Попис 2021

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Па не знаат тоа ти викам.
Може да доаѓам само на кратко и да заминувам, може да ми е стан за со швалерката и тн.
Како може рандом лик од улица да каже колку луѓе живеат во одреден објект?
ОК, очигледно не се разбираме, или намерно ги извртуваш муабетите за да испаднеш дека си во право.

Никаде не спомнавме РАНДОМ ЛИК ОД УЛИЦА, туку ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТ НА СТАНАРИ кој законски треба да го има, и во повеќето случаи го има, и кој има податок КОЛКУ ДОМАЌИНСТВА живеат во зградата, зашто за број на ДОМАЌИНСТВА зборувавме, не за број на ЛУЃЕ. И да нема претседател на Совет на станари, сигурно има некоја Милева во зградата, која ќе им каже: "не знам тој дечкото дали живее таму, ама го гледам доаѓа повремено со една жена, сигурно му е швалерка."

Јас се откажувам од муабетот, ете ВО ПРАВО СИ. ;)
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.598
Поени од реакции
5.102
Не може да сме само 1 600 000 тука, ако сме само 1 600 000 и се земе дека некој 15-20% се деца, тогаш на избори имаме излезност од 80%+ или СДС-ДПНЕ-ДУИ прават изборна измама од барем 250 000 гласови.

ДУИ + СДС + ДПНЕ вообичаено имаат заедно по некој 700 000 - 800 000 гласови, значи околу 1/3 од нивните гласови се лажни. Тоа е измама од епски пропорции. Во Африка толкави измами мислам дека не се прават.
Мн ти е лоша математикава. Од 1.600.000 полнолетни се 1.400.000. На последни избори гласале 940.000 луѓе. Што има тука чудно.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.664
Поени од реакции
12.060
Дај скриншот од мапата во апликацијата.
Дали има некаде портал да пристапиме и да провериме дали сме попишани (иако не поминале)?

П.С како ги обележува зградите дали се попишани или не?
Од она што го гледав кај комшијата попишувач, мапите се ортофото. Имаат точки за секој објект за живеење (куќа, зграда). За зграда, доколку има 2 влезам мислам дека имаше 2 точки, популарно наречени центроиди. Кликна на точката, има тековна адреса која може да ја смени ако не е точна. И понатаму кога ќе отвори дека е зграда, само становите и фамилиите ги попишува. Кога ќе ги испопише, точката од жолта ја прави сина, дека е завршен попис во таа зграда. исто и за куќа. Ако нема некоја куќа (меѓувреме изградена/пуштена во употреба), а нема центроид, додава точка врз куќата и му се отвора стандард за зграда (зграда-објект каде се живее, бе разлика дали е од 4 спрата или куќа, тоа е по методологија), домаќинство и лица прашања.
На овој начин, знаеме дека и катастар е приличен хаос, ако се попишат сите единици, ќе даде дури пореална слика од катастарот. На хартија беше поинаку.
Имав прилика да го гледам цело време додека ни ги попишуваше становите па лесно влегов у шема. Можев и ја да попишувам, многу е лесна апликацијата :)
Постојат machine learning алгоритми кои препознаваат дали е кола/објект/дрво, но не добиваш инфо и колку станови имаш внатре.
има прашање за зграда на колку ката е. Ако пишеш 4, ти ги бара податоците за сите 4 спрата. За број на станови сепак треба да се внесат реално (што за попишувачот се плус пари секој стан) оти негде има по 3 на спрат, негде по 4.
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
763
Поени од реакции
1.017
Ке испадне 1м жители има скопје, останатите, 800, 900к во провинција. Селата преполовени, други села скрос изумрени.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Она што загрижува, според експертите е и тоа што овој попис нема никакви контролни механизми, не се бараат документи, трети лица даваат податоци за отсутните, нема никаков механизам за контрола на опфатот и квалитетот т.е. точноста на податоците, во законот нема постпописно истражување кое во сите пописи е инструмент за контрола на точноста и опфатот.
15 години поминаа во таа дискусија и “експертите“ сеуште мешаат попис со избирачки список.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
ОК, очигледно не се разбираме, или намерно ги извртуваш муабетите за да испаднеш дека си во право.

Никаде не спомнавме РАНДОМ ЛИК ОД УЛИЦА, туку ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТ НА СТАНАРИ кој законски треба да го има, и во повеќето случаи го има, и кој има податок КОЛКУ ДОМАЌИНСТВА живеат во зградата, зашто за број на ДОМАЌИНСТВА зборувавме, не за број на ЛУЃЕ. И да нема претседател на Совет на станари, сигурно има некоја Милева во зградата, која ќе им каже: "не знам тој дечкото дали живее таму, ама го гледам доаѓа повремено со една жена, сигурно му е швалерка."

Јас се откажувам од муабетот, ете ВО ПРАВО СИ. ;)
Напротив, не пробувам да ти покажам дека сум во право, туку пробувам да те натерам да размислиш самиот дали има простор за манипулација.
Претседател на станари е исто рандом лик кој нема појма кој живее и како живее. Најголем процент од становите се издаваат под кирија со кеш на рака, а сметките си ги плаќа газдата. Од ова, следува дека дури и да има управител или заедница на станари, нема да знаат кој точно живее и колку луѓе живеат баш во тој влез.
Попис не се прави врз база на радио милева, туку на факти.

Проблемот лежи малку поназад, а тоа е прво: промена на живеалиште + сивата економија.
Моментот кога ќе се донесат закони кои: ќе го олеснат променувањето на живеалиште односно ќе немаш потреба да менуваш лична карта и комплет документи ако смениш адреса, и моментот кога ќе почнат да се замараат со втората/третата и тн. недвижности на секое СЕМЕЈСТВО (не поединец) ќе имаме далеку поточни податоци.

Од она што го гледав кај комшијата попишувач, мапите се ортофото. Имаат точки за секој објект за живеење (куќа, зграда). За зграда, доколку има 2 влезам мислам дека имаше 2 точки, популарно наречени центроиди. Кликна на точката, има тековна адреса која може да ја смени ако не е точна. И понатаму кога ќе отвори дека е зграда, само становите и фамилиите ги попишува. Кога ќе ги испопише, точката од жолта ја прави сина, дека е завршен попис во таа зграда. исто и за куќа. Ако нема некоја куќа (меѓувреме изградена/пуштена во употреба), а нема центроид, додава точка врз куќата и му се отвора стандард за зграда (зграда-објект каде се живее, бе разлика дали е од 4 спрата или куќа, тоа е по методологија), домаќинство и лица прашања.
На овој начин, знаеме дека и катастар е приличен хаос, ако се попишат сите единици, ќе даде дури пореална слика од катастарот. На хартија беше поинаку.
Имав прилика да го гледам цело време додека ни ги попишуваше становите па лесно влегов у шема. Можев и ја да попишувам, многу е лесна апликацијата :)
има прашање за зграда на колку ката е. Ако пишеш 4, ти ги бара податоците за сите 4 спрата. За број на станови сепак треба да се внесат реално (што за попишувачот се плус пари секој стан) оти негде има по 3 на спрат, негде по 4.
Како ќе ја смени адресата ако во истиот влез има лични карти кои се водат на различна адреса?
Еве ти пример адресна точка, ако не ми веруваш да одиш да ја провериш, станарите се водат на 4 различни адреси, т.е сметките стигаат на 4 различни адреси.

Прашањето е како тој ќе внесе по колку луѓе живеат во тие станови ако не му отвори никој?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.664
Поени од реакции
12.060
Како ќе ја смени адресата ако во истиот влез има лични карти кои се водат на различна адреса?
Еве ти пример адресна точка, ако не ми веруваш да одиш да ја провериш, станарите се водат на 4 различни адреси, т.е сметките стигаат на 4 различни адреси.
Лесно, како што беше и на хартија и полесно. Имаш официјално место на живеење според лична карта (де јуре) и живеење каде што те попишува, де факто. Ја сум еден од многуте такви. Де јуре во Бутел, де факто во друга општина. Тој до мене дома може да има де јуре сосем трета адреса која се листа од базите, пак дефакто е тука. Комшиите имат делчевски, кичевски и дебарски адреси, пак дефакто се тука.
Прашањето е како тој ќе внесе по колку луѓе живеат во тие станови ако не му отвори никој?
никако, ако ги гледа ама не му отвораат, тоа е класичен бојкот. Ако не се јавуваат, по 3 оставања потсетници по правило не може да се бори против тивок бојкот па макар и Меркел да дојде.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.808
Поени од реакции
7.185
Иди у Боговиње или у Џепчиште прашај за некого да видиш дали ќе го најдеш.
Што ти е поентата ... :toe:
Сум бил во Боговиње, Жеровјане, љубезни беа и ме упатија каде што барав (можеби оти ја барав полициската станица :icon_lol: )

Бројка друже, бројка. За бројка зборуваме: колку домаќинства живеат, не кои се тие.
Јасно де. Но еве ти пример, комшијата не сака да се попише, па или затворен му е дворот никој да не влезе, или повеќето светла изгаснати, демек нема никој дома. Одговорниот за попис, нема претстава дали живеат тука, или на друг имот, па ќе напише дека немало никој.
Но ти си го издал комшијата дека тука живее и колку членови се, лицето сега може да напише, одбива тој и тој, па може казна да му стигне. Од тој аспект напишав кодош :icon_mrgr:
Ем шќиптарите пак ќе се во % колку замислиле, ем Македонците казни ќе си платат. Бар не помагај во казните :D
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Лесно, како што беше и на хартија и полесно. Имаш официјално место на живеење според лична карта (де јуре) и живеење каде што те попишува, де факто. Ја сум еден од многуте такви. Де јуре во Бутел, де факто во друга општина. Тој до мене дома може да има де јуре сосем трета адреса која се листа од базите, пак дефакто е тука. Комшиите имат делчевски, кичевски и дебарски адреси, пак дефакто се тука.
никако, ако ги гледа ама не му отвораат, тоа е класичен бојкот. Ако не се јавуваат, по 3 оставања потсетници по правило не може да се бори против тивок бојкот па макар и Меркел да дојде.
Не ме сфати, не е до луѓето од каде доаѓаат, личните карти во самата зграда мвр ги има издадено на 4 различни адреси. Која од нив ќе ја пише попишувачот како официјална на објект?
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Заклучно со 29.09.2021, до 20:00 часот попишани се 1.813.153 лица, 562.110 домаќинства и 822.575 станови.
Оваа бројка ако е без дијаспората е тотално нереална со оглед на тоа што има и тивок бојкот. Ќе испадне дека сме 2 000 000+ жители на територијава.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.638
Поени од реакции
7.509
Мн ти е лоша математикава. Од 1.600.000 полнолетни се 1.400.000. На последни избори гласале 940.000 луѓе. Што има тука чудно.
Во Македонија според официјалните податоци 17.1% од популацијата е малолетна ( што е горе доле слично со држави со сличен природен прираст), или од 1 813 153 жители тоа се 310 049 малолетници.

Значи од 1 813 153 жители остануваат некој 1 503 104 кои би имале право на глас.
  1. Парламентарни избори 2020: Вкупна излезност 943 748 гласачи ( историско ниски бројки) или ако има само 1 503 104 жители со право на глас излезност од 62%
  2. Парламентарни избори 2016: Вкупна излезност 1 191 854 гласачи, или излезност од 79.2%.
  3. Парламенарни избори 2014: 1,120,744 или 74.5%
  4. Парламентарни избори 2011: 1.124.064 или 74.7%
Што сме ние најдемократската држава на балканот. Имаме поголема излезност на гласање од држави кај што може да гласаш онлајн и преку пошта? Во земји со слична структура на население и слични економски и културни состојби и кои прават вистински пописи, излезност ретко е над 55%, 60% е веќе висока излезност. 80% е мисловна именка. Кај нас излегува дека 60% е скоро апсолутниот минимум, додека стандардот е над 70% па ние не сме ни биле свесни дека сме бастион на демократијата на балканот и во источна европа.

Или нека си признаат неуспешен попис зошто им фалат уште едно 200 - 300 000 жители или нека си признаат изборни измами со по неколку стотици илјади гласови. А од тие ете официјални 1 813 153 попишани најмалку 50-100 000 се со диктирање матични броеви на лица што не се тука.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.519
Поени од реакции
26.010
Оваа бројка ако е без дијаспората е тотално нереална со оглед на тоа што има и тивок бојкот. Ќе испадне дека сме 2 000 000+ жители на територијава.
Пред некоја година, еден тип од статистика тврдеше дека сме 2.3М базирано на стандардни статистички податоци. И дека Албанците се далеку по 20%, Па затоа пропаднал прошлиот попис.

Е сега секој може све да тврди, поентата беше да ја дознаеме вистината преку пописов. Вака како што е, шпекулациите ќе останат и ќе се политизираат.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
@Boro1918 1 813 153 е до вчера бројката. До вечер ќе биде 1 900 000+. И не е таа математика затоа што сите државјани на Македонија имаат право на глас, а не сите жители на Македонија. Перо во Австралија иселен пред 20 години и Љутви во Швицерска иселен исто пред 20 години можат да гласаат.

2.3 е претерана бројка на жители. Во градов иселени се 30%, бев на кутии изборите 2016та како услуга на пријател од невладина и желба да го видам процесоот. Излезеноста беше 77% ако не се лажам. Од тие што не гласаа ги има стандарт тие што никогаш не гласаат што е минорен процент другото се е во странство. Плус доста народ си доаѓа за избори за да се видат :D
Бројот на родени е во пад, бројот на ученици се намалува.
 
Значи имаат попишано 1 813 153 до вчера, а не можеме да знаеме колку и од нив се иселени . Според таа цифра како што гледаш погоре во Македонија имаш излезност во просек од 75% на избори. Иселениците вкупно по амбасадите едно 3000 гласа само имаат и тоа е неважна бројка.

55%-60% беше излезноста кога се земаа сите со право на глас или некој 1 890 000 , али ако од тие 1 890 000 има само 1 503 000 со право на глас во државата и на избори од тие 1 503 000 ти излагаат по 1 115 000 + за што збориме освен масовни изборни измами.

А ако они до вечер си направат дека сме 1 900 000 - 2 000 000 во државата, и попишани се некој 250 000 иселеници од кој 85-90% се Албанци. А вкупниот број на државјани беше некој 2.3/2.4 милиони жители. Дали имаме само nekoj 150-200 000 иселени Македонци, Роми, Срби, Бошњаци, Турци, итн ... ? Или имаме 3 милиони вкупно популација? И дали во државата има само 200-250 000 илјади албанци, зошто тогаш они се само 12.5% од популацијата и рамковниот договор повеќе не важи за централна власт.

Реков или бројките од пописот нема да им имаат никаква смисла и ќе испадне дека сме 2 милиони жители во државата со некој 250-350 000 иселеници. Или правеле измами на избори со по стотици илјади гласови. Нема друг избор. Не може да имаме 75'% излезност на избори, а не може ни да имаме 2 000 000 жители во државата.

2.3 е претерана бројка на жители. Во градов иселени се 30%, бев на кутии изборите 2016та како услуга на пријател од невладина и желба да го видам процесоот. Излезеноста беше 77% ако не се лажам. Од тие што не гласаа ги има стандарт тие што никогаш не гласаат што е минорен процент другото се е во странство. Плус доста народ си доаѓа за избори за да се видат :D
Бројот на родени е во пад, бројот на ученици се намалува.
Значи по твоја проценка 30% се иселени, плус уште некој минорен процент не излагаат да гласаат. А на изборите во твојот град на крајот на денот излезноста е 77% ? Значи реалната излезност е колку 110%? Што сме ние Северна Кореја па да имаме 98.5%+ излезност на избори. Еве и од тие 30% иселени пола да се враќаат да гласаат ( а тоа е доста нереално), пак излегува дека од 85% присутна популација, 90% излегла да гласа. Тоа е статистички невозможно ако нема задолжително гласање. Австралија со задолжително гласање и казни ако не гласаш вади по 91-92%.
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.932
1810.000 е броја на жители? Толку се пропишани вкупно? Завршен е пописот?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom