Ништо не е тоа. Јас редовно добивам најразлични предлози од Нигерија, Брегот на Слоновата Коска, Руанда, Бурунди, Израел, Сирија, како и од други држави. Многумина од нив чуле за мене, за тоа колку сум чесен, дека важам за човек од доверба, единствен кој ќе им помогне тешките милиони долари некако да бидат префрлени на мојата сметка. Секогаш е убаво да се открие дека и во овие далечни земји слушнале нешто добро за мене.
Наградата за ваквата финансиска трансакција, во зависност од постигнатиот договор, обично изнесува од 20 до 50% проценти, па ако вкупниот износ е 10 милиони долари, очекувајте од 2 до 5 милиони долари.
Ич да не му се мислите. Не чекајте некој друг да ви ја грабне оваа шанса, па да морате да чекате недела или две на некоја друга. Веднаш споделете ги вашите банкарски податоци. Отидете лично во банка за да се осигурате дали се', ама баш се' им е достапно на вашите нови дарежливи пријатели.
Потоа чекајте, спокојно трајте си, пијте си кафе, азното само ќе си дојде.
Понекогаш ќе наидете на коментари дека се' тоа е некаква измама, превара и слично. Тоа е само сељачка завидливост и поквареност, на оние што не биле избрани.