Попис 2021

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.918
Се шегувам за тужењето Феникс, секако дека ова важи само за Албанците.
Автоматски споено мислење:

„1. На пет дена пред крајот на Пописот, скопските општини се само половично попишани (во бојкотот дефинитивно води општина Аеродром), каде цели згради одбиваат да се попишат – види видео во коментар. 2. Луѓе кои биле во странство и оттаму се попишале (во април), сега се вратени во МК и пак се попишуваат втор пат – системот не ги дава како попишани!? 3. Човек се попишал во Австрија, сега од дома – жена му го повторно го попишува како да е тука (системот не го дава дека е двојно попишан)!? 4. Фамилија иселена во Швајцарија пред неколку години – маж, жена и две деца – дедото ги попишува дека се тука (системот не ги дава дека се веќе попишани)!? 5. Планот за фалсификување на пописот дефинитивно им е пропаднат! Немаат време ни да се закануваат со казни, ни да ги пишуваат (оти така ќе признаат дека стотици илјади Македонци одбиле да се попишат). Во недоумица се што е најпаметно да направат за да не се избламираат – па гледаат само провизорно да го „покријат“ теренот со попишувачи кои ги шетаат и по други градови. Затоа и ги отворија овие т.н. локални пунктови за поишување надвор од дома, кои немаат никаков ефект. 6. Планираат подоцна, од вака скрпените податоци, истите да ги пополнуваат вештачки – преку разни регистри и застарени „бази на податоци“! Но, тука им се јавува еден огромен проблем – им фалат личните изјаснувања (за јазик, припадност, религија и сл.), па добиле инструкции од раководните луѓе на ДЗС буквално да ги фалсификуваат на своја рака – за што, накнадно, ќе си одговараат кривично. НАРАВОУЧЕНИЕ: Пописот 2021 го прогласум за умрено! ❤ #НеОтворамВрата“, напиша Апасиев.
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Првите дезинформации беа дека нема изјаснување македонец во пописот, сега друг не смеел да дава информација и последно, отворале канцеларии за луѓето да се попишат.
А случајно поинаку да не се попишуваше на изминатите пописи со матичните и документите. Лицата лично присуствувале кога попишувале куќа? Пффф. И 1991 и 1994 бев општински (сега ги нарекуваат јадниците реонски) така да добро знам дека вакви т.н. "нерегуларности" со акцент на "само во овој попис" се во најмала рака нереални. Зборам за теренскиот дел.
Барем за теренот, во Македонија попишувањето е исто. Уште полошо, без компјутерска онлајн проверка прошлите пописи можело повеќе да се манипулира на терен.
За после кај ќе идат податоците, во кои графи, не знам.
Еднаш реков, во тој дел треба Левица и Бачето да ги контролираат податоците и да не дозволат мешање на население во земјата и надвор. Само ќе треба да се борат и против т.н. меѓународна заедница (види попис 1994) затоа што тие ги поддржуваат од пред осамостојувањето. А ако ги поддржуваат, ако и собрание си легне на увце, податоците ќе бидат признаени и тоа како.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.918
Првите дезинформации беа дека нема изјаснување македонец во пописот, сега друг не смеел да дава информација и последно, отворале канцеларии за луѓето да се попишат.
Никој не тврдел дека нема изјаснување Македонец.
Деградирањето од народ во етничка заедница е проблемот, кој го посочуваат.

Друг смее да дава информација на попишувачот, кој самиот е од тој регион.

Значи иде од Вејце Лаврим, тој е попишувач од тој регион и ни кажува за сите матични броеви кои му ги дале за трети лица, кои се отсутни повеќе години од државава и кои немаат наше државјанство. Тие, неговите комшии од Вејце, му кажале и што се по националност и по религија, тие трети лица, кои се повеќе години у странство и одамна немаат државјанство.

Канцеларии од оваа недела се отворени и апелираат сами да идат граѓаните да се попишат. Тие, еден куп, кај кои не ни биле, да идат сами да си се попишат.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
Тужи ги. Премиерот рече дека може.

Сигурно пак некој „баг“ во апликацијата. Не фаќа внесот на матичен број (со откажано државјанство) ако презимето завршува на -ски или на -ов... Се дешаваат грешки, секако не е намерно.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Никој не тврдел дека нема изјаснување Македонец.
имаше по фб групите. Побарај, некои сеуште дезинформираат.
Значи иде од Вејце Лаврим, тој е попишувач од тој регион и ни кажува за сите матични броеви кои му ги дале за трети лица, кои се отсутни повеќе години од државава и кои немаат наше државјанство. Тие, неговите комшии од Вејце, му кажале и што се по националност и по религија, тие трети лица, кои се повеќе години у странство и одамна немаат државјанство.

Канцеларии од оваа недела се отворени и апелираат сами да идат граѓаните да се попишат. Тие, еден куп, кај кои не ни биле, да идат сами да си се попишат.
Исто беше и во изминатите пописи. И даваа податок за трети лица и имаше (не посебни канцеларии) места во општините каде луѓе се попишуваа.
Нема ништо различно од порано. На хартија одиш во Вејце со Лаврим, ти носат куп здравствени, стари други документи...нема да ги попишеш? Ќе им кажеш дека немаат државјанство? Врз кој основ? Не се моментално тука, не може да ги најде другите документи и слични муабети. Како по твоја волја нема да ги попишеш?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.575
Поени од реакции
26.098
Првите дезинформации беа дека нема изјаснување македонец во пописот, сега друг не смеел да дава информација и последно, отворале канцеларии за луѓето да се попишат.
А случајно поинаку да не се попишуваше на изминатите пописи со матичните и документите. Лицата лично присуствувале кога попишувале куќа? Пффф. И 1991 и 1994 бев општински (сега ги нарекуваат јадниците реонски) така да добро знам дека вакви т.н. "нерегуларности" со акцент на "само во овој попис" се во најмала рака нереални. Зборам за теренскиот дел.
Барем за теренот, во Македонија попишувањето е исто. Уште полошо, без компјутерска онлајн проверка прошлите пописи можело повеќе да се манипулира на терен.
За после кај ќе идат податоците, во кои графи, не знам.
Еднаш реков, во тој дел треба Левица и Бачето да ги контролираат податоците и да не дозволат мешање на население во земјата и надвор. Само ќе треба да се борат и против т.н. меѓународна заедница (види попис 1994) затоа што тие ги поддржуваат од пред осамостојувањето. А ако ги поддржуваат, ако и собрание си легне на увце, податоците ќе бидат признаени и тоа како.
Левица и Бачето на крај ќе излезат само воздушни перничиња кои служат да се амортизира и канализира гневот на народот, во одсуство на било каков авторитет на дпмне.

Македонскиот народ нема претставници на политичката сцена во државава. Прв чекор за некаков можен просперитет е да го сватиме тоа.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
Исто беше и во изминатите пописи. И даваа податок за трети лица и имаше (не посебни канцеларии) места во општините каде луѓе се попишуваа.
Нема ништо различно од порано. На хартија одиш во Вејце со Лаврим, ти носат куп здравствени, стари други документи...нема да ги попишеш? Ќе им кажеш дека немаат државјанство? Врз кој основ? Не се моментално тука, не може да ги најде другите документи и слични муабети. Како по твоја волја нема да ги попишеш?
Зошто размислуваш од гледна точка на попишувач?
Попишувачите, тие на терен што идат, тие ли ги носат регулативите и планираат пописи?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.151
Поени од реакции
25.594
Тужи ги. Премиерот рече дека може.

Може да се попишат, ама нивната бројка не влегува во бројката за загарантирани малцински права, затоа што не се државјани на РСМ.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.575
Поени од реакции
26.098
Може да се попишат, ама нивната бројка не влегува во бројката за загарантирани малцински права, затоа што не се државјани на РСМ.
А откажаното државјанство некаде се проверува или на жими мајка се кажува ? Или па некој проверува лично присуство на луѓето или дали се во странство ?

Да се кладиме дека Зајас на пример ќе испаднат 15000 луѓе моментално резидентни.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.765
Поени од реакции
17.477
Левица и Бачето на крај ќе излезат само воздушни перничиња кои служат да се амортизира и канализира гневот на народот, во одсуство на било каков авторитет на дпмне.

Македонскиот народ нема претставници на политичката сцена во државава. Прв чекор за некаков можен просперитет е да го сватиме тоа.
Зашто вмро по дифолт би биле представници на македонскиот народ? Со што заслужиле таква чест, со патриотизам сигурно не :)

Секако е субјективно кој кого смета за легитимен претставник, ама моментално позициите на левица се поклопуваат со грото од мислењата на македонскиот народ.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.575
Поени од реакции
26.098
Зашто вмро по дифолт би биле представници на македонскиот народ? Со што заслужиле таква чест, со патриотизам сигурно не :)
Кај дадов опција дека дмпне е преставник на македонскиот народ ? Читај убаво. Мислам дека реченицата „Македонскиот народ нема претставници на политичката сцена во државава. “ јасно и недвосмислено ги исклучува.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.151
Поени од реакции
25.594
А откажаното државјанство некаде се проверува или на жими мајка се кажува ? Или па некој проверува лично присуство на луѓето или дали се во странство ?

Да се кладиме дека Зајас на пример ќе испаднат 15000 луѓе моментално резидентни.
Тоа е друг муабет, ама ако пописот беше по западни стандарди, ќе се запишуваа сите затекнати во државава во критичниот момент, без разлика дали се државјани или туристи.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.575
Поени од реакции
26.098
Тоа е друг муабет, ама ако пописот беше по западни стандарди, ќе се запишуваа сите затекнати во државава во критичниот момент, без разлика дали се државјани или туристи.
Затоа викам, сите тие прикаски се дефокус, за да се тргне жижата од главниот фалсификат.
Автоматски споено мислење:

Секако е субјективно кој кого смета за легитимен претставник, ама моментално позициите на левица се поклопуваат со грото од мислењата на македонскиот народ.
Токму тој момент ме плаши дека се тие амортизерот кој има улога да го канализира гневот на народот.

Што ќе направи Апасиев во врска со тоа? Истото што го направи и со смената на името, двојазичноста и све друго. Срциња и куриња.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
9.765
Поени од реакции
17.477
Кај дадов опција дека дмпне е преставник на македонскиот народ ? Читај убаво. Мислам дека реченицата „Македонскиот народ нема претставници на политичката сцена во државава. “ јасно и недвосмислено ги исклучува.
Муабетот е дека, ако не се они, не значи дека не може да има некој друг.
Автоматски споено мислење:

Токму тој момент ме плаши дека се тие амортизерот кој има улога да го канализира гневот на народот.

Што ќе направи Апасиев во врска со тоа? Истото што го направи и со смената на името, двојазичноста и све друго. Срциња и куриња.
Моментално што би направил е луксуз, ние немаме друг политичар што е воопшто против тоа.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Инаку Зајас (и други "албански" села) драстично им се намалени учениците во основно.


Чисто информативно, за Македонец како етничка заедница имало иницијатива до Уставен Суд. Истата ако добро ја разбирам (а не ја разбирам оти не сум правник), не е прифатена.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom