Попусти само за на излог

S

Stef Bachatero

Гостин
Да заработат дур не отвори големиов мол.Ќе видат каква конкуренција ќе направи.Само платите на обичните работници се 15000 а бидејќи Кауфланд работи на големо цените ќе бидат пониски.Штета што нема лојална конкуренција во тој сектор.
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.920
Поени од реакции
4.366
^Според мене попусти даваат бидејќи ја исполниле нормата која што ја имале зацртано, пример ако еден пар патики чини 4000 денари, од 20 пара продале 12 и да речеме целта ја достигнале, профит од 300-400 евра од таа роба и останатите 8 ќе ги продаваат по пониска цена што значи дека тоа им е плус добивка.
 
S

Sagan

Гостин
^Според мене попусти даваат бидејќи ја исполниле нормата која што ја имале зацртано, пример ако еден пар патики чини 4000 денари, од 20 пара продале 12 и да речеме целта ја достигнале, профит од 300-400 евра од таа роба и останатите 8 ќе ги продаваат по пониска цена што значи дека тоа им е плус добивка.
За едно ѕвере како директор на фирма со бутици нема норма што некој може да ја исолни у продажба. Trust me. Попустите се даваат кога сезоната е при крај, а залихата у магацин огромна. Неќат да ризикуваат иста роба да продаваат следна сезона, пошто „друго ќе било у мода“.
 
Член од
13 февруари 2008
Мислења
231
Поени од реакции
160
цена на фармерки на попуст 1900 денари, тоа само кај нас се случува. Во странство 30 евра за парче облека не е попуст, тоа е редовна цена. Кај нив цените паѓаат и до 8, 9 евра. Можам да кажам дека нашите трговци не знаат да бидат трговци и не сфаќаат и незнам кога ќе сфатат како се привлекува муштерии. И во странство нормално цените се високи, не викам не, но кога доаѓа сезона на распродажба, тогаш стварно зборот распродажба доаѓа до израз.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Истото го прават и во Орка намерно ги зголемат цените на патиките и после ја стават реалната цена и демек е попуст.
Ова го има и на Бит Пазар на кутијата на една ташна пишуваше попуст од 850 на 550 ден и тамн извадивме пари да ја купиме тој штрумфот виде дека сме Македонци и вика: а не таа е 850 и му викам епа гледај надвор е кај оние од 550 ден, а он ааа не не, добро ај чао.
Некои пак ставиле тотална распродажба и јас идам кај тренерките, а одамна знам дека се 3000 ден и викам може ги поефтиниле и продавачката вика а не распродажбата не важи за нив.

Во Штип купив капут црн на 50% попуст за 1500 ден, два пати купувам фармерки за 550 ден и се исти како оние што ги имам земено од Скопје од ГТЦ за 2500 ден. Важно да се каже дека се од таму и дека се скапи иако ми избелеа после 5-то перење како да сум ги носел 5 години.
Кој профит го имаат тоа е чудо. :cenzura:

Има многу продавници кај кои имам приметено дека едни исти фармерки и патики ги има веќе 3 години и ги даваат по иста цена како оние другите. Фармерките обично им се на средина ставени помеѓу новите модели. Они мислат не паметам кои модели ги имале. :sneaky:

Многу ме нервира тоа што сите бутици зимаат од Солун и пазарите во Турција и во ГТЦ ги продаваат по многу поголема цена демек се поквалитетни, а во помалите градови истите ги има за пола цена.

Еден шал во Кара беше 700 ден и викам сигурно нема да се продаде до другата недела додека да земам плата. Си идам во Штип после два дена шетање низ чаршија истиот го гледам во еден бутик ставен на кукла за 250 ден кои најверојатно од Турција го зеле по набавна цена 150 ден. :eek:
И ако не го продадат на крај на зимото ќе стават попуст од 500 ден на 250 ден.

Ја имаат силата каква цена и одговара таква ќе си стават, никој не не моли да купуваме од кај нив. Еве го Солун за 1000 ден повратна карта преку агенција и за еден ден идеш си купиш кога има попуст. Со 200 евра ќе се дотераш комплет а тука затоа би потрошил 500 евра.
 
Член од
30 јануари 2010
Мислења
468
Поени од реакции
573
Затоа пријави и нека дојде инспекција, па нека си тераат они таа работа.. Во понормална држава може и оштета да извадиш, ама тоа е тоа..
Оштета поради духовната болка заради неможноста да се купат посакуваните патики.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Не тоа значи дека ОРКО е волшебник и волшебно ја намалува цената на производите пошто мисли за сиромашните и тие да носат ефтина патика. И секогаш дава попуст со што свесно оди во минус уствари едната патика ти ја плаќаш а другата Орце ти ја подарува.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.280
Поени од реакции
561
Истото го прават и во Орка намерно ги зголемат цените на патиките и после ја стават реалната цена и демек е попуст.
истото го заприметив кога имаа патики Фила ... патиките беа 3200, после една недела гледам 50% попуст и одам и таму напишале цена на патикива 5600, со попуст 2800 ...:mad:
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Во Орка имаше и патики намалени од 3500 на 1300. :pos:
Гледам има 30% попуст во Спортисимо од 4500 на 3000, изгледа и овие матат нешто. :pos:
Инаку имам видено пума патики во метрото во Бугарија за 25 евра, а кај нас истите се 50-60 евра.
Истите измами ги прават и во Шатце кога имаат 40-50% попуст на некои парфеми.
574692_344394095646741_1707454453_n.jpg
Акција со ПОПУСТ -40% на Davidoff COOL WATER (woman) 100ml во Schatze Parfimerii - намалување од 4090 на 2450 денари!
Одлична акција со супер ПОПУСТ од 30% на Versace Woman!
* 30ml - намалување од 2140 на 1500 денари;
* 50ml - намaлување од 3365 на 2355 денари;
* 100ml - намалување од 4640 на 3250 денари.

Davidoff Champion Energy!

* 90ml - намалување од 4290 на 2575 денари!
* 50ml - намалување од 3290 на 1975 денари!
* 30ml - намалување од 2420 на 1450 денари!
Ајде женски трчајте :)
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.536
Поени од реакции
2.222
Ова ме потсети на две реклами!
Скопје, рамстор втор спрат: од кога памтам стои натпис: Апсолутна ликвидација :)
Второ, новина спорт, рекламираат продавница за дресови и стои: најново, попуст и до 30% (ова стои повеќе од 5 години)
трагедија:vozbud:
 

iggo_s

.. sangre blanca en mis venas!
Член од
30 јуни 2009
Мислења
1.389
Поени од реакции
1.077
Отсега преку OnMapp можете да ги пронајдете сите промоции и попусти околу вас, на едно место!

OnMapp е бесплатна Андроид мобилна апликација која има за цел да ги спои купувачите и трговците (кафетерии, ресторани, хотели, продавници и услужни компании) преку систем на промотивна продажба. Мобилната апликација ја одредува моменталната позиција на купувачот и прикажува листа на трговци кои имаат промоција/попуст, од најблиските кон подалечните, односно секогаш кога купувачот е во близина на фирмата која има промоција на некој производ или услуга, промоцијата ќе биде прикажана прва на листата.

За дополнителни прашања и информации, кликнете ТУКА и ќе бидете пренасочени во посебна тема за апликацијата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom