Попис 2021

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.917
Најново од ДЗС: - во тек да ти било надминувањето на помалите технички предизвици со кои се соочувал пописот деновиве...

Помали технички предизвици го прекинаа пописот три дена.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.663
Поени од реакции
7.568
За тоа што ти го збориш треба да имаат централизирана датабаза/кластери на датабази кои би опслужувале повеќе институции и би имало single source of truth, а не отпосле умрените да ги пребиваат од попишаните. Се тоа укажува дека нит имаат план, нит имаат средства за да спроведат саглам попис, и дека се ова со Бугарите и апликацијата е набрзина договорено.
Значи не мораш да имаш централизирана база која би ги опслужувала сите институции, првин тоа е доста лоша идеја зошто ако излезе каков било поголем проблем тогаш автоматски ќе е катастрофален. Потребно е само Агенцијата за статистика да има пристап до податоците на сите поединечни бази, ќе креираат view еднаш месечно или еден/три месеци/година, со скрипти ќе ги генерирааат сите статистики кои им се потребни и тоа е тоа. А така и Агенција за статистика ќе нема константен пристап до приватни информации.

Значи буквално за колку жители има во македонија и каква е нивната структура не ти треба ништо повеќе од МВР. МВР води евиденција на родени, мртви и секако има и според пасошот дали воопшто се во државата.

Пописот треба да биде чиста формалност каде што се праќаат луѓе на терен за да видат дали податоците кои ги има државата соодвестуваат со ситуацијата на терен или треба да се прават промени во системот. Ако нашата окупациона власт не знае колку луѓе живеат во Македонија, и нема претстава за структурата на населението тоа е поради нивната неспособност. Не дека немало попис.

Да не треба да се прави и попис колку има вработени во државна администрација дека ете и тој податок не го имаат.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.083

Па точно тоа и го кажав централна база или кластер на бази од каде само ќе читаат податоци, а калкулациите можат и преку views да ги прикажат и да ги кешираат после. Муабетот е дека немаат single source of truth и кога попишувачот внесува податоци нема валидација за тоа што го внесува, ја можам да му дадам туѓ матичен број, кој не е внесен во базата за пописот и тоа би требало да пројде. Пример, луѓе попишувале нивни починати роднини.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.663
Поени од реакции
7.568
Можеби, им е страв од резултатот на бојкотот и не сакаат да ја разгоруваат политичката состојба пред избори, па ќе речат - еве виша сила, технички проблеми го прекинаа.
Да не сакаа да ја разгоруваат политичката состојба пред избори логично ќе беше да го закажат пописот ПОСЛЕ избори. Вака ако го откажат сега пописот, само Левица ќе поентира и никој друг. Противникот кој на нив најмалку им е потребно да поентира во овој момент. Да не ни почнам што ДПНЕ исто така комплетно ќе ги зафркнат одкако го подржаа истиот.

А тој Симоновски ќе го имаат наместо директно за кривична пријава за несовесно извршување на должност зошто не успеал да организира попис.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.218
Поени од реакции
35.811
Па точно тоа и го кажав централна база или кластер на бази од каде само ќе читаат податоци, а калкулациите можат и преку views да ги прикажат и да ги кешираат после. Муабетот е дека немаат single source of truth и кога попишувачот внесува податоци нема валидација за тоа што го внесува, ја можам да му дадам туѓ матичен број, кој не е внесен во базата за пописот и тоа би требало да пројде. Пример, луѓе попишувале нивни починати роднини.
Некои од тие што се фалеа дека се попишале кажуваа колку било лесно и дека кога ќе го внесел матичниот број автоматски сите податоци ти се подигале и ти уствари само си “потврдувал” дали тоа е точно и си дополнувал некои ствари. Тоа значи дека имаат real time со базите на мвр и други бази, што мене искрено ми е неверојатно. А и тие што се фалеа дека се попишале беа во главно партиски ботови така да што не би ме изненадило да е фејк срање.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.083
Некои од тие што се фалеа дека се попишале кажуваа колку било лесно и дека кога ќе го внесел матичниот број автоматски сите податоци ти се подигале и ти уствари само си “потврдувал” дали тоа е точно и си дополнувал некои ствари. Тоа значи дека имаат real time со базите на мвр и други бази, што мене искрено ми е неверојатно. А и тие што се фалеа дека се попишале беа во главно партиски ботови така да што не би ме изненадило да е фејк срање.
Врска нема, направив упад и јас :) имаше инпут полиња за внес на податоци само, никаков autocomplete...

Еве како изгледаше најдов на нет слика

1631195689337.png
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.218
Поени од реакции
35.811
Врска нема, направив упад и јас :) имаше инпут полиња за внес на податоци само, никаков autocomplete...

Еве како изгледаше најдов на нет слика

Прегледај го приврзокот 306429
Ова е таа апликација за самопопишување на тие од странство или таа што ја користат попишувачите во Македонија? Ја мислев на втората.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.083
Ова е таа апликација за самопопишување на тие од странство или таа што ја користат попишувачите во Македонија? Ја мислев на втората.
За од странство, мислев за таа збориш. Ако планираат и тие да ги уважат како попишани нема логика да имаат различна методологија за тукашните и за тие од странство.
 
GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.552
Поени од реакции
2.129
Некои од тие што се фалеа дека се попишале кажуваа колку било лесно и дека кога ќе го внесел матичниот број автоматски сите податоци ти се подигале и ти уствари само си “потврдувал” дали тоа е точно и си дополнувал некои ствари. Тоа значи дека имаат real time со базите на мвр и други бази, што мене искрено ми е неверојатно. А и тие што се фалеа дека се попишале беа во главно партиски ботови така да што не би ме изненадило да е фејк срање.
Тоа што ти го кажале е точно. Програмата влече податоци од разни бази, како мвр и аврм. Кога ќе се внесе матичен број излегуваат податоци како име и презиме, а кај голем број и за завршено образование и вработување.

Btw Денес нема попис, добивме насока да не излегуваме на терен.

Sent from my LM-V450 using Tapatalk
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.917
Се бунеле Албанци од Куманово, на кои им доаѓале каури попишувачи и им збореле на македонски.

Еден вика - Дали ви се верува и се обратија на мајка ми на македонски?
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
СДСМ беше на власт, тераше кампања за бојкот со " Некој прашања не заслужуваат одговор " заедно со Албанците. Имаше е масовно заплашување и заканување на вработените во државните институции. Се сеќавам дека мајка ми мораше да биде на работно место пред да се отворат гласачките места и не смееше да ја напушти канцеларијата додека не се затворат вечерта под закана за отказ. Да потсетам ова беа и времињата кога немаше никаква работа и беше нормално платите да каснат и по 6 месеци/година.

СДСМ се исто така истите кои на времето го имаат и бојкотирано заедно со Албанците референдумот за независност. Она гомноно Стојан Андов кое вчера го одликуваа е истото кое одбивало да ја потпише независноста и во собрание сеуште интонирале југословенска химна.

Проблемот не е во системот, системот си е систем. Стави ги истите во јапонската администрација за година две се ќе почне да се распаѓа. Проблемот е во кадарот и што имаме 70 години негативна селекција на истиот. Единствениот лек за ова е Грузискиот модел. Целосно отпуштање на целата администрација и потоа нејзино ревработување преку нови конкурси. Или пак од раните денови на Советскиот сојуз, секој вработен во државна администрација добива тетратка за водење на дневник што работи за еден месец ( со точно колку саати/минути на што потрошил во денот). И уште една тетратка за да пише недостатоци и идеи. И после еден месец почнува евалуација на сите вработени еден по еден. Од првата тетратка би зависело твоето вработување, а од втората ќе зависи твојата позиција.

Пасивен отпор, несоработка и игнорирање/бојкотирање на целиот систем е единствениот начин за истиот да биде доволно ослабен за да може да се појават пукнатини низ кои ќе успее нешто ново да помине. Види само колку време требаше СДС и ДПНЕ да ослабнат доволно за да почнат колку толку нови и независни организации да се појавуваат.

Не можеш активно да идеш против системот а да нема никакви политички или какви било други организации позади тебе. Тоа е само самоубиство во буквална смисла. За најмала глупост ќе ти пукнат 5-8-10 години, и после ќе си тераат пропаганда врз тебе како сис терориста или радикал. Мислам ако сакаш да бидеш маченик ок, али не ја гледам поентата јас лично. Ситемот мора да биде првин делигитимиран пред да почне да се руши.
За референдумот во 2004 сум бил релативно млад па немам лично искуство ама можам да претпоставам дека ова што го кажуваш е вистина, а не е и нешто невообичаено.

Поединецот влијае на системот и системот влијае на поединецот така да решението мора да биде двоструко. Ова во превод значи џабе е идеален систем ако кадарот е срање(ова е уствари она што ти го кажа јас само го повторувам), а вториот дел е исто така и подеднакво важен т.е поединецот не може да постигне резултати ако системот го оневозможува на секој чекор т.е бирократија, мито, коруоција итн.

Во врска со последниот дел не би рекол дека се согласувам, за било што потребни се жртви со т.н пасивен отпор уште 1000 години ќе бидат на власт едните или другите.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.218
Поени од реакции
35.811

Aма наредбата не важи за поштарите (кои го имаат еден од најсилните синдикати).

Postal Service workers not included in Biden’s mandatory vaccination order

Бонус:

(Бајден и потпретседателката малку се во расчекор)

Циркузи... Се обложувам Заев и неговите во моментов добиваат идеи.
у погрешна тема си дечко.
 
Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.711
as.png ad.png

Орките праат растур. Мајко мила, се попишуваат у Швицарска ко да нема утре. Немачка 43000, Швицарска 20000 појше WTF!?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom