготвуваат, во тек е извршување или е сторено кривично дело од страна на организирана група, банди или друго злосторничко здружение, заради обезбедување кривичната постапка, кои на друг начин не можат да се обезбедат или нивното обезбедување би било сврзано со поголеми тешкотии.

Заради обезбедување податоци и докази неопходни за успешно водење на кривичната постапка, кои на друг начин не можат да се обезбедат или нивното обезбедување би било сврзано со поголеми тешкотии, освен под понапред утврдените услови на најтешки кривични дела или дела извршени од организирана група, судот може да нареди преземање на посебни истражни мерки и за следниве таксативно определени кривични дела од Кривичниот законик: неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од членот 215; изнуда и уцена од членот 258, 259; перење на пари и други приноси од казниво дело од членот 273; криумчарење од членот 278; царинска измама од членот 278-а; злоупотреба на службената положба и овластување од членот 353; проневера, послужување или измама во службата од членот 354, 355 и 356,примање или давање поткуп од членот 357- 358; противзаконито посредување од членот 359; незаконито влијание врз сведоци од членот 368-а; злосторничко здружение од членот 394; терористичка организација и тероризам од членот 394-а и 394-б; кривични дела против државата (Глава XXVIII) и кривични дела против човечноста и меѓународното право (Глава XXXIV), на овој Закон, како и за кривични дела сторени преку средствата за електронска комуникација.[DOUBLEPOST=1423760653][/DOUBLEPOST]Темата е за член 142-б од Законот за кривична постапка.
@Acid
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.797
Поени од реакции
15.714
мене се ова со приватноста ми е до даска контрадикторно, субјективно и селективно.. т.е. , во истата Европа секаде се снима, некаде само на патишта и раскрсници ( н.пр. Германија, каде 2-ца граѓани да те снимат со мобилки или посведочат ќе бидеш казнет за сообраќаен прекршок) или во Холандија каде буквално се се снима, од подземни гаражи, кафани... УСА е посебна прикаска, таму на интернет се наоѓаат и податоци и за банални апсења ( а таму апсат и за обичен сообраќаен порекршок без инцидент со други учесници во сообраѓајот), без обзир дали лицето е правосилно осудено, а кај нас на пример падна регистарот на правосилно осудени педофили...
... Што се однесува до приватноста, некој медиуми сакаат да пишуваат што ќе им падне на памет без било каква одговорност , мислат дека декриминализацијата на клевета и навреда значи и укинување на тие дела, па уште тврдат дека паѓаат во Стразбур и паричните казни на нашите судови?? ..јас како читам хрватски медиуми, фрчат и дебели казни а дури има и затворски ако навредите или клеветите се оквалификуваат како говор на омраза ...најсвежо е приведување на лица што на улица пред изборите поставија слика на тогаш председателот Јосипович во униформа од ЈНА.... така дека мислам целата ова тематика е многу релативна, шпекулативна и селективана сама по себе
 

Kajgana Shop

На врв Bottom