Нека овој дом ве зближува, ви пружа заштита и безбедност....бла бла...
Нешто смисли...со позитивни зборови како радост/среќа/пари/поколенија итн итн...
Се шалам, пиши многу радости, среќа, убави моменти, само за арно за убаво да се собираат во новиот дом, па за деца да им доаѓате, свадби, матурски, дипломски и така натака и така навака
ако е млад брачен пар без деца може нешто ко:
деца нека ви ги исполнат собите џр мр
а ако има деца
внуци нека ви ги исполнат собите...среќа меѓу топли ѕидови или сл:baeh:
Еве една добра порака од мене, oнака типична за Македонскиот напатен народ:
Ви посакувам кредитот за станот да го отплатите што е можно побрзо, како би избегнале да им ја одземат куќата на вашите родители кои ја ставија под хипотека за да ви го обезбедат станот иако не ви кажаа за тоа за да не се секирате.
Нека, новиот дом ви донесе многу среќни моменти, тишината постојано да ја нарушува џагорот на вашите деца и нека постојано ве следи спокојството и мирот кои ќе ви бидат неопходни вам и на вашите најблиски кои живеат и ќе живеат под овој покрив.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.