Порака од Нигерија

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
Незнам дали се сеќавате пред неколку години што го кажуваа по телевизии еден овчар од Прилеп од Мариовските села, што наседнал на таа финта.

Му пишал на фејсбук некој од афричките земји да уплати 5.000 евра за да (не)успее милионската трансакција...

И типов 100 и кусур овци ги продал за испод цена (5.000 евра, ама сто и кусур овци чинат некаде 9.000 - 9.500 евра.

Ги продал сите овци и одма на африканецот му уплатил 5.000 евра на сметка...

Се сетил после што е работата, ама веќе касно било...

Доколку знаете дека некој наш наседнал на таа финта пишете! Незнам дали во нашава земја некои други да наседнале на таа финта...
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
Грујо е крив. Он го направи тоа компјутер за секој сељак.
Абе ко ќе видиш компјутерот и интернетот колку што имаат позитивни страни толку имаат и негативни...

Порано на времето секаде во светот до пред едно 30-50 години (добро немало секаде компјутери, мобилни и интернет), ама вакви слични работи некој да ти направи финансиска малверзација/превара да те закрпи со пари или да се обидува да те закрпи тоа било ептен реткост...

Хипотетичка ситуација: Денес и интернет и компјутери и мобилни да немаме пак некој на некого ќе зафркни со такви превари. Ете такви се направија денешниве (де)генерации...
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.707
Поени од реакции
6.824
Мислам дека баеги наседнале, ама им е срам да кажат.
Знам еден случај, исто нигериска измама, пред 20-тина години, требаа да дадат пари за хемикалија која ги чисти парите од некаква боја. Дури имаа средба во Шпанија, каде им се демонстрираше дејството. Се уверија и, си платија...
Исто, има доста измами преку сајтот mobile.de. Се нуди автомобил по многу поволна цена, треба да си глуп да не го купиш, ама , бидејќи сопственикот е на пат, бара да му се уплати капар преку Western Union, за да ја резервира колата. Многу овде наседнаа на тоа
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.814
Грујо е крив. Он го направи тоа компјутер за секој сељак.
Кога почнаа тука тие ствари, со нигеријски принцови, он глумеше боксер по претстави.
(сум го гледал, у Универзална на Буре Барут)
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
Мислам дека баеги наседнале, ама им е срам да кажат.
Знам еден случај, исто нигериска измама, пред 20-тина години, требаа да дадат пари за хемикалија која ги чисти парите од некаква боја. Дури имаа средба во Шпанија, каде им се демонстрираше дејството. Се уверија и, си платија...
Исто, има доста измами преку сајтот mobile.de. Се нуди автомобил по многу поволна цена, треба да си глуп да не го купиш, ама , бидејќи сопственикот е на пат, бара да му се уплати капар преку Western Union, за да ја резервира колата. Многу овде наседнаа на тоа
E добро за такви измами во Германија, ништо не се превзема со потерница за тие луѓе? Таму тоа не се рачуна за кривично дело?
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.707
Поени од реакции
6.824
Не. Парите се префрлаа преку Western Union и измамените не можеа да добијат информација кој ги подигнал. Еве слично:
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
Не. Парите се префрлаа преку Western Union и измамените не можеа да добијат информација кој ги подигнал. Еве слично:
Како не може да се добие информација кој ги подигнал парите? Ами ко ќе уплаќаш сума на трансакциона на некого треба и името и презимето да го кажеш...

Па и да не кажеш име и презиме по трансакционата сметка не може ли да се открие на кого си ги префрлил парите?
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.707
Поени од реакции
6.824
Како не може да се добие информација кој ги подигнал парите? Ами ко ќе уплаќаш сума на трансакциона на некого треба и името и презимето да го кажеш...

Па и да не кажеш име и презиме по трансакционата сметка не може ли да се открие на кого си ги префрлил парите?
Заптија, сакаш верувај, сакаш не. Ова се случувало, не знам за сега. Прогуглај, ќе најдеш повеќе.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
Заптија, сакаш верувај, сакаш не. Ова се случувало, не знам за сега. Прогуглај, ќе најдеш повеќе.
Е кога ќе видиш секој човек Германија ја рачуна за земја што се си функционира и со строги закони, ама не била баш таква Германија како ние што ја мислиме... Значи и таа била земја на правење превари...
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.707
Поени од реакции
6.824
Е кога ќе видиш секој човек Германија ја рачуна за земја што се си функционира и со строги закони, ама не била баш таква Германија како ние што ја мислиме... Значи и таа била земја на правење превари...
Не беше Германија. Измамникот во преписките кажува дека е на пат, во Англија, а автомобилот му е во Германија. Бара во Англија да му се пратат парите за капар, а остатокот, кога ќе се видат, во Германија. Тогаш (не знам како е сега), кога праќаш пари некому преку Western Union, добиваш код. Тој код треба да го знае тој што ги подига парите и, тоа беше доволно, не му се бара лична карта. Во преписките, за да биде поубедливо, "учествуваше" и mobile.de, со некоја слична адреса (мислам дека тоа се нарекуваше Phishing), демек, потврдува дека сѐ е во ред
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.062
Тогаш (не знам како е сега), кога праќаш пари некому преку Western Union, добиваш код. Тој код треба да го знае тој што ги подига парите и, тоа беше доволно, не му се бара лична карта.
Исто е уште, и преку MoneyGram е така. Код и град каде да бидат исплатени :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom