Помош: SQL и останати бази на податоци

Член од
17 февруари 2008
Мислења
53
Поени од реакции
5
За вакви „рачни“ процедури ако веќе неможеш да испрограмираш макротоа да го направи, пробај со Excel. Направи ги сите колони од базата и внесувај го во Excel. Колоната со баркодови со помош на бројач е лесно да ја направиш таму и после само ископирај ги.
Инаку може да пробаш ако користиш форма да направиш модул кој ќе го зема последниот баркод, стрингот да го преработиш во бројка (да отстраниш C) да го зголемиш и пак да му залепиш C, па добиената вредност да ја доделиш на полето за баркод.
Трета варијана за да направиш свој индекс е да направиш помошна колона (аутонамбер) и при снимање, односно по снимање на записот со функција да го дефинираш вистинскиот бар код со лепење на стрингот и бројката. Но ова може да е и зафркнато ако бришеш редови ... бројката ќе рипа па ќе имаш дупки.
Со среќа :)
1. Внесувањето на податоците е real time, нема време за толку копирање, така да со овој начин (ако е изводлив) нема да добијам на време.
2. Значи ќе ти дообјаснам, немам последен баркод, се работи за баркодови на кутии од тутун.
Е сега производители на тутун ги носат тие кутии и на секоја од нив има баркод и таа се мери и се одредува класа итн. Тој прозводител да кажеме има 5 кутии. Тие 5 кутии имаат баркодови подредени (1.Ц2201010-2.ц2201011-3.ц2201012-4.ц2201013-5.ц2201014). Кога се донесат тие кутии веднаш се внесуваат во базата. Но не само од тој производител туку од многу други. Вториот што ќе биде на ред да се додаде во базата веројатно нема да има баркод следовен на последниот од првиот производител. Така да во никој случај јас немам последен баркод за да правам калкулации со него. Овде сам се негирам и се прашувам зошто воопшто така го поставив прашањето кога сега сам велам дека нема такво решение :facepalm: :)
3. Третата варијанта не е изводлива

Единствено решение кое има смисла, а не знам како да го изведам, е да доделам опсег на баркодовите.
Пр: ако има 5 кутии му дадам опсег од ц2201010 до ц 2201014 и редовите автоматски да се создадат и пополнат со баркодовите, но немам поим како да го изведам тоа.

Ако имаш идеја на таков начин дали може да изведам нешто помагај.
Во секој случај благодарам за обидот да ми помогнеш :)
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Нема поента да резервираш опсег кога за секој производ со бар кодот треба да внесеш и други информации. Додади едно поле на формата, за внесување на бројка. Во него внеси ја бројката од првата кутија. Додади функција ако полето не е празно во полето за баркод да ги залепи ц и бројката и функција по промена на полето да го направи истото. По снимање на рекордот, односно отворање на празна форма зголеми ја бројката за 1 и така во круг. Ако ти дојде следен добавувач, рачно ќе ја смениш почетната бројка.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
Ме интересира како моделирате хиерархии / таксономии во релациска база на податоци. Класичниот пристап би бил со табела која изгледа вака:
id | category_name | parent_id,
меѓутоа овој начин има сериозни (за кого како) недостатоци. Дали некој го има користено моделот Nested Sets па да каже колку се исплати сложеноста што доаѓа со тој модел.
 
Член од
29 мај 2012
Мислења
18
Поени од реакции
1
Значи другари ми треба некој што ги разбира работите за утре ми е оваа вежба,евентуално до задутре,слабо ми оди за база на податоци,да не должам многу.
Ми треба некој да ми ја изработи следнава вежба:

Од дадените поими:
I табела Корисник .........II Табела Филмови ..............III Табела Зајмување
ИД Ученик ......................Ид Филм ..............................ИД Зајмување
Име.................................. Наслов на филмот............. Број на членска карта
Презиме........................... Режисер ..............................Датум на зајмување
Адреса.............................. Жанр ...................................Датум на враќање
Тел..................................... Количина............................. Цена
Е-мајл
Број на членска карта

креирајте табели во програмата Open Office.org Base така што поимите со црвена боја поставете ги да бидат наслови на табелите.
1.Поставете примарни клучеви за секоја од табелите од задачата
2.Креирајте форми за секоја од табелите:Корисник,Филмови и Зајмување.
3.Пополнете ја табелата Корисник од задачата со податоци за петмина корисници.Тоа нека бидат податоци од било кои лица.Треба да бидат сите полиња од табелата потполнети
4.Креирајте извештај за задача 15
5.Поврзете ги табелите што ги креиравте.
6.Направете одделна форма за секоја од табелите од задачата.

Ви се молам некој да ми помогне бидејќи ми е многу важно
 

Брзии

Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!
Член од
15 јануари 2012
Мислења
1.026
Поени од реакции
481
Можам во Word да ти ја направам ако сакаш...
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
598
Поени од реакции
145
што е битно кај ќе се напрваи ова,букви се ,исто ќе биде.
 

Makaveli_Gunner

The_Motherfucker*
Член од
4 февруари 2011
Мислења
647
Поени од реакции
274
Сакам да прашам дали некој има готова семинарска или проект за бази на податоци во MySQL server и да би ја споделил или продал очајно ми треба за на факултет
 
Член од
26 јуни 2006
Мислења
288
Поени од реакции
24
Работам со SQL Server 2012 и сакам да ги внесувам податоците со македонска подршка меѓутоа ми ги дава како прашалници во некој глуп формат. Македонски фонт не можам да најдам во Option->Tools...Има ли некој начин да се инсталира македонски фонт или било какво решение што е ми го реши проблемот?
 

SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Работам со SQL Server 2012 и сакам да ги внесувам податоците со македонска подршка меѓутоа ми ги дава како прашалници во некој глуп формат. Македонски фонт не можам да најдам во Option->Tools...Има ли некој начин да се инсталира македонски фонт или било какво решение што е ми го реши проблемот?
Барај encoding во сетинзите, и намести UTF-8. Може ќе треба да ја ре-креираш базата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom