Попушти потпорен ѕид на Водно, граѓаните се евакуираат

Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880
Не можам да сфатам колку лесно луѓево ги фрлаат парите! Не знам дали нешто мислат кога купуваат стан. Па, за бандажите повеќе се интересираат, отколку за квалитететот на станот во кој треба да живеат. Зградите во Скопје се изградија пребрзо и нестручно. Нема никакви проценувања на теренот каде треба да се гради, ниту се почитуваат правилата за градење.

Господ нека им е на помош на станарите во новите згради!
Јас мислам дека новите згради се стабилни , ако на тоа мислеше , барем за Скопје.

Но имаат низок квалитет во внатрешноста , тоа тенките меѓустанбени ѕидови што несмееш да прднеш на раат , струјата , водоводот и другите “ситници“.
Гледаат набрзина да ги завршат и што повише пари да им останат.
 
H

HITCH

Гостин

Воопшто не се стабилни! Скопје е трусно подрачје, еден потрес и ќе се распаднат `ко кула од карти. Секој стан кога се продава на купувачите треба да им се каже кои материали се користени, ако не разбираат треба продавачот да им објасни. Местото на кое градат треба да биде суво, на пример новите станови во Ново Лисиче кај Рамстор и оние карши Лазо Ангеловски се за никаде! Местото беше мочуриште, не го исушија, па ново изградените згради почнаа да тонат. Внатрешниот „квалитет“ е друга работа. Знаеш зошто прават станови во Аеродром? Поскап е квадратот, а материалот кој го вложуваат е ист. Немаш поим која пара ја млатат. Изградба на еден стан нека кошта околу 450 евра квадрат, во Аеродром немаш продажба на нов стан под 900 евра за квадрат (секогаш се оди дупло од реалната цена). Поради квалитетот старите станови си држат поголема цена.

Новите градби се со слаби столбови, неквалитетен бетон, неквалитетна арматура, лоша, да не речам никаква изолација, лошо спроведена струја, вода, греење и без никаква инфраструктура, излези на тераса и на 2 метри ти е терасата од комшијата од друга зграда... За неколку години надворешните ѕидови ќе почнат да пукаат од преоптоварување. Знаеш што значи пукање на надворешен ѕид на објект? У ж а с! Се плашам дека доколку не престане градежниов хаос ќе има жртви.

Градежните фирми кои сега градат во Скопје се на нашите политичари. Стручните лица: архитекти, инжинери и изведувачи, ако воопшто ги има, служат само како декор, обичните мајстори, `рмбаат на +50 степени, а тие го собираат кајмакот. Тоа е нашата реалност.

П.С. Еве проста математика: една зграда нека има 5 спрата со 3 стана на спрат. Тие станови нека бидат по 65 квадрати, ќе добиеш 195 квадрати на спрат. Квадратурата на зграда од 5 спрата ќе испадне 975 квадрати. Сега помножија квадратурата со реалната цена на становите од 450 евра - зградата ќе кошта околу 440 илјади евра. Толку кошта изградбата, а толку кошта и заработката, плус местото за паркинг. Морам да напоменам дека цената на квадратот зависи од местоположбата. Значи заработката е 440 илјади евра најмалку!
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Ееее водно е токму тоа што името ни нагласува Водно=Водено, мокро. Штом е мокро тоа значи дека има лизгава земја, а бидејки зградите се правени без стандарди, од страна на урбана мафија, се знае кој ке биде исходот во случај на пролизгување на земјиште или земјотрес.
 
Член од
1 септември 2011
Мислења
177
Поени од реакции
113
Среќа што нема жртви...само така е кога сега има милион градежни фирми кои врска немаат, и проектанти исто така а инвеститори милион...
што не се сруши нешто маврово, бетон, гранит што направиле?
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Најубаво некој што живее таму да ни каже,од прва рака
Тие што живеат СЕДАТ ТАМУ -НЕ СЕДАТ НА КАЈГАНА
--- надополнето: Jul 11, 2012 4:59 AM ---
Среќа што нема жртви...само така е кога сега има милион градежни фирми кои врска немаат, и проектанти исто така а инвеститори милион...
што не се сруши нешто маврово, бетон, гранит што направиле?
Кој ја правеше на времето Стоковна куќа Мост (сигурно не Паланчани на диво).Тогаш и немаше мали фирми(1972 - 1973)
Предната тераса многу масивна беше со голем „канал„ за цвеќиња.
Кога ги тргнаа гредите веднаш се прекрши,и така ја оставија-падната.
Абдали,не ставиле арматура(како и во овој случај) туки тел за чател.
--- надополнето: Jul 11, 2012 5:32 AM ---
Ееее водно е токму тоа што името ни нагласува Водно=Водено, мокро. Штом е мокро тоа значи дека има лизгава земја, а бидејки зградите се правени без стандарди, од страна на урбана мафија, се знае кој ке биде исходот во случај на пролизгување на земјиште или земјотрес.
Скопје 1963 ноќта помеѓу 4 и 5 октомври.
Место: шаторската населба на Водно (некогашна Панорама)
Население: 4000 жители.2ооо од разурнатиот град.и 2000 спасувачи.
Луѓето ( и јас) посебно ќе ја паметиме оваа ноќ,3 месеци по земјотресот.
Таа беше најстрашна ноќ после катастрофата.
Дожд врнеше,непрекинато проследен со силен студен ветер и грмежи.
Водата влезе во шаторите и ги навлажни и постелите,иако ние бевме качени на двоспратните железни кревети.
Луѓето ноќта ја поминаа на нозе,или во борба со водената стихија.
Некои шатори летаа во воздух,а некои пливаа во водата.
И земјотресите таа моќ беа посилни.
Толкав дожд,таков немало од тогаш до сега.
Во Скопје имаше 27 шаторски логори-населби-повеќето настрадаа.
Настрадаа и некој куќи и згради во градот-се урнаа.
Најповеќе настрада шаторската населба „Парк“ - 10.ооо жители.
........................................
Деца,пазите што правите ,не сте виделе и доживеале Рушење.
Во Скопје ќе се градат станови се додека има кој да ги купува,
парите од тутунот,френките и бостанот одат во нечии џебови
неколку години црнчење на нивјено,за еден скапан кафез во Скопје
и потоа ќе сонуваме Јас сум од Скопје.И ќе кажуваме на овдешните.
Сум платил бре,скопјанец сум и ќе се гушам-живеам тука.
ДОДЕКА НЕ МИ ПАДНЕ ЗГРАДАТА -
..........................................
од дедо толку, па сега вие си знаете
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
Експерти од Градежен факултет ќе ги утврдуваат причините за пукање на ѕидот на Водно

Причините за пукањето на потпорниот ѕид во скопската населба Водно и дали постои опасност од лизгање на земјиштето, ќе ги утврди експертска екипа од Градежниот факултет во Скопје.

Ова вечерва за Макфакс го изјави портпаролот на Центарот за управување со кризи Надица Вчкова, најавувајќи повеќе информации за во среда.
Таа информираше дека дошло до пукање на потпорни ѕидови на улицата Салвадор Аљенде, поради што е евакуирано населението од соседните згради.
„Се работи за пукање на ѕид од 15 метри висина и 50 метри должина, наши екипи се на терен и се проценува ситуацијата“, рече Вчкова.
Таа наведе дека населението во соседните згради било навремено евакуирано и дека нема повредени.

„Во моментот се утврдуваат материјалните штети, а на местото е излезена и противпожарна екипа“, изјави Вчкова.
Потпорниот ѕид напукна во близина на две помали новоизградени згради.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Многу тенко тоа зидчето.Џабе се јаде бурек, нема шанси во корумпирана држава како МКД, да се спречи изградба на атрактивно земјиште.Како тргнало, до крстот ќе се качат.

Опасност од свлечиште на Водно, распука и соседниот ѕид на улица Салвадор Аљенде.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
нема шанси во корумпирана држава како МКД, да се спречи изградба на атрактивно земјиште.
Нема врска Државата со ова... Колку што знам сите тие зградишта се дивоградби и ниедна нема одобреније за градба
Погледни какви се тие „ потпорни ѕидови “ тие ни сами себе не можат да се држат, а не кубици земја да држат... Се си мислам дека воопшто немало свлекување на земјиштето туку само ѕидовите паднале... Ќе видиме што ќе кажат од Градежен.
--- надополнето: 11 јули 2012 во 17:33 ---
Најдов вест на Сител... Изјава на Директорот на ИЗИС кој мисли дека ѕидот паднал од преоптоварување
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/opshtina-centar-ne-se-znaat-prichinite-za-urivanjeto-na-dzidot
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Пробувам од сите аспекти да ги сфатам луѓето кои се вселуваат во такви згради, ама од каде и да фатам ми се наметнува истиот заклучок - кој ги ебе, памет за друг пат.
--- надополнето: 11 јули 2012 во 19:04 ---

Сами паѓаат луѓе од точак друже, ѕидови не. Посебно не потпорните, кои најчесто имаат L форма.
 
М

Мартин`

Гостин
Овластениот градежен инспектор од општина Центар, Милан Пижула на денешната прес-конференција информира дека вчера со градоначалникот Владимир Тодоровиќ излегле на терен и констатирале оти има пукнатини и оштетувања на потпорниот ѕид, зад зградите.

Која пукнатина бе ропаци ова цел ѕид паднал они кажуваат пукнатина :facepalm:
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Многу тенко тоа зидчето.Џабе се јаде бурек, нема шанси во корумпирана држава како МКД, да се спречи изградба на атрактивно земјиште.Како тргнало, до крстот ќе се качат.

Опасност од свлечиште на Водно, распука и соседниот ѕид на улица Салвадор Аљенде.
Нема врска Државата со ова... Колку што знам сите тие зградишта се дивоградби и ниедна нема одобреније за градба
Погледни какви се тие „ потпорни ѕидови “ тие ни сами себе не можат да се држат, а не кубици земја да држат... Се си мислам дека воопшто немало свлекување на земјиштето туку само ѕидовите паднале... Ќе видиме што ќе кажат од Градежен.
Најдов вест на Сител... Изјава на Директорот на ИЗИС кој мисли дека ѕидот паднал од преоптоварување
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/opshtina-centar-ne-se-znaat-prichinite-za-urivanjeto-na-dzidot
Вчера некаде околу 10:00 часот имало мал земјотрес во Скопје, па викаат дека заради тоа попуштил. Пропустот кај ѕидот е тоа што е употребено малку арматура.. Иначе луѓето од двете згради се иселени и моментално со камиони се носело земја, изгледа во план да се гради нов потпорен ѕид. Иначе ризични се зградите кој се градат над тоа кој биле високи и по 7 ката т.е. голем комплекс на згради. Значи на местото моментално се работи. :P Повеќе информации понатаму!
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Овластениот градежен инспектор од општина Центар, Милан Пижула на денешната прес-конференција информира дека вчера со градоначалникот Владимир Тодоровиќ излегле на терен и констатирале оти има пукнатини и оштетувања на потпорниот ѕид, зад зградите.

Која пукнатина бе ропаци ова цел ѕид паднал они кажуваат пукнатина :facepalm:
Па они земале парички за да им издадат дозволи за градење сигурно нема да си признаат дека нелегално биле издадени дозволите, само што тоа е јавна тајна и како што гледам никој не го занима тоа, не се буни и сл. Пред се граѓаните на нас. Црниче и тука над Државна болница треба да се бунат, пошто ако земјиште се излизга тоа ке се лизга до доле до медицинско средно, сигурно нема неколку метра да се лизга, бидејки има голем притисок од зградите. Не знам, само им посакувам среќа и здраје на тие што живеат на Водно, а ги жалам само староседелците. Сите нови кои купија станови на Водно ако им е, нека се тепаат пак да купат за да бидат нели дел од "елитата".
Ехе колку само има што продале ниви земјиште илио рмбале цел живот за да купат стан ама морало тоа баш на водно да биде. Тоа ти е кога не се размислува, сега ке спијат на јајца од страв, во зградите.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Пробувам од сите аспекти да ги сфатам луѓето кои се вселуваат во такви згради, ама од каде и да фатам ми се наметнува истиот заклучок - кој ги ебе, памет за друг пат.
--- надополнето: 11 јули 2012 во 19:04 ---

Сами паѓаат луѓе од точак друже, ѕидови не. Посебно не потпорните, кои најчесто имаат L форма.
Овој ѕид не ни личи на потпрен ѕид, Ставив како изгледаат потпорни ѕидови погледни пост # 32.
Инаку те сваќам за ова „ кои луѓе се вселуваат,,,, “ и јас се чудам, Тамо нема ниту дуќани, ниту улици.... воопшто не личи на град. Само со кола можеш да одиш...Ако одиш пешки - јазикот до земја, зошто купуваат станови таму ...?
Во Дневник има опширен напис за ѕидот:
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=243357E94CEC014882650C2D2071869C
 
Kajgana Shop

На врв Bottom