Породилно отсуство

Дискусија во форумот 'Бременост' започната од rossonerka, 28 ноември 2008.

  1. rossonerka

    rossonerka too good to be true

    Член од:
    8 октомври 2007
    Мислења:
    6.081
    Допаѓања:
    880

    Од следната година, освен мајките, на породилно ќе седат и татковците. Со измените на Законот за работни односи се предвидува покрај родилката трудничко да користи и таткото во траење од два месеца. За тој период мажите ќе земаат цела плата, преку Фондот за здравствено осигурување. Истовремено државата ќе им плаќа придонеси и ќе им тече работен стаж. Паралелно со оваа новина ќе стартува и продолжување на постојното породилно отсуство за мајките од девет месеци на една година. Мајките, пак, што ќе родат близнаци или повеќе деца истовремено, ќе користат породилно од 15 месеци, наместо како до сега една година.

    "Новите поволности ќе важат за оние што ќе родат или ќе отворат породилно боледување од први јануари 2009 година", велат во Министерството за труд и социјална политика. "Досега двајцата родители не можеа истовремено да користат породилно. Таткото имаше право да користи породилно, ако мајката претходно се откажеше од тоа", објаснуваат во ресорното министерство.
    Идејата за новото право на мажите, во Министерството за труд велат дека е по примерот од другите земји. Тие процениле дека е корисно во првите два месеца таткото да биде дома со новороденчето, за да и се најде на мајката.

    Новината е направена согласно политиката и мерките за демографскиот развој на земјава и имаат за цел да го стимулираат наталитетот.
    Измените на Законот за работни односи се готови и деновиве ќе се испратат до Владата. Тие веќе се испратени и кај социјалните партнери, односно до синдикатите и до работодавците.



    Дефинитивно го оправдувам зголемувањето од 9 месеци на 1 година породилното отсуство на мајката, дури во некои земји тоа трае повеќе и од една година. Но добра е и оваа промена.
    А за отсуството од работа од 2 месеци на таткото исто го оправдувам.
    На малечките бебиња во првите месеци им е потребна огромна грижа која е должност и на двајцата родители.


    [​IMG]
     
  2. ex machina

    ex machina сфинге раја

    Член од:
    4 септември 2007
    Мислења:
    723
    Допаѓања:
    99
    Уште да не беше ограничен породилниот надоместок на 2 просечни плати, супер ќе беше. Вака се дестимулираат жените со високи приходи, кои теоретски имаат услови да одгледаат и повеќе од две деца ..

    Социјално не ги исплаќа редовно трудничките плати, на колешка ми и каснеа уплатите 9 месеци, парите ги доби за 9 месеци одеднаш, дури откако го заврши трудничкото боледување и се врати на работа. Се прашувам од што живееле додека била на трудничко. А фирмата најредовно си ги плаќа сите давачки.

    На што личи тоа бе? Шо ако имам кредит кој мора да се иплати? И после демек стимулираат наталитет, јеа рајт.
     
  3. -----<-<@

    -----<-<@ loso kure

    Член од:
    10 ноември 2008
    Мислења:
    495
    Допаѓања:
    22
    со оглед на ситуацијата во која се наога Македонскиот наталитет, не глам друг излез туку да се направи стимулативна регилатива со која би се одвоиле пари од буџетот на РМ, и би се стимулирале идните семејства, односно би се одредило породилно одсуство за мајките во времетраење од 3 год за секое новороденче со месечен надоместок од 15 ооо денари на име на мајката.

    и така на Македонија, не и треба политика не и треба инвестиција во партиски интереси, туку и треба единство во многу сегменти...а еден од нив е иднината и сигурноста на народот, као битен фактор да не стане пустиња...односно да не фатат штрафта сите млади и да остане земја на пензионерите и депресијата.
     
  4. ex machina

    ex machina сфинге раја

    Член од:
    4 септември 2007
    Мислења:
    723
    Допаѓања:
    99
    Малку се 15000 бе, толку ми е само рататататата за станот. А ако има породилно од 3 години, која црна фирма ќе вработи женско шо на секоја година ќе го снемува на 3 години? Не и се исплати ни да вработи жени, а камоли пак да ги едуцира.
     
  5. Dream

    Dream

    Член од:
    27 јуни 2007
    Мислења:
    176
    Допаѓања:
    47
    Toa e super sto sakaat da zgolemat od 9 meseci na godina, mnogu se mali bebinjata za vo gradinka.

    Jas sum vo Avstrija i tuka porodilnoto trae tri godini, toest dve i pol za majkata i 6 meseci za tatkoto i e super. Deteto veke znae da zbori i da odi samostojno vo WC bez peleni. A za pari kolku dobivas zavisi od toa kolku meseci ostanuvas na porodilno, ako ostanuvas pokratko dobivas poveke pari i obratno. Mislam deka minimum e 450 Evra-3 godini.

    Zaboraviv da kazam deka za sekoe dete ti se racunaat nekolku godini raboten staz, mislam deka bese 5 godini, znaci 5 deca i ne treba da rabotis odma u penzija :)
     
  6. rossonerka

    rossonerka too good to be true

    Член од:
    8 октомври 2007
    Мислења:
    6.081
    Допаѓања:
    880
    Па Бети Буп да го прочиташе првиот пост ќе видеше дека сосема истото е напишано :)
     
  7. B. Boop

    B. Boop Princ: Најозбилна...

    Член од:
    19 мај 2006
    Мислења:
    1.305
    Допаѓања:
    257
    Да?
    Ставарно бе, јас се надоврзав на последниот пост. :)
    Ете, готово.
     
  8. -----<-<@

    -----<-<@ loso kure

    Член од:
    10 ноември 2008
    Мислења:
    495
    Допаѓања:
    22
    со оглед на ситуацијата во која се наога, голем дел од работоспособната млада категорија во РМ, би било добро да машките одат на работа, а жените бидат на породилно отсуство за секое новороденче по 3 години, со тоа што би примале месечен надоместок од 15 ооо денари, но само како решение за 10 год, после тоа сигурен сум дека ке има подобрувања во економијата, даклем кинење адм буџет и пренасочување на парите ѕа социјални програми, со опасна даночна регулатива:smir:
     
  9. rossonerka

    rossonerka too good to be true

    Член од:
    8 октомври 2007
    Мислења:
    6.081
    Допаѓања:
    880
    [FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ПОВЛЕЧЕНИ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ

    [/FONT][FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Одложено породилното за татковците[/FONT]
    [FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Во Министерството за труд и социјална политика велат дека ги повлекле измените на Законот за работни односи зашто во декември приоритет во Собранието имале само измените поврзани со воведувањето на бруто-платата. По празниците ќе се одлучи ко[/FONT]
    [FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Породилното отсуство за татковците нема да почне во јануари годинава, како што беше првично најавено. Во Министерството за труд и социјална политика велат дека ги повлекле измените на Законот за работни односи зашто во декември приоритет во Собранието имале само измените поврзани со воведувањето на бруто-платата.
    "За да се воведе породилно за татковците, потребно е да се направи измена и на Законот за здравствено осигурување. Затоа во декември, кога ги пуштивме измените на Законот за работни односи, одлучивме да одат само оние кои беа поврзани со бруто-платата, зашто тоа беше временски определено со први јануари 2009 година. Да завршат празниците, па ќе се договориме со која динамика ќе ги пуштиме другите измени", велат во Министерството за труд и социјална политика.
    Новите измени ќе овозможат татковците да користат породилно од два месеца. Текстот на Законот веќе бил пуштен на разгледување и кај синдикатите и кај работодавците. Никој од нив немал забелешка за новото родителско право.
    Во Министерството за труд велат дека породилното ќе може да се користи од денот на раѓањето на детето. За тоа време работно место на таткото ќе мирува, а Фондот за здравствено осигурување ќе му исплаќа плата.
    "Не може работодавецот да му го скрати тоа право на таткото ниту, пак, да му рече дека сега имаат многу работа, и да го одложи. Породилното за татковците ќе почне од денот кога ќе се роди бебето. Ние проценивме дека е корисно во првите два месеца таткото да биде дома со новороденчето, за да и се најде на мајката", велат во Министерството за труд.
    Паралелно со породилното за татковци, ќе стартува и продолжување на постојното породилно отсуство за мајките од девет месеци на една година. Мајките, пак, што ќе родат близнаци или повеќе деца истовремено, ќе користат породилно од 15 месеци, наместо како досега една година.
    Досега двајцата родители не можеа истовремено да користат породилно. Таткото имаше право да користи породилно, ако мајката претходно се откажеше од тоа.


    Се се одложува кај нас :uvo:
    [/FONT]
     
  10. marsovka

    marsovka Гостин

    не грижи се има кинези и црнци за увоз колку ти душа сака и слободни во секој момент.
     
  11. Francesco Totti

    Francesco Totti

    Член од:
    11 јули 2011
    Мислења:
    1.469
    Допаѓања:
    1.681
    Дали има некој точни информации за законот за породилно отсуство на мажот во моментов ? Знам дека имаше некој промени сега брзо, со тоа што ме интересира дали му следува на мажот породилно отсуство ако жена му е невработена и колку време?
     

Сподели преку: