Посветеност!

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.781
Поени од реакции
276
„Посветеност„ е еден магичен збор кој многу лесно може да ти го покаже патот до успехот.

Убеден сум дека посветениот човек знае како се станува успешен и како се живее среќен и исполнет живот.

Eдна мисла вели:
Доверба доаѓа од часови и денови и недели и години на постојана работа и посветеност.
Каков е вашиот пристап кон животот и работата?
Живеете ли посветен живот?
Кон што сте посветени во животот?
Што мислите за посветеноста?
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.551
Поени од реакции
1.496
Посветеноста е всушност зборот што го продаваат сите оние мотивациски горовници и "self help" книги.

Но како и да е, се согласувам со концептот на темата.
Сметам дека секој човек е посветен на нешто само што свеста за некои фундаментални човечки особини е занемуравчка благо речено. Затоа има како и се друго-добра и лоша страна (некој се посветува на совршени убиства без никаква трага да остави и сл.)
 
Член од
6 ноември 2008
Мислења
1.098
Поени од реакции
1.332
Едно знам сигурно... Ако сакаш да успееш се ќе направиш тоа и да го постигнеш, а тоа можеш со труд, работа и ПОСВЕТЕНОСТ.
Лесно е да се каже... но во практика баш и не оди така.

Колкумина се откажале да го следат својот сон само поради пречките кои ни ги поставува животот (за жал).
 
A

Auditore

Гостин
Посветеност не значи да бидеш опседнат со нешто и дека тоа мора да се случи ако си замислил, тоа е состојба која си бара константност, пожртвуваност и пред се кога на нешто си посветен тоа да го работиш со љубов, со срце.
Но во во животот да бидеш посветен до крај е исклучително тешко пред се затоа што во животот се наоѓаме во разни ситуации во кои да бидеш посветен до крај е невозможно, и честопати заради бирање на полесен пат, посветеноста не се реализира до крај, но оној кој знае што сака и знае како да го добие со посветеност секогаш го добива тоа, факт.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom