Помош со префрлување во друго средно училиште (многу глуп закон)

Член од
4 декември 2019
Мислења
2
Поени од реакции
0
Трета година сум во економско училиште и сакам да се префрлам во техничко. Знам дека е малку касно ама законски е дозволено.
Е сега проблемот е во тоа што јас треба да полагам 7 испити по стручни предмети од прва и втора година, + практична настава, вкупно 8, а законски во 1 месец смее да се полагаат само 3 испити и што е најлошо законски овие сите испити мора да бидат положени до 1 ЈАНУАРИ 2020 година. Разговарав со директорот во училиштето и тој ме упати
да одам во инспекторатот надлежен за овие работи и да поддадам молба рокот да ми биде продолжен барем до Февруари за да можам успешно во 3 месеци да положам 8 испити а меѓувреме да посетувам редовна настава во техничкото училиште. Тие секако ме одбија и ми дадоја правилник од законот дека тоа би било тежок прекршај на законот, кој во нашата земја се крши на дневно ниво ама ајде...

Тие ми дадоја вонредна опција, но со тоа го губам профилот на редовен ученик и 3та година воопшто нема да ми се рачуна што нема шанса да прифатам, и плус треба да се отепам од пари давање што е невозможно за мене.

Е единствениот начин кој ми преостана и по кој најверојатно ќе се упатам е да си завршам трета година во економско, и само што ќе завршам, одма во Јуни 2020 да почнам да полагам испитите во техничко и до септември се да завршам, за на крајот да почнам од 1 септември 4та година како редовен ученик во техничкото училиште.

Е сега што е вашиот совет, што би ми препорачале? Дали да пробам да апелирам до некој од надлежнивe да ми се продолжи рокот до февруари (а меѓувреме јас да си посетувам редовна настава во новото училиште) што искрено ништо не му менува на никого само што мене ќе ми направат огромна услуга, или да си завршам 3та фино лепо и од летото боже здравје да почнам да полагам за 4та?
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Велиш дека за вонредно ќе се отепаш давајќи пари.
Ако сакаш да апелираш кај неккој од надлежните да оди против законот, уште повеќе мораш да дадеш.
Годинава си задоцнил, за другата размисли си и стартувај на време.
 
Член од
4 декември 2019
Мислења
2
Поени од реакции
0
Велиш дека за вонредно ќе се отепаш давајќи пари.
Ако сакаш да апелираш кај неккој од надлежните да оди против законот, уште повеќе мораш да дадеш.
Годинава си задоцнил, за другата размисли си и стартувај на време.
Да ама вонредно ќе се отепам од пари давање и пак нема да ја постигнам целта а тоа е да влезам во 3та година како редовен ученик, дури и полошо, ќе ми се изгуби профилот на редовен ученик и ќе останам со таквото враце...

А вака ако апелирам до надлежните, е за продолжување на рокот барем уште 2 месеци а меѓувреме да посетувам редовна настава во 3та година во новото училиште.
Но во секој случај невозможно е, се разбираме, само сакав да потенцирам дека за различна песна пари фрлаш во случајов. :D
 

mr wednesday

We're soldiers. Soldiers don't go to hell.
Член од
24 јуни 2017
Мислења
1.649
Поени од реакции
7.997
А што ќе ти смени толку ? Пошо реално средно школо е .. не вреди да се замараш толку, а и веќе си изгурал 3 години во економското. Мој совет не вреди, искулирај си таму уште овие две години после замарањето фокусирај си го на факс. :)
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.361
Поени од реакции
19.918
Исто мислење како членот над мене. Си дошол до 3та година и сега ќе менуваш школо. Ептен ако не планираш да одиш на факултет па ајде да речеме има смисла идејава - сакаш да научиш/да имаш диплома за некој занает или што ти знам. Но кога си се фатил за орото, доиграј го, тебе ти текнало речиси на крај да се пишманиш.

Ако ептен сакаш да се префрлиш тогаш мислам дека втората опција да се префрлиш летото е подобра.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.808
Поени од реакции
15.732
Ова не е ништо... глупости имаше на нормални работи...знам на времето, тие што завршуваа 3 годишно железарско среднотехничко, за упис на Машински факултет мораа да полагаат Приемни испити не само по математика, туку и по Физика, Хемија ама и Термодинамика и плус други работи, а за кој во гимназите блага врска си немаа а се запишуваа без приемен ... но таков е законот, јас не сум го прраел, ќе ти каже надлежниот...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom