Помош форумџии!

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Другар, по сите од Ѓорче што ги знам ги пратив сликиве, никој не го препознава, значи не е локален тоа 100%. Ама како што кажаа, милијарда посто на овој не му е ова прво дело и познат е на полицијата, само толку се замараат да го фатат, кладиона е битно.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Си ги знаат џандарите лоповите, тоа е се поврзано кај нас. Ќе ги почастиш еднаш месечно и ќе си продожиш стара песна.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Значи ако не можат со сликиве да го најдат, моментално нека се полијат со бензин.

Како тоа не му ја прифатиле??
Одбиле да ја гледаат?????????
Да, инспекторот му рекол дека не ги уважуваат како доказ. Може да „местиш“ некого, бла бла....затоа викам џандарски муабети. Ако добро се сеќавам, воопшто не му го земаа фајлот.
И тој глуп искочи - у стан на приземје, не му се ставале решетки, со камерче ќе решава...
Да не одам оф-топик многу, камериве и плаќање обезбедување се фрлени пари за џабе. За провала, само решетки и станот, куќата да ти личи на затвор, а вака за џепчии - отварање очи - штом оваа бременава глупача тргнала по ташни у два саат сред бел ден, што да се каже повеќе.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.023
Поени од реакции
949
Другар, по сите од Ѓорче што ги знам ги пратив сликиве, никој не го препознава, значи не е локален тоа 100%. Ама како што кажаа, милијарда посто на овој не му е ова прво дело и познат е на полицијата, само толку се замараат да го фатат, кладиона е битно.
Во секој случај ти благодарам, голема е веројатноста да се излезени од салонот а мебел, во близина, неможам да поврзам каде би оделе на друго место таму.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Мене овој ми изгледа на неискусен случаен минувач кој најмалку десет пати се предомислил дали да ја украде или не. :D
Извршува кражба на место каде има поставено камери. Оние поискусните локални крадци кои сите ги знаат обично крадат директно од рака, кога се движиш по тесни неосветлени улици, кога си во гужва и во влезови од згради.

Којзнае во кое ѓубре ја фрлил, сигурно по една недела не ја чува кај него.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Прати ги сликиве и во Като во Бугарија.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Мене овој ми изгледа на неискусен случаен минувач кој најмалку десет пати се предомислил дали да ја украде или не. :D
Извршува кражба на место каде има поставено камери. Оние поискусните локални крадци кои сите ги знаат обично крадат директно од рака, кога се движиш по тесни неосветлени улици, кога си во гужва и во влезови од згради.

Којзнае во кое ѓубре ја фрлил, сигурно по една недела не ја чува кај него.
Слаткарницата е на човек од албанска националност ама поштуван во населбава, кога има бунтови само неговиот објект е недемолиран. Ваљда мислел дека нема да им ги даде снимките а и камерата му е малце подзабутана.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.807
Поени од реакции
15.728
Update-ирај ја темава, што ќе биде исходот. Многу ме интересира кој е овој лоповски профил на ликови. Најмалку би очекувал од вакви да ме ограбат, ама ете, секој ден нешто ново учиме. Штета што ти на твоја кожа искуси.
Да не те обесхрабрувам, на еден пријател му влегоа дома, има камера на сензор на движење, ама не му ја прифатија снимката, иако на снимката се препознаваа физиономии. Чудни се патиштата џандарски..
сликите вредат да се најде крадениот предмет кај сликаниот и тој да биде доказ... инаку ништо... не е жандарска туку правноУставна работа..., со уставот е гарантирано правото на крадење:mad:, не е исто ЕУ и УСА кривосудство....
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.595
Поени од реакции
34.790
... ме замисливте, а нема што не носам со себе во ташна! :facepalm:
и како заврши овој немил настан нема фидбек?
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.023
Поени од реакции
949
Ја вратија, некој го видел постот на фб, го предупредил и побрзал да ја донесе, пред да го пријави некој.
Благодарам за интересот
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.595
Поени од реакции
34.790
Ја вратија, некој го видел постот на фб, го предупредил и побрзал да ја донесе, пред да го пријави некој.
Благодарам за интересот
:aplauz: да живеее ФБ_укот! :roker:
Женаму на овој крадецот не ми изгледа за бремена,
1574013793001.png

... и тоа колку е низок стомакот и се гледа под блуза додаток... не ми се верува, дека е можно таква работа сред бел ден, а јас секогаш ташната ја ставам на друго столче и никогаш не се посомневав дека и кај нас вака е можно како на филм, тууу!

1574013707834.png

убаво е темава да се искористи за споделување на вакви искуства, со совети и помош!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom