Поранешниот премиер на Хрватскa осуден на девет години затвор

Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Санадер осуден на девет години затвор

Поранешниот премиер на Хрватска и лидер на партијата Хрватска демократска заедница (ХДЗ), Иво Санадер, денеска е прогласен за виновен за извлекување пари од државни институции и фирми преку маркентишката агенција „Фими медиа“, по која е наречена и најголемата корупциска афера во хрватската политика, јавува Танјуг.

Санадер е осуден на девет години затвор, а судот го задолжи да ги врати парите.


-----

Според мене со ова Хрватска покажува дека е вистинска европска земја, пораката е дека никој не е недопирлив.
Типот нема ни половина од казната да ја одлежи, за помалку од 5 години ќе го видиме во Европскиот Парламент, во Европскиот Совет или па можеби во Европската Комисија, како мудрува и филозофира за таканаречените европски вредности.

Чисто колку за потсетување, и кај нас во Македонија во 2004 година на гости ни дојде тогашниот британски Министер за Европа, Денис Мекшејн, кој ни мудруваше и филозофираше со неговиот рачен часовник, говорејќи дека ако Македонците излезат да гласаат на референдумот за задржување на старата територијална организација на локалната самоуправа, часовникот ќе се врател назад за Македонија, а ако Македонците гласаат против задржување на старата територијална организација на локалната самоуправа, или уште подобро, ако воопшто не ни излезат да гласаат на референдумот, тогаш часовникот ќе продолжел понатаму за Македонија.

И како што денес е општо познато, референдумот заврши неуспешно бидејќи помалку од 51% од сите граѓани со право на глас излегоа да гласаат, часовникот продолжи понатаму за Македонија, а гледаме што ни донесоа часовникот на Денис Мекшејн и новата територијална организација на локалната самоуправа - уште поголема поделеност по национални и религиски внатрешни граници и јужен сосед кој го блокира членството на Македонија во НАТО и почетокот на преговорите за полноправно членство со ЕУ.

Ете што ни донесоа Денис Мекшејн, неговиот рачен часовник и новата територијална организација на локалната самоуправа.

А каде е Денис Мекшејн денес ?

Па, во моментов е на одмор на сметка на британските даночни обврзници во затвор, осуден на затворска казна од 6 месеци, откако претходно на суд призна дека извршил проневера на финансиски средства.

И за некоја година, ако не и за некој месец, ќе го гледаме повторно како мудрува и филозофира со неговиот рачен часовник.

Па не би било никакво изненадување ако и Иво Санадер го видиме за некој месец или за некоја година да почне да мудрува и филозофира за таканаречените европски вредности, кои судејќи според минатото на повеќемината пратеници во Европскиот Парламент и повеќемината комесари и членови на Европската Комисија и на Европскиот Совет, повеќе се криминални вредности и комунистички вредности, отколку што се праведни и демократски вредности.

Ај па на наша глава :icon_mrgr:
Е што сме згрешиле сега и ние за да дочекаме иста судбина и на наша глава ?

Да кажеш на глава на нашите политичари ќе те разберам, но наша глава е широк поим, внимавај како се изразуваш.
 
Последно уредено:

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Ова му е втора пресуда против него ако не сум нешто јанглаш.Ем 9 години - ем мора да плати 2 милиони евра.Море му се насобраа доста години во затвор.....ништо чудно и да умре таму.Човек кој што е навикнат да живее последните 30 години во луксуз како тој на Јанукович да спадне на балкански затвор.Никогаш нема да биде тој човек веќе.
Иначе и целата партија ХДЗ е осудена и треба да врати 40 милиони куни мислам.Тоа се околу 5 милиони евра.

Сега и Сисачко-мословачката жупанка (која е од СДП) е под истрага.Наводно трошела милиони куни од буџетот за лични прослави.Десетици илјади евра, најскапи шампањци, пршути, најефтн десерт бајадера, вина што ги пие англиската кралица,илјадници евра за музика и простор.....партали правела.
Ја има издадено некоја што работела за нејзе.Интересно таа што е доушникот се презива Јовев.Или е македонка или мажена за македонец.....бар кај нас вака поштени да бевме :D[DOUBLEPOST=1394578958][/DOUBLEPOST]
Типот нема ни половина од казната да ја прележи, за помалку од 5 години ќе го видиме во Европскиот Парламент, во Европскиот Совет или па можеби во Европската Комисија, како мудрува и филозофира за таканаречените европски вредности.

.
Вкупно е осуден на 19 години затвор,а можно е да го чека уште некое судење.Човекот има 61 година....и да одлежи пола од тоа кога ќе стигне да биде на некоја фунцкија бе ? На 70 години ?
Башка што некој треба на избори и да го излгаса,а после ова попрво ќе го спалат на плоштад од колку да го изберат
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Вкупно е осуден на 19 години затвор,а можно е да го чека уште некое судење.Човекот има 61 година....и да одлежи пола од тоа кога ќе стигне да биде на некоја фунцкија бе ? На 70 години ?
Башка што некој треба на избори и да го излгаса,а после ова попрво ќе го спалат на плоштад од колку да го изберат
Парите железни врати отвораат, а особено парите на евробирократите во последно време очигледно се способни да ги отворат речиси сите врати.

А кога сме кај тоа дека треба да го изберат на избори, тоа важи само ако се кандидира на парламентарни избори за пратеничко место во хрватскиот Парламент или во Европскиот Парламент.

Членовите на Европската Комисија и на Европскиот Совет од друга страна, не се избираат на непосредни избори, туку се назначени од страна на евробирократите, а биди сигурен дека и Иво Санадер има свои ангели чувари кои ќе се заложат за него и додека да трепнеш, ќе го видиш не само како слободен човек, туку и како еврокомесар кој ќе мудрува и ќе филозофира за таканаречените европски вредности. Па можеби ќе ни доаѓа на гости во Скопје како еврокомесар за проширување кој ќе не потсетува дека мораме да го решиме спорот околу името со Грција.

Делува невозможно, па дури и глупаво по малку, но на крајот на краиштата, светот стигна до денешново дереџе бидејќи го водат глупави луѓе, а не паметни, па затоа и последиците не се неочекувани.
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Во Хрватска со закон е забрането тамошната Топлификација да наплатува од исклучените
Нема ниту дивеење со пајаци - Тамошниот Уставен суд ги укина одредбите пајаците да дигаат кај ќе им текне
Но зонско сеуште има
Незнам точно како е, но и според оваа пресуда изгледа се поарни од нас
 

fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
256
Малку. Нашиве појќе имаат украдено.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom