Посветено на Медиумските идеали ...

Член од
18 декември 2007
Мислења
448
Поени од реакции
51
Долго време се прашував како се создаваат идеалите кај еден просечен репрезентативен примерок на популацијата , како одредува што е убаво , што му е потребно , во каква единка треба да се развие , каков ќе биде неговиот однос со останатите и со средината и тн . Од сегашната гледна точка би рекол дека на еден човек кој живеел во периодот пред експанзијата на масовите медиуми би му било прилично лесно да го одреди ова , религијата , фамилијата и средината горе долу би ја одредиле неговата судбина и претпоставувам вистинска реткост биле тие што ќе се спротиставеле на ова ( морам да спомнам дека нивната улога е исклучително голема во прогресот на опшеството ). Понатаму , животот на овој човек немало да биде премногу различен од животот на неговите претци , сепак постои едно нешто што сите овие генерации ѓи поврзува , луѓето и покрај се , не се откажувале од традиционалните врски што ѓи имале , врски со семејството, со духовното , со средината, луѓето во ниеден момент не заборавиле колку многу зависат еден од друг од природата и од повисок морален ( духовен ) ред на односите меѓу нив . Од денешен аспект , би можеле да кажеме дека степенот на развој не му го дозволувал тоа како што нас денес ни го дозволува , но морам да се запрашам , дали нашиот дух ( духот на еден просечен репрезентативен примерок на денешната популацијата) е во можност да го прати во ист чекор експоненционалниот развој кој се случува последниов век ? Дали духот на популацијата, воопшто беше во можност да се менува толку многу колку што средината се менуваше ? Пред да продолжам со светот денес , ќе се вратам уште малку на минатото, имено, речиси сите цивилизации во минантото ја сфатиле потребата од компромис помеѓу алчноста на поединецот ( егото ) и неговото однесување ( свесно одрекување на се што егото ќе посака во интерес на заедницата ) па така разработиле најразлични модели на уредување на односите помеѓу нив самите . Скоро сите ( ако не и сите ) цивилизации создале систем кој го величел алтруизмот, благодарноста , чувството на колективизам и пред се љубовта . Цврсо верувам дека единките во еден ваков модел не се држеле 100 % до овие вредности , но сепак , низ вековите системот се покажал како одржлив , за што сметам дека балансот помеѓу егото и колективните норми бил запазен . Во контекст на ова како интересн факт што би сакал да го спомнам, е тоа што луѓето сами се одрекле од дел од правата што ги имале во интерес на заедницата, во спротивно би било апсолутно невозможно формирње на било каков систем . Луѓето сфатиле дека мора да делуваат заедно за да можат да опстанат и пред се сфатиле дека мора да прифатат поларитет наспроти егото , поларитет кој ќе ја балансира заедницата ...Нејсе , да се вратиме во сегашноста , гледам на големо се проагира една слаткоречива лага, за жал нашироко прифатена, а тоа е сонот за лична независност. Знам дека повеќето ќе кажат дека тоа пред се се однесува на економската незавсност , но ако малку подобро ја разгледате ситуацијата произлегува дека корените на оваа тн независност се многу подлабоко од економска независност . Оваа лага води кон неминовна деструкација на семејството (како основна еднинка на опшеството) , што неминовно ќе доведе и до крах на опшеството . Не би сакал да сум застапник на теориите на зговори , но во овај случај сум повеке од сигурен во она што го пишувам - масовните медиуми на големо го пропагираат и го величат егото . Се создава сон , лажен сон , сон да се има колку што може повеќе , сон од никој да не зависиш , сон никој да не ти треба ... неможам да се сетам кога последен пат сум гледал филм во кој има нормално 4 члено семејство ?!? сите се разведени , сите се хомосексуалци , пропагирани како функционални заедници ( овде намерно не сакав да го искористам зборот семејства ) ...постои една голема пропаганда која ги извртоперува половите до немајкаде, женските се кул ако се мажествени ( кога пијат , кога пушат , кога не покажуваат емоции и покрај тоа што душата му плачи, кога се промискуитетни ) , машките се феменизираат ( козметики , маникири , педикири ) , не е ни чудно што толкав процент од популацијата повеќе не се сигурни во сопствениот пол. Оваа пропаганда се наметна под превезот за еднаквост на половите ... која глупост , не се случи еднаквост , туку се случи поистоветување , сега сме сите исти, поларитетот е сериозно разнишан во секој поглед.. Во нашата ДНК стои дека тато е груб и силен , мама е мила и нежна , двата поларитети се подеднакво важни ( да не бидам погрешно разбран но јас силно ја поддржувам еднаквоста на половите и неможам да сфатам зошто жената ја омаловажи сопствената функција на столб во семејството ? претпоставувам кариерата беше поважна ?!? )

Друга пропаганда , да се има се .. и што треба и што не треба .. познавам еден куп на луѓе што веќе ја имаат последната генерација на некој телефон , ама пак со нетрпение ја чекаат новата да излези за да го купат и најновиот модел?? Зошто ?? колку опции од еден телефон ни требаат ? Ама не , пропагандата вика мора да купуваш се што е најново , тоа е престиж , тоа е ин , тоа е симбол на нешто .. симбол на потрошувачкото опшество и пред се на глупоста симбол ..

Медиумската пропаганда оди во бескрај, мода , храна , автомобили ... но пак да се вратам на поентата , сите овие атрибути , се атрибути на егото .. се прашувам како ние, како современа цивилизација заглавивме во овој ќорсокак ? и не само што заглавивме туку мнозинството на големо го прифаќа ...


ех ...
 
Член од
22 февруари 2014
Мислења
188
Поени од реакции
123
Propaganda e namerna manipulacija so mislite ,stavovite ,odnesuvawata I uveruvanjeto na drugite luge.....koi postoele I pred da se pojavat mediumite :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom