Значи што ми е гајле што враќа апликацијата и дали има лог од тоа кој кога пристапил до нејзе и дали имало грешки кога нема никаков начин да контролираш што се случува во позадина, нашите немаат пристап до ништо освен фронт ендот, а и кажано е дека целата индивидуална статистика ќе биде избришана по сумирањето на податоците. Значи за 6 месеци ќе имаш сумирана статистика и ништо повеќе. И после на кој начин ќе можеш да ја оспоруваш конечната статистика, кога нема никакви индивидуални потпишани документи.
Во најмала рака реков ако не сакале да имаат попишувачите хартија тогаш требале да купат опрема за електронски потписи или уште подобро отпечатоци и да се испраќа после копија во електронска форма и по пошта. За ако сака некој да направи ревизија да може и после 2 години да побара од сите граѓани да испратат копија од нивните документи од пописот и да види дали сумаризацијата на резултати била точна.
Али сето ова е комплетно бесцелно кога имаме податоци и за родени и за умрени и може да се добие според пасоши кој не е во земјата и се останато. Се што е потребно е да се соберат сите податоци да се средат и да му се испрати на секој македонец кој системот го води дека е во државата и треба да биде попишан документ со податоците кои треба со потпис да ги потврди дека се точни. Таму каде што би се јавиле грешки или сомнежи попишувачи на терен би можеле да излезат.
Заводот за статистика би требало 24/7 да биде во постапка на попис.
Тоа за мене беше, да видам дали фрла некаква грешка прво, не за тебе. Кои наши? Има ДЗС тим од девелопери што работат на апликацијата? ScaleFocus има фирма во државава и сигурно има и тим задолжен за одржавање на апликацијата.
Електронски потпис и фингерпринт направи се доста скапи гаџети и непотребно трошење пари. Пола свет се попишува електронски, без никакви попишувачи, тука ваљда имаат друга тактика од повеќе причини:
1. Затоа што немаат доволно средства за инфраструктура која без проблем би хендлала толку корисници наеднаш (нив сега им е проблем само со попишувачи)
2. Страв им е дека нема да имаат ок одзив ради тоа што дел од повозрасното население нема да може да се снајде, друг дел ќе им бојкотира, вака ќе те зачекуваат и сакал неќеш мораш.
3. Страв од DDOS и друг тип на напади
За тоа што ти го збориш треба да имаат централизирана датабаза/кластери на датабази кои би опслужувале повеќе институции и би имало single source of truth, а не отпосле умрените да ги пребиваат од попишаните. Се тоа укажува дека нит имаат план, нит имаат средства за да спроведат саглам попис, и дека се ова со Бугарите и апликацијата е набрзина договорено.