Поправка на тастерот за подигање на стакла

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Имав проблем со тастерот за отварање/затварање на прозор (некогаш функционираше -едвај стискајки го со сета сила, на крај потполно откажа).

Се одлучив самиот да го поправам, бидејќи се работи за доста ретка кола и не можев да најдам соодветен од некоја растурена кола или пак нов.

Доколку имате ваков проблем решението е едноставно и целосно успешно.

Се што ви е потребно е секако барем основно познавање на електроника и секако работа со леткум. Потребен ви е леткум (по можност леткум станица со подесување на температура), секако калај, вакум пумпичка, мал прав штрафцигер, пожелна е пинцета и шмиргла (мокра).

Извадете го проблематичниот тастер од тастатура (конектор од инсталација и пластики во кола) и дома на работа (целиот процес трае околу половина час).

Внимателно одлемете ги пиновите од плочката (употребувајки леткум и вакум пумпа) и извадете ја за да го ослободите тастерот за понатамошно расклопување.




Откако плочката е на страна со прав штрафцигер внимателно откачете ги пластичните жлебови и отворете го тастерот




Можете да приметите бакарни полуги со контактни папучи. Се работи за четри контакти од лево и четри од десно (спуштање, подигање).


Внимателно повлечете ја полугата кон вас со тоа што ќе ја ослободите за да можете да пристапите до сите контакти.

Можете да приметите дека е настаната оксидација на бакарните контакти која што е и причината за лош контакт.

Употребете мокра шмиргла и изшмирглајте ги овие контакти се додека не добиете чиста основа.


Вратете ги полугите на место и склопете го тастерот. Останува уште само да се залеми плочката. Поставете ја во правилна позиција и проверете дали е убаво легната на пластиката.

Залемете и тоа е се.


Се надевам дека со споделувањето на моето искуство ќе помогнам на некого.
 

SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
А ако е скината сајлата? :)
 

SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Имам, непријатно. Немаше дел, одвај најдов. Држачот што стои под стаклото и што го крева горе-долу. Цело стакло падна во вратата, морав со штрафцигер да го фатам, како порано на заставите :) И ако не ја намоташ сајлата на макарата правилно, ќе кочи и ќе крцка при кревање-спуштање
 

Kajgana Shop

На врв Bottom