Помош!!

Член од
6 ноември 2017
Мислења
84
Поени од реакции
26
Здраво. Ве предупредувам на долг текст, но искрено ми треба мислење.

Имав сообраќајка на 30.04. Не беше некоја штета(крилото, браникот и бандажот),но мораше да се оди преку полиција ради тоа што колата не беше во возна состојба ради гумата и бандажот.
После тоа поднесов записник во полиција и во осигурителна и требаше 2-3 дена да чекам да дојде проценител да ја види колата. Во меѓувреме прашував по мајсториве, сите рекоа дека цената би била 200-300 евра. Потоа најдов мајстор, почнавме да збориме, за сообраќајката,во која осигурителна сум итн.. премногу се беше пријателски, изгледаше уверливо. Ми вети дека има луѓе во осигурителна и дека ќе среди се, пошто ми беше страв да не ми дадат помалце пари од што е штетата. Се понуди да ја земе колата кај него и он се знаел со директорот и проценителите и место кај мене дома, кај него во сервис да напраат проценка и да пишат се што треба и рече да не се секирам, колата ќе ја напраел како што била предходно и нема да доплатам ни денар, па дури и ќе остане нешто. Исто вети дека ќе ја напраи за 3-4 дена и ќе му платам од коа ќе ги земам парите од осигурување.
После тоа се слушавме повеќе пати и ми рече утре оди и потпиши во осигурителна за цената и барај ме. Отидов наредниот ден, кога на листот гледам 79 fucking илјади. За штета од 200-300 евра, они ми даваат 79 000.
Се слушнавме после тоа со него, пошто он имаше пишано фар, гума, ракавец, казанче за прскалка, амортизер итн.. ми се јави и ми рече ти пишав дека гумата е за мењање ама гумата ти е здрава па затоа 100евра за тебе.Ти ќе добиеш 79 000, а мене 73 000 ќе ми дадеш. Си мислам океј, знам дека ми ќари многу, али битно ми колата да добра па и 100 евра плус. Вика колата уште денес ќе ти е готова(еден ден порано од договореното) дојди накај 3 да си ја земеш. Викам супер, ама коа ќе бидат париве(ветуваше ќе среди и таму за побрзо да се земат) викам ти супер ја напраи колава, ама викам незгодно ми е да ти ги должам парите, вика уживај не се секирај, за 3 дена ќе ургираме ќе ги земеме. Ок викам супер.
Доаѓа 3 саат, му се јавувам дека тргам.. вика оди земи ја колата од сервис,а после ќе се најдеме во Центар за парите пошто не сум таму. Викам аман бе како толку брзо стигнаа? Вика не бе не стигнале ама ти ќе ми платиш. Што бе викам да ти платам. Па како вика да ти ја дадам колата...се јавувам пак, викам друже ајде вака, ќе смениме трансакциска место кај мене, кај тебе нека стигнат парите. Не може вика, епа добро викам ајде ќе напраиме договор на нотар, исто неќеше. Вика или плати па земи ја, или чекај ги парите. Се распрашував после тоа, записникот од увидна се чекал со месеци, а без тој не пуштаат пари. Се слушнав пак му викам друже ја те остсив да ќариш, со проценителот сте напраиле дубари и сеа на штета од 300 евра ти ми бараш 1200 евра. Викам ако пишевте 300 000 денари, зарем 300 000 ќе требаше да ти платам јас? Зарем парите од дубарата од мене сакате да ги наплатите? После наредниот ден пак зборевме, бараше да се консултира со адвокат за договор. Па бараше вработен човек да гарантира пошто ја не сум вработен. Реков нема проблем и пак рече ќе збори со адвокат. После тоа не сакаше. Ангажирав адвокат и отидовме таму кај него. Тогаш почна да се праи будала, дека сменил се што е пишано на листот. Мојата кола освен браник, крило и бандаж немаше никакви други штети. Викам другар пак ќе ти кажам, не ми е воопшто криво, ако си можел и 5000 евра ќари, јас ја сакам колата и викам не ме праи будала дека си мењавал ракавец , амортизер, браник, ФАР ... си праиме отворен муабет кажи ми што праеше. Искрено чисто сумјам дека нешто и е сменето на колата, едино крилото можеби, браникот беше само изгребан. Фарот се познаваше дека е мојот и не глеав причина да ме лаже коа двајџата бевме свесни плус зошто би сменил здрав фар. По инсистирање на адвокатот,старите делови не ги покажа, а исто така му побара и влез на роба т.е делови и фактура што а тпа следеше "кој си бе ти да ми бараш фактури"... се нафати да симне од 73 на 58 000, но сепак да се плати цената. Мене мојот ќар воопшто не ме интересира, ми треба само колата. Адвокатот си ја накриви опашката, искрено мкслам се уплаши при односот на мајсторот и се вративме дома бе кола, и со задоволен адвокат што мисли дека напраил добро што спуштил на цена, а знаеше дека по колата сме отидени..па по пат ми идеше да го претепам. Адвокатот ми вети дека ќе најде човек во увидна и ќе средиме работа, а за тка ќе треба да подмачкам убаво. А таму ме убедуваше дека договор не е паметно од причина што е 7000 денари, а ја сега со се друго имам повеќе трошоци и плус без кола.
Адвокатот и денес на телефон ме убедува дека може да не ми ја даваат колата, иако не знам како кола од 8000 евра ми држи за цена од 58 000, иако реалната цена е 300евра.
Сеа за сеа и да го платам записникот и се тоа, уште 2-3 недели па и до месец ќе сум без кола. Некој идеја што би можел да направам, освен да отворам deep web, и да нарачам некој калаш и ги утепам од мајстор, до проценител и адвокат. Фала и извинете на долг текст.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.167
Поени од реакции
15.962
Не знам дали ќе ти е од корист ама имам лично искуство, мада не со сообраќајка.
На колата имав осигурање и за стакла, по некое време ми пукна шофершајбната, ја однесов на мајстор, му потпишав полномошно у кое имаше мои податоци и од колата и беше наведено дека средствата за поправка ќе му бидат префрлени на негова сметка.
По 2 дена ми се јавија, ја зедов колата со сменета шофершајбна, отиднав у осигурителна, ми ја сликава и тоа беше тоа. Колку зел и што зел не ме занима, битно завршив работа.
 
Член од
6 ноември 2017
Мислења
84
Поени од реакции
26
Мене ми е дали смее да ми ја држи колата, нема никакво полномошно или договор.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Мене ми е дали смее да ми ја држи колата, нема никакво полномошно или договор.
Друже, па у тај случај не ти текна да пријавиш у полиција? Колата ти е таму и таму. Не ги кажувај деталите за усмениот договор со мајсторо. Само кажи колата ми е таму и не ми ја дава. Фактички како кражба може да испадне.
Како и да е колата е законски твоја, не е кај тебе, знаеш каде е. Пробај!
 
Член од
6 ноември 2017
Мислења
84
Поени од реакции
26
Ми е страв да напаѓам толку од причина што колата ми е таму, може се да и направи. Друга работа е што барем кај нас знаеш како идат тое работи и ако немаш луѓе, никој ни полиција ни пиздарии не застанува позади тебе, а и не се знае он што човек е.
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.178
@фетГај1 леле какви копита ја газат земјава маме да им ебам хохштаплерско,

обиди се со закана дека ќе го пријавиш целиот случај во седиштето на осигурителната компанија (ако е како повеќето со странски капитал дури и во матичната замја) како измама кон нејзе и дека во случај да се решат да го тужат (а ќе го тужат имаат политика на нула толеранција за такви работи) ќе сведочиш ако треба и на суд (секако делот каде си требало да имаш и ти финансиска корис ќе го заборавиш),

1589478985626.png

не верувам дека идиотот и агентот од осигурителната компанија ќе имаат муда и ќе се дрзнат работата да отиде до таму и ќе најдете конечно прифатливо решение за двајцата иако би требало само ти твојот интерес да си го гледаш.
 
Член од
20 јули 2010
Мислења
909
Поени од реакции
2.228
Истиот случај колега од работа. Кај него нека имаше ете 30-40000 денари штета. Ја однесе колата на мајстор, ја напрај, и му плати на мајсторот 80000 денари и после парите од осигурителната ги чекаше цели 10 месеци, ако не и поќе. Де записникот бил ваму, де таму, па в полиција го лажеа, во осигурителна го лажеа. И него не му беше за парите за кои прат измама мајсторите, само сакаше да си ја напрај колата и да нема други трошоци тој. Едвај си ги зеде парите шо ги плати, а мајсторот побогат за пола штета, колата крцка цела од ко е земена од мајстор.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.515
Поени од реакции
62.364
Не разбирам, зошто кога ти кажал да идеш да ја земеш колата, не си ја зел од кај него од сервис? Потоа он тебе ке треба да те брка за пари. Си постојат закони по кои ке може тој тебе да те гони за неплатена фактура, ама не може да ти држи кола по ниту еден закон.

Не попуштај, ако имаш финансии, бркај го ова до крај, и секако, пиши си за кој сервис се работи, чисто да знаат луѓето. Ја би ја однел и на друг сервис колата, за да се утврди дали има нов амортизер, прскала и што уште има пишано дека е сменето, па потоа и тоа би го пријавил, комплет со осигурителната компанија.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.648
Поени од реакции
34.917
А да се консултираш со адвокатот дали има услов да го наместите со полиција и со обележани банкноти? Ако е фирма мислам дека ќе мора да ти издаде фискална/фактура за реалната сума, а ти ќе му дадеш кеш уште + парите кои ти ги бара и така може да го грабнат за гуша.

Инаку обавезно да ја провериш и на друг сервис, јас кога ја чукнав мојата ме заебаа во сервисот, само смениле крила и браник, а извитканите лимови и се што требало да се влечи за да го вратат во првобитна состојба не го извлекле, отплосле си плаќав на други сервиси за да ја дотераат колата.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.291
Да не ти правам уште поголеми јадови и нервози,ама...
Потоа најдов мајстор, почнавме да збориме, за сообраќајката,во која осигурителна сум итн.. премногу се беше пријателски, изгледаше уверливо. Ми вети дека има луѓе во осигурителна и дека ќе среди се, пошто ми беше страв да не ми дадат помалце пари од што е штетата. Се понуди да ја земе колата кај него и он се знаел со директорот и проценителите и место кај мене дома, кај него во сервис да напраат проценка и да пишат се што треба и рече да не се секирам, колата ќе ја напраел како што била предходно и нема да доплатам ни денар, па дури и ќе остане нешто
Со ова си ги прекинал сите правни мостови кои требало да те заштитат! И не само правни,туку и лично-морални! На таков муабет требало сите аларми да ти се запалат,не само да помислиш дека нешто не е во ред,туку да бегаш од таков "матен лик"!

Нејсе. Сите грешиме,и на крај-краева не си отепал човек(што викаат)! Олабави се,школо за другпат ќе ти биде ова.
Чаре? Смисли како да најдеш 1000€ да му платиш,парите секако ќе ти ги врати осигурителната. Нема друг начин!!!
Ако сакаш да се искупиш и да направиш добро дело(на друг да не му се случи истово).Ќе чекаш да те исплати осигурителната,а потоа анонимно ќе го пријавиш проценителот!Ако и малку се заинтересираат(а сигурно ќе се заинтересираат),лесно ќе му најдат нешто,оти верувај не си ти прв! Тоа е уиграна екипа,со многу сомнителни случаи! Натаму е нивно...
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.178
Ќе чекаш да те исплати осигурителната,а потоа анонимно ќе го пријавиш проценителот!Ако и малку се заинтересираат(а сигурно ќе се заинтересираат),лесно ќе му најдат нешто,оти верувај не си ти прв! Тоа е уиграна екипа,со многу сомнителни случаи! Натаму е нивно...

е со ова погоди во центарот на проблемот со осигурувањата (не само за АО исто е и со имотното, како и повеќето неживотни осигурувања)

уиграните хохштаплери си делат % од нереални исплати на непостоечки штети, а не исплаќаат реални и онаму каде што треба и има штети, познавам неколку ликови кои од сопствени средства си доплаќаа за поправки поради намерни грешки и лоши проценки на штети.

:oftopik:
 
Член од
13 април 2010
Мислења
368
Поени од реакции
219
Дечко оди пријави во полиција ! Неможе он ФИКТИВНИ фактури да си прави, нека ти ги даде тогаш старите делови да се види дека стварно ти ги сменил. Терај до крај немој да се повлекуваш. Пријави го слободно, тоа е цел ланец, од мајстори до проценители и осигурителни компании.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
@фетГај1 леле какви копита ја газат земјава маме да им ебам хохштаплерско,

обиди се со закана дека ќе го пријавиш целиот случај во седиштето на осигурителната компанија (ако е како повеќето со странски капитал дури и во матичната замја) како измама кон нејзе и дека во случај да се решат да го тужат (а ќе го тужат имаат политика на нула толеранција за такви работи) ќе сведочиш ако треба и на суд (секако делот каде си требало да имаш и ти финансиска корис ќе го заборавиш),

Прегледај го приврзокот 251231

не верувам дека идиотот и агентот од осигурителната компанија ќе имаат муда и ќе се дрзнат работата да отиде до таму и ќе најдете конечно прифатливо решение за двајцата иако би требало само ти твојот интерес да си го гледаш.
Ако мајсторот се консултира со адвокат, како што вика дека прави, ова е самоубиство зошто во таков случај фетгај е соучесник.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.291
На човекот му треба колата.Тоа е тоа! И очигледно е малку краток со пари,и нејќе да ги компликува работите. Подобро да му плати и крај!
Е сега,ако не му беше толку итно за колата и 1000€... Фино лепо одиш во полиција,пријавуваш дека си измамен(баш овака целата приказна),а они по службена должност мора да состават записник! Да го повикаат мајсторот на распит.... и интересниот дел да ја известат и осигурителната како страна во спорот!Ако ЈО не покрене постапка понатаму,си поднесуваш приватна тужба и си бараш вештачења и супервештачења,и си се тегнеш по судови. Фетгај нема ништо да добие(ни па ќе врати),ама ќе ги стави во каша двајцата(мајсторот и проценителот) на друга истрага и тужба од самата осигурителна.
А настрана што јас би пратил писмо до централата во странство со придружна документација како доказ,и би ги раскринкал по име и презиме ако гледам дека ја "средуваат" работата. А ништо чудно и тоа,ланецот стварно може да оди до директори. Ама се ова е шта би било-кад би било...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom