Според пописот 2001 Велес имал 55.108 жители, а според проценката во 2016та имал 54.000. Целосно неточно.
Велес во 2001 година имаше 7 основни училишта.
Велес во 2021 година има 5 основни училишта.(Згасна Трајко Андреев, А Благој Кирков и Џинот ги споија во Панко Брашнар)
Во 2001 во секое училиште во генерација имаше минимум по 30 деца.
Во 2021 секое училиште поднесуваше барање за учебната година да ја започне со помалку од 15 ученици. (Советот на општината носи одлука да ја одобри оваа измена заради тоа што не сакаа да бркаат наставници, оваа пракса ја тераат од 2010 навакај).
Во 2001 година најголемото училиште Васил главинов имаше 7 паралелки по 30 деца, сега има 4 паралелки по генерација мислам дека се околу 25 деца.
Годишно во просек, последните 5 години, по 30 деца се отпишуваат од основните училишта со причина наведена како иселување во странство или друг град(најчесто Скопје).
Од средните училишта, во просек имаше Гимназијата 7 паралелки, не постоеја албански паралелки. Сега постојат албански паралелки меѓутоа и со нив, вкупниот број на паралелки е 5 по генерација.
Средното економско имаше по 3 паралелки по 35 ученика. Последните 4 години годишно ова училиште запишува помеѓу 10 и 20 ученика, со исклучок на 2019-2020 кога запишаа само 9 ученика.(со напомена дека средните училишта кај нас се регионални, ги опфаќаат Лозово, Градско и Чашка, а идат деца и од кавадарци, неготино, демир капија.) Ова училиште ќе згасне во наредните 4 години.
Морталитетот во градот е двојно поголем од наталитетот.
Моја проценка е дека Велес сега како град се движи помеѓу 36.000 до 40.000 жители(заедно со селата). Овие податоци нема да ги видите на пописот затоа што иселените ќе бидат попишани како да се тука за да се прикрие ова, сепак бројките се тука индиректно и лесно можат да се најдат, ама на никој не му одговара тоа. Оваа статистика можете со гуглање да ја извадите, или преку порталот на локалниот новинар, тирековмирече.ком
Дополнително за пописот.
Сакате попишете се, сакате не се попишувајте, бројките се договорени уште дента кога паднал договор да има попис, така да вашиот бојкот или учество нема да влијае никако на бројките, договорено е албанците да испаднат над 25 проценти. Едина разлика е што ако се попишете никому ништо, ако пишете на вратата бојкотирам ризикувате лудациве да ви пуштат прекршочна пријава и да ја платите, а да бидеме реални, на кој му се трча по судови да се докажува дали е во право или не.
Ние сме единствена држава во европа која спроведува попис по правила на политички партии условен со етнонационалистички услови, ама не ни е прв пат да газиме сами по себе. Ако мислите дека доволно луѓе ќе речат, еј абе ако не се попишеме нема да има доволно бројка, да ве потсетам и дека референдумот го избојкотиравме, немаше услови да се промени името па го променија.
Сега и да бојкотираш, на крајот ќе испадне тој од пописната и ќе рече па реално е дека не можеме за 30 дена сите да ги посетиме, ќе одиме со статистички извадок и ќе ви ги презентира договорените бројки.